Гернзи
Гернзи, полн назив: Бејлифство Гернзи (англиски: Bailiwick of Guernsey, француски: Bailliage de Guernesey; гернзиски: Bailliage dé Guernési) — британски крунски посед во протокот Ламанш, меѓу Франција и Англија. Заедно со Џерси ја сочинува групата на Каналските Острови.
Бејлифство Гернзи Bailiwick of Guernsey bailliage de Guernesey |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: „Боже, чувај го Кралот“ „Драга Сарнијо“ |
||||||
Главен град | Сент Питер Порт 49°27′N 2°33′W / 49.450° СГШ; 2.550° ЗГД | |||||
Службен јазик | ||||||
Признаени регионални јазици | ||||||
Народности | северноевропејци (претежно) | |||||
Уредување | британски крунски посед | |||||
• | Намесен управник | Питер Вокер | ||||
• | Главен министер | Џонатан Ле Ток | ||||
Британски крунски посед | ||||||
• | Управно одвојување од Нормандија | 1204 |
||||
• | Ослободување од Третиот Рајх |
9 мај 1945 |
||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 78 км2 (223) | ||||
• | Вода (%) | 0 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2012 г. | 65.345 (206) | ||||
• | Густина | 837,8 жит/км2 (14) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2003 г. | |||||
• | Вкупен | $2,1 млј (176.) | ||||
• | По жител | £33.123 (10) | ||||
ИЧР (2008) | 0.975[1] многу висок · 9 |
|||||
Валута | гернзиска фунта, британска фунта (GP, GBP ) |
|||||
Часовен појас | GMT | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC+1) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .gg | |||||
Повик. бр. | +44 |
Гернзи не е дел ниту од Обединетото Кралство и Европската унија, туку под суверено владение на британската круна, застапувана од намесниот управник. Со Гернзи непосредно раководи „бејлиф“ (bailiff), кој претседава со собранието и судот. Историски ова е звање на средновековен велможа во Франција.
Покрај самиот остров Гернзи, бејлифството ги опфаќа и околните острови Олдерни, Сарк, Херм, како и ненаселените острови: Бреку, Беру, Ортак, Каскетс, Жету, Лиу, Кревишон и Уме. Вкупното население на островите брои 65.345 жители (2012).[2]
Историја
уредиПо подигањето на копното, островот Гернзи се одвоило од полуостровот и континентална Европа околу 6000 г. пр. н. е..[3] Во овој неолитски период на островот се доселиле луѓе долмени (камени куќи). За време на преселбата во Бретања, Бритите го населиле островот Ленур (старото име на Каналските Острови), вклучувајќи ја Сарнија или Лисија (старото име на Гернзи) и Ангија (Џерси). Порано се сметало дека стариот назив за Гернзи е Сарнија, но современите истражувања утврдиле дека тоа е латинското име за соседниот остров Сарк. Христијанството на острово го донел Свети Сампсон, кој дошол од кралството Гвент.
Острoвот го освоиле Норманите 933 г. Во 1066 г. војводата Гијом (подоцна наречен Вилијам Освојувачот) извршил инвазија на Англија, станувајќи нејзин крал. Од 1204 г. со губитокот на англиската власт врз копнена Нормандија, Каналските Острови стануваат посебен дел во сопственост на круната. Традиционалната титула на англискиот монарх е „војвода од Нормандија“.
За време Англиската граѓанска војна, Гернзи прешол на страната на парламентот, додека Џерси останал верен на монархијата поради големиот број на калвинистички и и други реформаторски верници, као и поради одбивањето на Чарлс I да преземе мерки за ослободување на морнарите од островот затворени во Шпанија. Таа одлука не била едногласна, и поради тоа монархистите кренале неколку буни во југозападниот дел на островот, додека дворецот Корнет бил во сопственост на управникот Питер Озборн.
За време војната меѓу Франција и Шпанија во XVII и XVIII век, сопствениците и капетаните на бродовите од островот се занимавале со гусарство. Поради порастот на светската поморска трговија во XIX век, како и посратот на трговијата со камења, на островот добро се живеел. Вилијам ле Лашер ја започнал трговијата со кафе помеѓу Европе и Костарика.
За време на Првата светска војна во британската војска служеле околу 3.000 жители, додека пак во Втората светска војна островот се нашол под окупација на нацистичка Германија. Пред окупацијата, поголемиот дел од децата се евакуирани во Англија, и многу по војната не се вратиле во своите семејства. За време на окупацијата, еден дел од населението бил депортиран во логор во југозападна Германија. На островот Олдерни окупаторите направиле помал логор со присилна работна сила од источна Европа. Ова е воедно и единствениот логор на британска територија и затоа по војната е направен споменик во сеќавање на загинатите.
Географија
уредиОстровите Гернзи, Олдерни, Сарк, Херм и неколку помали острови зафаќаат површина од 78 км2 и имаат вкупен брег од 50 км. Самиот остров Гернзи зафаќа 63 км2 и се наоѓа 48 км западно од брегот на Нормандија во Франција и 121 км јужно од Вејмут во Дорсет, Англија. Целата група се наоѓа во протокот Ламанш. Највисоката точка во целата група е на островот Сарк (114 м), по што следи Гернзи (110 м), Олдерни (93 м), Жету (75,6 м) и Херм (98 м). Островот Гернзи се состои од две области: висорамнинскиот Висок Крај (Haut Pas), кој е порурален и послабо населен; и рамничарскиот и песоклив Низок Крај (Bas Pas), кој е понаселен и поразвиен.
Климата е умерена, со благи зими и умерени лета. Најтопли месеци се август и септември, кога температурата достигнува 26 °C, додека најстуден е февруари, кога знае да паѓа снег. Сепак, температурата ретко паѓа под нулата, иако понекогаш ладните арктички ветришта создаваат таква атмосфера. Кога Гернзи би бил дел од Обединетото Кралство, тогаш би бил најсончев дел од земјата.
Политика
уредиГернзи е крунски посед, што значи дека островите не се дел од Обединетото Кралство ниту од Европската унија, туку во непосредна подреденост на британската круна. Надворешните работи и одбраната се во надлежност на Обединетото Кралство.
На чело на Гернзи стои намесниот управник (Lieutenant Governor) кој го поставува монархот за свој претставник. Од 2011, на функцијата е Питер Вокер, поранешен маршал на воздухопловните сили.
Собранието (службен назив: the States of Deliberation) е составено од 45 пратеници избрани да служат во период од четири години. Од Олдерни се бираат двајца пратеници, бидејќи островот е самоуправно бејлифство. Во собранието членуваат и јавниот обвинител (Attorney General) и јавниот правозастапник (Solicitor General), кои не се бираат, туку ги назначува монархот.
Гернзи се дели на 10 парохии. Со секоја од нив упарвува „дозејн“ (douzaine), кој се бира на парохиски собир на секои шест години од страна на парохјаните. Дозејнот бира двајца полициски началници (Constables) на период од една до три години.
Бр. | Парохија | Население (2001) |
Површина (км2) |
---|---|---|---|
1 | Вејл | 9.573 | 8,8 |
2 | Кастел | 8.975 | 10.1 |
3 | Сент Ендру | 2.409 | 4,4 |
4 | Сент Мартин | 6.267 | 7,3 |
5 | Сент Питер Порт | 16.488 | 6,5 |
6 | Сент Питерс | 2.188 | 6,2 |
7 | Сент Сампсон | 8.592 | 6,0 |
8 | Сент Сејвиор | 2.696 | 6,2 |
9 | Тортвал | 973 | 3,1 |
10 | Форест | 1.549 | 4,2 |
Население
уредиНаселението на островот во 2012 г. броело 65.345 жители. Составено е од потомци на Британците, Нормандските Французи и Португалците. Најзастапена вероисповед е англиканството методизмот, а поумерено римокатолицизмот, презвитеријанството и баптизмот.
Англискиот е единствениот јазик што го говори најголемиот дел од населението, додека гернзискиот дијалект на нормандскиот јазик, течно го говори околу 2% од населението (2001). Сепак, 14% од жителите имаат основни познавања од јазикот, кој се предава во училиштата. До почетокот на XX век, францускиот бил единствен службен јазик, што денес може да се види по имињата на населените места и жителите. Португалскиот исто така се изучува во неколку училишта се говори од 2% од островјаните.
Престој
уредиКрунските поседи се дел од граничните контроли на Обединетото Кралство, но Гернзи по уставу има право на извесни ограничувања за доселеници, као и за контрола на своите граница.
Пазарот на недвижности е поделен на два дела: месен и отворен. Секој има право да живее на имот од отворениот пазар, но месните недвижности можат да ги населуваат само оние што исполнуваат одредени услови — да се родени на Гернзи, да имаат добиено дозвола, или да ја делат сопственоста со некој што има дозвола. ДОзволите се издаваат на определено време и важат додека лицето е во работен однос кај работодавач од островот. Ова ограничување важи без оглед на тоа дали имотот е купен или се изнајмува, т.е. се однесува само на лицето што живее на тој имот. Сопственоста останува и по истекот на дозволата, но лицето го губи правото да живее на имотот. Правата на престој може да ги изгуби и лице кое предолго живее во странство, дури и ако е родено на островот и долго живееле на него.
Иако жителите на Гернзи се полноправни британски државјани, постојат извесни ограничувања во другите земји од ЕУ. Жителите на Каналските Острови и островот Ман не се државјани на Европската унија, туку жители на нејзина специјална територија. Ова не важи за лица што живеат во Обединетото Кралство подолго од пет години или имаат барем еден што е роден таму.
Стопанство
уредиГлавна стопанска гранка се финансиските услуги како што се банкарството и осигурувањето, чиј удел изнесува 55% од малото островско стопанство. Сè помало влијание во стопанството имаат туризмот, производството и градинарството (претежно домати и цвеќе). Благодарејќи на ниските даноци и отсуството на царини, Гернзи е популарен офшорен финансиски центар. Сепак, новите членки на ЕУ го тераат Гернзи да се прилагоди на меѓународна конкуренција, а од своја страна, Гернзи го менува даночниот систем да ја задржи својата конкурентност.
Гернзи издава свои ковани и хартиени пари. Гернзиската фунта има иста вредност како британската. Џерсиската фунта и банкнотите на британската се во слободна циркулација и се примаат насекаде.
Јавните услуги како водостопанството, канализацијата и двете главни пристаништа се во државна сопственост. Поштата (Guernsey Post Limited) и електростопанството (Guernsey Electricity Limited) се целосно во државна сопственост, но настапуваат како независни претпријатија. Со гасоводот стопанисува приватно претпријатие. Говорниците и поштенските сандачиња изгледаат исто како оние во Британија, но се обоени сино место црвено.
Култура
уредиГернзи е познато како место каде што Виктор Иго во прогонство ги напишал неговите најубави. Живеел во вилата „Отвил“ во Сент Питер Порт, која денес е музеј под управа на градот Париз. Во 1866 г. го издал романот „Морепловци“ {Travailleurs de la Mer} посветен на Гернзи и чие дејство се случува на островот. Почнувајќи од 2012 г. на островот секоја втора година се одржува Меѓународниот музички фестивал „Виктор Иго“', со претежно класична и вокална музика.[4]
Еден од најпознатите мештани е и Џерал Бејзил Едвардс, кој напишал роман во кој, покрај останатото, е прикажан животот на Гернзи во на XX век.
Национално животно е магарето и гернзиската крава. Според старите преданија, магарињата носеле тобар по стрмните улици на Сент Питер Порт (за разлика од рамничарскиот град Стент Хелиер на Џерси), но магарето ја симболизира и тврдоглавноста на мештаните. Гернзиската крава је препознатлив симбол на островот. Мештаните традиционално се нарекуваат по прекарот „магариња“ (ânes), особено од страна на жителите на соседниот остров Џерси, кои пак гернзијците ги нарекуваат „жаби“. Жителите на извесни парохии исто така имаат свои прекари, но истите во највеќето случаи се заборавени од англојазичното население.
Спорт
уредиГернзи учествува самостојно во Комонвелтските и Островските игри, чиј домаќин бил во 2003 г. Во спортските настапи, Гернзи не е меѓународно признаен, туку неговите спортисти се натпреваруваат во рамките на британската репрезентација. Во натпреварите каде Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска настапуваат посебно, гернзиските спортисти имаат право самите да изберат во која репрезентација ќе учествуваат. Традиционалната спортска боја е зелена.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Filling Gaps in the Human Development Index, United Nations ESCAP, февруари 2009
- ↑ Годишен билтен за населението на Гернзи за 2012 г. — Собрание на Гернзи (англиски)
- ↑ "La Cotte Cave, St Brelade" Архивирано на 23 март 2008 г. Société Jersiaise.
- ↑ „"Victor Hugo Festival"“. Архивирано од изворникот на 2015-05-10. Посетено на 2015-04-17.
Надворешни врски
уреди„Гернзи“ на Ризницата ? |
Википатување има туристички водич за Гернзи. |
- Собрание на Гернзи (англиски)
- Туристички портал на Гернзи Архивирано на 4 август 2006 г. (англиски) (француски) (германски)
- „Ова е Гернзи“ — месен новински портал (англиски)
- Библиотека (англиски)
- Месен пребарувач Архивирано на 8 август 2006 г. (англиски)