Во англискиот јазик некогаш постоел опширен систем на деклинации сличен на денешниот германски или исландски. Староанглискиот разликувал 5 падежа: номинатив, акузатив, датив, генитив и инструментал. Деклинирањето почнало да исчезнува за време на средноанглискиот јазик кога акузативните и дативните заменки се стопиле во една единствена објективна заменка. Во современиот англиски јазик именките не се деклинираат, освен некои остатоци од поранешниот систем кај заменките.
"Who" и "whom", "he" и "him", "she" и "her", и др. се остатоци од стариот номинатив наспроти акузатив, како и од номинативот наспроти дативот. Со други зборови, "her" (на пример) е и дативна и акузативна верзија на номинативната заменка "she". Во староанглискиот јазик секоја од овие имале посебен облик.
Претопувањето на заменките со засебни падежи во еден ист збор е причината што граматичарите сметаат дека дативот и акузативот во англискиот јазик се изумрени — ни двата не се идеални поими за улогата која ја игра зборот "whom". Наместо ова често се користи изразот објектив; т.е. "whom" е генеричка објективна заменка која укажува на директен или индиректен предмет. Номинативот "who", едноставно се нарекува субјектив. Смислата која порано засебните падежи ја пренесувале, денес се пренесува со употребата на предлози и збороред.
Современиот англиски морфолошки разликува само еден падеж - посесив — за кои некои јазичари велат дека воопшто не е ни падеж, туку клитика. Со само малку заменски исклучоци, објективот и субјективот секогаш имаат иста форма.
Еволуција на англиската деклинација
уреди
Стари машки/женски до современите лица
уреди
1 - Највоопштено: "whom" се користи во "формални" пригоди и во пишување, додека "who" е колоквијално или "неформално". Се разбира, мораме да ги земеме предвид и дијалектичките варијации.
Стар среден род до денешното
уреди
1 - Обично заменето со of which, освен каде што е несоодветно
Лични заменки од прво лице
уреди
Лични заменки во второ лице
уреди
Заб.: þ е староанглиска буква, која грубо соодветствува на th.
Стара и средноанглиска еднина до современо англиски архаично неформално
уреди
Стара и средноанглиска множина, преку архаичното формално, со современото генерално
уреди
You во номинатив се користел во средноанглискиот само како формална, но не и како множинска заменка. Така, имало разлика помеѓу You are (формална еднина) и Ye are (неформална множина).
Запазете дека разликувањето на ye и you сѐ уште постоело, барем изборно, во раносовремениот англиски: "Ye shall know the truth and the truth shall make you free" од Крал Џемјсовата Библија.
Формални и неформални форми на второ лице еднина и множина
уреди
Лични заменки од трето лице
уреди