Англофризиски јазици
Англофризиските јазици (наречени и Островски германски јазици) е група северноморски западногермански јазици која се состои од староанглискиот, старофризискиот јазик, и нивните денешни потомци. Семејната лоза на англофризиските јазици е следнава:
- Англофризиски
Англофризиски | |
---|---|
островски германски | |
Географска распространетост: | Изворно во Велика Британија, Ирска и северноморското крајбрежје од Фризија до Јитланд; денес ширум светот |
Класификација: | индоевропски
|
Гранки: |
Англофризиските јазици се разликуваат од останатите западногермански јазици делумно по „северноморската носна струјна согласка“, „англофризиското осветлување“ и палатализацијата на прагерманското *k во преднојазична слеана согласка пред предните самогласки: спор. англиското cheese и западнофризиското tsiis со холандското kaas и германското Käse, или пак англиското church и западнофризиското tsjerke со холандското kerk и германското Kirche. Првобитните англофризиски говори образувале јазичен сојуз со старосаксонскиот, кој се вбројува во групата на долносаксонско-долнофранконски јазици.
Германскиот јазичар Фридрих Маурер го отфрла англофризиското групирање како историски правилна целина, и наместо него предлага друга група наречена северноморски германски јазици (или „ингвагеонски“), како заеднички предок на старофризискиот, староанглискиот и старосаксонскиот јазик.
Примери
уредиЕве една споредба на називите на броевите од 1 до 10 на разни англофризиски јазици.
|