Избувна согласка
Избувна согласка (преградна согласка, плозив, експлозив)[1][2] е согласка каде се затвора гласниот провод, со што престанува текот на воздухот, за потоа да „избувне“ при творбата. Затворањето може да го врши јазикот (рамниот дел: [t], [d] или основата: [k], [ɡ]), уснените ([b], [p]) или гласилката ([ʔ]). Се разликуваат од носните согласки, каде звучниот провод се затвора, но воздухот продолжува да излегува низ носот (на пр. m и n, како и со струјните согласки, каде делумното затворање го отежнува, но не го запира воздушниот тек во гласниот провод.
Начини на творба |
---|
Препречни |
Избувни |
Слеани |
Струјни |
Шушкави |
Гласници |
Носни |
Едноударни |
Приближни |
Течни |
Самогласка |
Полусамогласка |
Странични |
Трепетни |
Механизам |
Белодробни |
Исфрлени |
Уфрлени |
Чрапави |
Алитерација |
Асонанца |
Поврзано: Место на творба |
Оваа страница содржи фонетски информации изразени со МФА, кои може да не се прикажат исправно кај некои прелистувачи. [Помош] |
уреди |
Застапеност во јазиците
уредиСите јазици во светот имаат избувни согласки,[3] и во највеќето од нив се присутни барем безвучните [p], [t] и [k], но постојат исклучоци: во разговорниот самоански отсуствува преднојазичната согласка [t], а неколку северноамерикански јазици како ирокеските ја немаат уснената согаска [p]. Од сите безвучните избувни согласки во светот, уснената е најнестабилна, што може да се забележи од неусловената гласовна промена [p] → [f] (→ [h] → Ø) што се има случено во разни несродни јазици низ историјата како што се (класичниот јапонски, класичниот арапски и пракелтскиот јазик. Формалниот самоански содржи само еден збор со заднонепчената согласка [k], додека разговорниот самоански ги поистоветува /t/ и /k/ како /k/. Нихауанското наречје на хавајскиот јазик има [t] на местото на /k/ во поголема мера од литературниот хавајски, но обата не разликуваат /k/ од /t/. Поточно кажано, самоанскиот и хавајскиот ги имаат двете самогласки, но не ги разликуваат.
Македонски
уредиВо македонскиот јазик се присутни избувните гласови п, б, т, д, ќ, ѓ, к и г.
Творба
уредиПри творбата на избувниот глас разликуваме три фази:
- Прекин: дишниот провод се затвора, и воздухот нема каде да оди.
- Задршка (оклузија): дишниот провод се држи затворен, што предизвикува мала разлика во притисокот.
- Испуст (избув): пороводот се отвора и воздухот излегува наеднаш, во облик на звук (глас). Ова се нарекува „избувнување“.
Во многу јазици како малајскиот и виетнамскиот, ваквите согласки на крајот од зборот немаат избув (дури и кога им следи самогласка) или имаат носен испуст.
Кај слеаните согласки, прекинот и задршката се од избувен вид, но испустот е како на струјна согласка. Ова значи дека слеаните согласки претставуваат избувно-струјни контури.
Примери
уредиВо Меѓународната фонетска азбука (МФА) се претставени следниве избувни согласки.
|
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кепески, Круме (1990). Граматика на македонскиот литературен јазик (X. изд.). Скопје: Просветно Дело. стр. 61.
- ↑ Кепески ја нарекува „избувлива“ согласка.
- ↑ König, W. (ed) dtv Atlas zur deutschen Sprache dtv 1994
- Ladefoged, Peter; Maddieson, Ian (1996). The Sounds of the World's Languages. Oxford: Blackwell. ISBN 978-0-631-19815-4.
- Ian Maddieson, Patterns of Sounds, Cambridge University Press, 1984. ISBN 0-521-26536-3
Табела на белодробни согласки по МФА аудио
| ||||||||||||||||||||||||
По место → | Уснени | Преднојазични | Среднојазични | Заднојазични | Гласилни | |||||||||||||||||||
↓ По начин | Двоуснени | Уснено-забни | Забни | Венечни | Задно-венеч. | Свиени | Предно-непчени | Заднонепчени | Ресични | Голтнички | Надгласилни | Гласилни | ||||||||||||
Носни | m̥ | m | ɱ | n̪ | n̥ | n | n̠ | ɳ | ɲ̥ | ɲ | ŋ̊ | ŋ | ɴ | |||||||||||
Избувни | p | b | p̪ | b̪ | t̪ | d̪ | t | d | ʈ | ɖ | c | ɟ | k | ɡ | q | ɢ | ʡ | ʔ | ||||||
Струјни | ɸ | β | f | v | θ | ð | s | z | ʃ | ʒ | ʂ | ʐ | ç | ʝ | x | ɣ | χ | ʁ | ħ | ʕ | ʜ | ʢ | h | ɦ |
Приближни | ʋ | ɹ | ɻ | j | ɰ | |||||||||||||||||||
Трепетни | ʙ | r | ɽ͡r | ʀ | я * | |||||||||||||||||||
Едноударни | ⱱ̟ | ⱱ | ɾ | ɽ | ɢ̆ | ʡ̯ | ||||||||||||||||||
Стран. струј. | ɬ | ɮ | ɭ˔̊ | ʎ̥˔ | ʎ˔ | ʟ̝̊ | ʟ̝ | |||||||||||||||||
Стран. прибл. | l | ɭ | ʎ | ʟ | ||||||||||||||||||||
Стран. едноуд. | ɺ | ɺ̠ | ʎ̯ |
Чкрапави | ʘ | ǀ | ǃ | ǂ | ǁ | ||
ʘ̃ | ʘ̃ˀ | ʘ͡q | ʘ͡qʼ | ||||
Уфрлени | ɓ | ɗ | ʄ | ᶑ | ɠ | ʛ | |
Исфрлени | pʼ | tʼ | cʼ | ʈʼ | kʼ | qʼ | |
fʼ | θʼ | sʼ | ɬʼ | xʼ | χʼ | ||
tsʼ | tɬʼ | cʎ̝̥ʼ | tʃʼ | ʈʂʼ | kxʼ | kʟ̝̊ʼ |
p̪f | b̪v | ts | dz | tʃ | dʒ | tɕ | dʑ | ʈʂ | ɖʐ |
tɬ | dɮ | cç | ɟʝ | cʎ̥˔ | ɟʎ˔ | kʟ̝̊ | ɡʟ̝ |
Незаградни | ʍ | w | ɥ | ɧ |
Заградни | k͡p | ɡ͡b | ŋ͡m |
Табелава содржи фонетски симболи што може да не се прикажат правилно кај некои прелистувачи. [Помош] |
Онаму кајшто симболите се дадени во парови, „лев—десен“ претставува „безвучна—звучна“ согласка. |
Исенчените полиња претставуваат неизводливи гласовни творби. |
* Симболот го нема во МФА. |