Свиена приближна согласка

Свиената приближна согласка (ретрофлексен апроксимант) е согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɻ ⟩, а X-SAMPA користи r\`. Симболот на МФА е превртена буква r со надесно опавче што излегува од долниот десен дел на буквата.

Свиена приближна согласка
ɻ
МФА-бр.152
Шифрирање
Единица (дек.)ɻ
Уникод (хекс.)U+027B
X-SAMPAr\`
Киршенбаумr.

 

Особености уреди

Свиената приближна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
  • Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.

Јазици уреди

Оваа согласка се јавува во американскиот англиски („американско р“), мандаринскиот, паштунскиот, извесни јазици во Индија како тамилскиот и малајалскиот, како и неколку австралиски и јужноамерикански индијански јазици.

Јазик Збор МФА Значење Белешки
англиски американски наречја red [ɻʷɛd] 'црвен'
арандски [се бара пример]
ениндиљагва angwura [aŋwuɻa] 'оган'
јагански rho [ˈwaɻo] 'пештера'
кинески мандарински ròu [ɻou̯˥˩] 'месо' Може да биде и звучната свиена струјна согласка ([ʐ]).
малајалски വഴി [ʋɐɻi] 'пат'
мапучки rúka [ˈɻuka] 'куќа'
паштунски سوړ‎ [soɻ ] 'студен' Алофон на свиената странична едноударна согласка ([ɺ̢ ]).
пиѓанѓаѓарски Uluu [ʊlʊɻʊ] 'Улуру'
тамилски[1] வழி [ʋɐɻi] 'пат'

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Keane (2004:111)

Библиографија уреди

  • Keane, Elinor (2004), „Tamil“, Journal of the International Phonetic Association, 34 (1): 111–116, doi:10.1017/S0025100304001549


Табела на белодробни согласки по МФА  аудио
По место → Уснени Преднојазични Среднојазични Заднојазични Гласилни
↓ По начин Дво​уснени Уснено-​забни Заб​ни Венеч​ни Задно-​венеч. Свие​ни Предно-​непчени Задно​непчени Ресич​ни Голтни​чки Надгла​сил​ни Гласил​ни
Носни m ɱ n ɳ ɲ̥ ɲ ŋ̊ ŋ ɴ
Избувни p b t d ʈ ɖ c ɟ k ɡ q ɢ ʡ ʔ
Струјни ɸ β f v θ ð s z ʃ ʒ ʂ ʐ ç ʝ x ɣ χ ʁ ħ ʕ ʜ ʢ h ɦ
Приближни ʋ ɹ ɻ j ɰ
Трепетни ʙ r ɽ͡r ʀ я *
Едноударни ⱱ̟ ɾ ɽ ɢ̆ ʡ̯
Стран. струј. ɬ ɮ ɭ˔̊ ʎ̥˔ ʎ˔ ʟ̝̊ ʟ̝
Стран. прибл. l ɭ ʎ ʟ
Стран. едноуд. ɺ ɺ̠ ʎ̯
Небелодробни согласки
Чкрапави ʘ ǀ ǃ ǂ ǁ
ʘ̃ ʘ̃ˀ ʘ͡q ʘ͡qʼ
Уфрлени ɓ ɗ ʄ ɠ ʛ
Исфрлени ʈʼ
θʼ ɬʼ χʼ
tsʼ tɬʼ cʎ̝̥ʼ tʃʼ ʈʂʼ kxʼ kʟ̝̊ʼ
Слеани согласки
p̪f b̪v ts dz ʈʂ ɖʐ
ɟʝ cʎ̥˔ ɟʎ˔ kʟ̝̊ ɡʟ̝
Сложени согласки
Незаградни ʍ w ɥ ɧ
Заградни k͡p ɡ͡b ŋ͡m
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош]
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка.
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби.
* Симболот го нема во МФА.