ISO 639-2
ISO 639-2:1998, „Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 2: Алфа-3 код“, е вториот дел од ISO 639 стандардот, кој пропишува кодови за претставување на имињата на јазиците. Во овој дел од стандардот се дадени трибуквени кратенки наречени „Алфа-3“ кодови. Списокот на ISO 639-2 кодови има 464 записи (јазици).
Регистарската служба задолжена за ISO 639-2 (наречено ISO 639-2/RA) Библиотека на конгресот. Како надлежен орган, библиотеката прима и разгледува предложени измени; установата е претставена и во Здружената советодавна комисија за ISO 639-RA која е одговорна за кодните табели на ISO 639.
На ISO 639-2 стандардот почнало да се работи во 1989, од причина што ISO 639-1 стандардот со двобуквени кратенки немал капацитет за сите јазици. ISO 639-2 стандардот е објавен за првпат во 1998.
B и T кодови
уредиДодека стандардот задава само по еден код за највеќето јазици, дваесет имаат по два трибуквени кода - „библиографски“ код (ISO 639-2/B), кој е изведен од англискиот назив за јазикот, и „терминолошки“ код (ISO 639-2/T), кој е изведен од изворното име на јазикот. Овие дваесет јазици се присутни и во ISO 639-1 стандардот. (Постојат 22 B кода; scc и scr се исфрлени.)
Најпретпочитани се кодовите со T; ISO 639-3 користи ISO 639-2/T. Меѓутоа ISO 15924, кога е можно, ги изведува кодовите од ISO 639-2/B.
Опфат и типови
уредиОпфат:
- Поединечни јазици
- Макројазици
- Збирки од јазици
- Дијалекти
- Резервирани за локална употреба
- Специјални ситуации
Типови (за поединечни јазици):
- Живи јазици
- Изумрени јазици
- Древни јазици
- Историски јазици
- Вештачки јазици
Специјални ситуации
уредиПостојат и кодови за специјални ситуации:
- mis „јазици без код“
- mul (за повеќе јазици) се применува кога се користат неколку јазици и не е практично да се наведуваат сите јазични кодови
- Интервалот од qaa до qtz е резервиран и не се користат во стандардот
- und (неопределено) се користи во ситуации каде што мора да се посочи јазик, но не може да се дознае конкретниот јазик.
- zxx „без лингвистичка содржина“ (додадено 11 јануари 2006)
Збирни јазични кодови
уредиНекои ISO 639-2 кодови не претставуваат поединечен јазик, туку збир од сродни јазици (како макројазиците погоре). Овие се сметаат за збирни јазични кодови и не спаѓаат во ISO 639-3. За толкување на збирните јазици и макројазиците, погледајте ја оваа страница Архивирано на 8 февруари 2013 г..
Подолу се наведени збирните јазични кодови според ISO 639-2.
Следниве два кода (досега) не се утврдени како збирни кодови во ISO 639-2 (и ISO 639-5), но како такви ги смета регистарот на ISO 639-3:
- bih Бихарски (со ISO 639-1 код bh)
- him Химачалски јазици
Ова се кодовите регистрирани за 639-2 кои се заведени како збирни кодови во ISO 639-5 (и збирни кодови по име во ISO 639-2):
- afa Афроазиски јазици
- alg Алгонкински јазици
- apa Апачки јазици
- art Вештачки јазици
- ath Атабаскански јазици
- aus Австралиски јазици
- bad Бандански јазици
- bai Бамилечки јазици
- bat Балтички јазици
- ber Берберски јазици
- bnt Банту-јазици
- btk Батачки јазици
- cai Мезоамерикански јазици
- cau Кавкаски јазици
- cel Келтски јазици
- cmc Чамски јазици
- cpe креоли и пиџини, на англиска основа
- cpf креоли и пиџини, на француска основа
- cpp креоли и пиџини, на португалска основа
- crp креоли и пиџини
- cus Кушитски јазици
- day Земјодајачки јазици
- dra Дравидски јазици
- fiu Угрофински јазици
- gem Германски јазици
- ijo Иџо-јазици
- inc Индски јазици
- ine Индоевропски јазици
- ira Ирански јазици
- iro Ирокески јазици
- kar Каренски јазици
- khi Којсански јазици
- kro Кру-јазици
- map Австронезиски јазици
- mkh Мон-кмерски јазици
- mno Манобоански јазици
- mun Мундански јазици
- myn Мајански јазици
- nah Наватлски јазици
- nai Северноамерикански индијански јазици
- nic Нигер-кородофански јазици
- nub Нубиски јазици
- oto Отомиски јазици
- paa Папуански јазици
- phi Филипински јазици
- pra Пракритски јазици
- roa Романски јазици
- sai Јужноамерикански индијански јазици
- sal Салишки јазици
- sem Семитски јазици
- sgn Јазици за глувонеми
- sio Сиуански јазици
- sit Синотибетски јазици
- sla Словенски јазици
- smi Лапонски јазици
- son Сонгајски јазици
- ssa Нилосахарски јазици
- tai Тајски јазици
- tup Туписки јазици
- tut Алтајски јазици
- wak Вакашки јазици
- wen Лужичкосрпски јазици
- ypk Јупички јазици
- znd Занде-јазици
Специјални кодови по ISO 639-2:
- und неопределено (јазик)
- mis јазик без код
- mul повеќе јазици
- zxx без лингвистичка содржина, неприменливо
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Службена страница на ISO 639-2/RA (англиски)
- Известување за промената на ISO 639-2/RA (англиски)
- Подробности на страницата на Библиотеката на конгресот (англиски)