Полуотворена задна заоблена самогласка
Полуотворена задна заоблена самогласка (среднониска задна заоблена самогласка) е вид на самогласка што се среќава во разни јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) го бележи гласот со симболот ⟨ɔ⟩ (наречен „свртено с“ или „отворено о“. Се нарекува отворено бидејќи ги има особините на гласот претставен со ⟨o⟩ (полузатворената задна заоблена самогласка), но е поотворен од него.
Полуотворена задна заоблена самогласка | |||
---|---|---|---|
ɔ | |||
| |||
МФА-бр. | 306 | ||
Шифрирање | |||
Единица (дек.) | ɔ | ||
Уникод (хекс.) | U+0254 | ||
X-SAMPA | O | ||
Киршенбаум | O | ||
Во македонскиот јазик овој глас е претставен со буквата о, што може да предизвика недоразбирање бидејќи е истоветен со гореспоменатата согласка ⟨o⟩, која не се јавува во македонскиот гласовен систем.
Особености
уредиТабела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • табела • табела со звуци • погл. |
- Според висината, самогласката е полуотворена (среднониска), што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на отворена и положбата на средна самогласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е задна, што значи дека јазикот се става што е можно поназад во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е истакната, што значи дека усните се насобрани, изложувајќи ги нивната внатрешни страни.
Јазици
уредиЈазик | Збор | МФА | Значење | Белешки | |
---|---|---|---|---|---|
албански | po | [pɔ] | да | ||
англиски | Австралија | nod | [nɔd] | клима | |
југоисточна Англија[1] | Соодветствува на /ɒ/ во стандардниот британски. | ||||
американски | dog | [dɔɡ] | куче | Во некои дијалекти може да е поблиску до или еднакво на [ɑ]. | |
станд. британски | bore | [bɔː] | гњаватор | ||
бамбарски | wɔɔrɔ | [wɔːrɔ] | шест | ||
бенгалски | বস | [bɔʃ] | седи | ||
виетнамски | to | [tɔ] | голем | ||
германски | voll | [fɔl] | полн | ||
грузиски[2] | სწორი | [st͡sʼɔɾi] | исправен, точен | ||
западнофризиски | bôle | [ˈbɔːɫə] | леб | ||
италијански[3] | parola | [paˈɾɔːla] | збор | ||
каталонски[4] | soc | [ˈsɔk] | затнува | ||
кинески | кантонски | 我 ngo5 | [ŋɔː˩˧] | јас | |
мандарински | 我 wǒ | [wɔ˨˩˦] | јас | ||
мински | 五 | [ɡɔ˨] | пет | ||
ву | 跑 bo | [bɔ˨˩˦] | трча | ||
лаоски | ບ | [bɔː] | потекло | ||
македонски | коњ | [kɔɲ] | коњ | ||
норвешки | topp | [tɔp] | врв | ||
окситански | òme | [ˈɔme] | маж | ||
полски[5] | kot | ⓘ | мачка | Малку пониско од самото [ɔ].[5] | |
португалски[6] | só | [sɔ] | сам | ||
таџички | тоҷикӣ | [tɔːdʒɪˈkiː] | таџички | ||
узбечки | O'zbek | [ɔzˈbek] | Узбек | ||
украински | вовк | [ˈwɔu̯k] | волк | ||
фарски | góðan morgun | [ˌɡɔuwan ˈmɔɹɡʊn] | добро утро | ||
француски[7] | sort | [sɔʁ] | к’смет | ||
холандски | литературен | bot | [bɔt] | коска | Погл. Фонологија на холандскиот јазик |
амеландски | hôl | [hɔːl] | празнина | ||
шведски | moll | [mɔl] | мол |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Wells (1982:305)
- ↑ Shosted & Chikovani (2006:261–262)
- ↑ Rogers & d'Arcangeli (2004:119)
- ↑ Carbonell & Llisterri (1992:54)
- ↑ 5,0 5,1 Jassem (2003:105)
- ↑ Cruz-Ferreira (1995:91)
- ↑ Fougeron & Smith (1993:73)
Библиографија
уреди- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- Wells, J.C. (1982), Accents of English, 2: The British Isles, Cambridge: Cambridge University Press.