Фолкландски Острови

(Пренасочено од Фокландски Острови)

Фолкландските Острови, познати и како Малвинските Острови или Фолклендски Острови, сочинуваат архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на околу 480 км од брегот на Јужна Америка, 1 100 км од брегот на Антарктикот и 6 100 км од брегот на Африка. Архипелагот се состои од поголемите острови Источен Фолкланд, Западен Фолкланд и 776 помали островчиња.

Фолкландски Острови
Знаме Грб
Местоположба на Фолкландските Острови
Местоположба на Фолкландските Острови
Местоположба на Фолкландските Острови
Главен град
(и најголем)
Стенли
51°42′S 57°51′W / 51.700° ЈГШ; 57.850° ЗГД / -51.700; -57.850
Службен јазик Англиски
Површина
 •  Вкупна 12,200 км2 (162ра)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2012 г. 2,932[1] (220та)
 •  Густина 0.26[1] жит/км2 (241ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $164.5 милиони[2] (222ра)
 •  По жител $55,400[2] (10та)
Џиниев коеф. (2010)34.17[3]
среден · 64та
ИЧР (2010)0.874[4]
многу висок · 20та
НДД .fk
Повик. бр. +500
Карта на Фолкландските острови.

Моментално островите се под британска управа и сочинуваат автономна територија на Обединетото Кралство. Главниот град Стенли се наоѓа на Источен фолкланд. По новото воспоставување под британска власт во 1833, исто така и Аргентина сакала да ја воспостави својата власт врз островите. Аргентина воспоставила своја власт на островите во 1982. Ова ги вовлекло Аргентина и Велика Британија во необјвена војна, наречена Фолкландска војна, која на крајот завршила со пораз и повлекување на Аргентина. По војната имало силен економски раст во риболовот и туризмот.

Потекло на поимот

уреди

Фолкландските Острови своето англиско име го добиле од „Фолкландскиот мореуз“, односно каналот кој се наоѓа помеѓу двата големи острови. Ова име го избрал морепловецот Џон Стронг во 1960 година, во чест на својот покровител, Антони Кери, 5 фолкландски виконт, но подоцна било проширено за целата група острови. Шпанското име, Малвински Острови, потекнува од француското име „Ил Малуин“ (Îles Malouines) - име кое го дал Луи Антуан од Бугенвил во 1764, во чест на првите познати доселеници, морепловци и рибари од пристаништето Сен-Мало во Франција. ISO одредницата за Фолкландските острови (Малвински) како и ISO кодот за земјата е FK. Во македонскиот јазик англиското име е навлезено преку англискиот јазик, а шпанското преку шпанскиот јазик, но најчесто се користи англиската верзија на името.

Историја

уреди

Островите не биле населени сè до нивното откривање од страна на европските истражувачи, но има доказ дека можеби Патагонските индијанци пристигнале на островите со кануа. Артефакти, вклучувајќи ги и стрелите и остатоците од кануата, биле пронајдени на островите. Исто така се забалежува и присуството на Фолкландската лисица или Вара (денес истребена), за која се мисли дека пристигнала на островите преку копнен мост кога нивото на морето било ниско, односно за време на последното ледено време. Група на острови во регионот на Фолкландските острови се појавила на картите раниот 16 век, со што е можно Фердинанд Магелан или некоја друга експедиција да ги открила во 1500-те години. Можно е Америго Веспучи да ги забележал островите во 1502 година, но не ги имаенувал. Во 1519 година или 1520 година, Естебан Гомес, капетан во експедицијата на Магелан, забележал неколку острови. Членови на екипажот ги нарекле „Islas de Sansón y de los Patos“, односно „Острови од Самсон и Патките“. Овие острови веројатно биле островите Џејсон, северозапад од Западен фолкланд, па така во овој период на шпанските карти биле користени имињата „Islas de Sansón“ (или „San Antón“, „San Son“ и „Ascensión“). Пири Реис, турски адмирал кој на времето цртал неверојатно прецизни карти, исто така прикажал острови кои би можеле да бидат Фолкландските острови. Островите се појавуваат на безброј шпански и други карти започнувајѓи од 1520 година. Англискиот истражувач Џон Дејвис, капетан на бродот Дизаер (Desire), еден од бродовите кои му припаѓале на Томас Кевендиш кој по вторпат го истражувал „Новиот Свет“, е забележано дека ги има посетено островите во 1592 година. Тој бил разделен од Кевендиш од брегот, кој денес е јужна Аргентина, од силна бура и ги открил островите. Некое време островите биле познати како „Дејвис острови“. Во 1594 година англискиот капетан Ричард Хокинс ги посетил островите. Го комбинирал своето име со тоа на кралицата Елизабета I („Virgin Queen“), и ги нарекол „Hawkins' Maidenland“ („Родната земја на Хокинс“). Многу верувале дека холанѓанецот Себалд де Веерт ги открил островите во 1600 година. Во јануари 1690 година, англискиот капетан на бродот Велфер, Џон Стронг, се упатил кон Пуерто Десеадо (денес во Аргентина). Отфрлен од ветрови со спротивен правец, стигнал до островите Себалд и се укотвил на Болд Коув. Испловил меѓу двата големи острови и преминот го нарекол „Фолкланд канал“ (денес „Фолкланд саунд“), по Антони Ќери, 5-от фолкландски виконт, кој како комисионер на министерството на воената морнарица ја финансирал експедицијата (Ќери подоцна станал прв Лорд на министерсвото). Групата острови подоцна го добила своето име од овој канал. Првото населување на Фолкландските острови било во 1764 година. Било наречено Порт Сент Луи и било наречено според францускиот морепловец и воен командант Луј Антоан од Буженвиј на Беркенли Саунд, денес Порт-Луи, источен Фолкланд. Во јануари 1765 година, британскиот капетан Џон Бајрон, несвесен за француското присуство, ги истражил и утврдил Сондерс острови, на западниот крај од групата острови, каде пристаништето го нарекол Порт Егмонт. Пловел и покрај други острови, кои исто така ги утврдил за кралот Џорџ III. Британска колонија била изградена во ПОрт Егмонт во 1766 година. Исто во 1766 година Шпанија се стекнала со француската колонија и по преземањето во делотворна контрола во 1767 година, ги постави островите под владино потчинето лице на колонијалната администрација во Буенос Аирес. Шпанија го нападнала Порт Егмонт во 1770 година со што завршило британското присуство. Исфрлањето на британските населеници ги донесе двете земји на работ на војна, но со мировен договор во 1771 година им се овозможи на британците да се вратат во Порт егмонт каде ниедна страна не се откажа од врховната власт.

 
Истребената Фолкландска лисица Варах беше единствениот цицач пронајдена на островот по доаѓањето на европејците

Како резултат на економскиот притисок резултиран од американската револуционерна војна која што надоаѓаше, Велика Британија реши еднострано да се повлече многуте нејзини прекуморски колонии, вклучувајќи го и Порт егмонт во 1774 година. По нејзиното повлекување Велика Британија во 1776 година остави плаќета на која ги изразува своите барања. Од 1776 година до 1811 година, Шпанија поддржуваше колонија управувана од Буенос Аирес како дел од вицекралството на Рио де плата. Кога Шпанија го напушти островот во 1811 година, исто така остави плаќета во која ги изразува своите барања. На 6 ноември 1820 година, полковникот Дејвид Џует го постави знамето на Обединетите провинции на реката Плата (Аргентина) во Порт Луи. Џует бил американски морепловец и гусар во службата во Буенос Аирес, стопанственикот Патрик Линч за капитен на бродот, фрегата Хероина (Линч имал лиценца за пловење од главниот директор во Буенос Аирес Хосе Рондо). Џует испловил за островите претходниот месец, по што следеле осум месеци катастрофално патување со поголемиот дел од екипажот неспособен за работа од скорбут и болест. По одморот на островите и поправката на бродот, тој се вратил во Буеанос Аирес. Во 1828 година аргентинците поставиле населба односно колонија. Воените бродови на САД во 1831 година ја уништиле оваа населба по освојувањето на американските бродови за фоколов од страна на аргентинскиот гувернер на островот Луиз Вернет. Избегани затвореници и пирати биле оставени. Во ноември 1832 година, Аргентина испрати уште еден гувернер на островите кој беше убиен во бунт.

 
Џон Бајрон, од Џошуа Рејнолдс, 1759 година

Во јануари 1833 година, британските сили се вратиле и го информирале аргентискиот командант дека имаат намера да ја повратат британската власт на островот. На тамошните населеници им било дозволено да останат, на чело со ирскиот член на населбата на Вернет, Вилијам Диксон. Заменикот на Вернет, Метју Бризбен, се вратил подоцна истата година и бил информиран дека британците немале никакви забелешки за продложувањето на вернетовите бизниси за кои немало никакви британски контроли. Кралската морнарица изградила база кај Стенли и островите станале важно стратешко место за навигација околу ’Ртот рог. Битка меѓу бродови од првата светска војна, наречена „Битката од Фолкландските острови“, се случила во декември 1914 година со победа на британците над помалата германско-азијска имеријална посада. За време на втората светска војна, Стенли служел како седиште на кралската морнарица и се сервисирале бродовите кои војувале во „Битката на реката Плата“, во 1939 година. Врховната власт над островите повторно стана спорно во последната половина на 20-иот век. Во потрага на своето барање за власт над островите, со создавањето на Обединетите нации виде прилика за презентирање на своите барање пред целиот свет. Во 1945 година, по потпишувањето на повелбата на ОН, Аргентина изјави дека заслужува да има право на власт над островите, исто како и право да си ги поврати.Велика Британија одговори назад со изјава дека како главен предуслов за исполнување на резолуцијата на ОН 1514 (XV) во поглед на повторната колонизација на сите територии под странска окупација, жителите на Фолкландските острови првин треба да гласаат на референдум за британското повлекување. Разговори помеѓу британските и аргентинските странски мисии се сличиле во 60-тите години на минатиот век, но не успеале да дојдат до некој значаен заклучок. Голема непоместлива точка во сите преговарања биле двете илјади населеници, повеќето од британско потекло, кои сакале островите да останат британска територија.

 
Знак до Стенли, главниот град на Фолкландските острови,

Сепак од овие разговори излезе една добра работа. Првата авионска линија на островот. Во 1971 година, аргентинските воздушни сили (FAA), кои ја управуваат државната компанија ЛАДЕ (LADE), започнаа водоземни летови помеѓу Комодоро Ривадавија и Стенли користејќи авион од типот Груман ХУ-16 Албатрос (Grumman HU-16 Albatross). Следната година Британија и дозволи на Аргентина да изгради привремена писта, која беше завршена до ноември. Продолжија летовите помеѓу Стенли и Комодоро Ривадавиа двапати неделно користејќи Фокер Ф27 (Fokker F27) и потоа Фокер Ф28 (Fokker F28) по што следело и градењето на трајната воздушна писта до 1982 година. За време на истиот период, ЈПФ (YPF), аргентинската државна нафтена и гасна компанија, сега дел од Репсол ЈПФ (Repsol YPF), ги снабдувала енергетските потреби на островот.

Фолкландската војна

уреди
 
Британски паратрупи ги надгледуваат аргентинските воени заробеници

На 2 април 1982 година, Аргентина ги нападнала Фолкландскте острови како и други британски територии во јужниот атлантик (Јужна Џорџија и Јужните Сендвич острови). Воената хунта, која што владеела со Аргентина од 1976 година,барала начин за задржување на власта со пренасочување на јавното внимание од слабата економија и искористувањето на огромните чувства на аргентинците кон островите. Исто така неколку британски писатели запишале дека намалувањето на војската на Велика Британија во јужниот атлантик ја охрабрила инвазијата. Советот за безбедност на Обединетите нации издал резолуција 502, повикувајќи ја Аргентина да ги повлече своите сили од островите и за двете страни да побара дипломатско решение. Меѓународни реакции се нижеле, од поддршка за Аргентина и Латинска Америка (со исклучок на Чиле и Колумбија), до опозиција во Државната заедница и Европа (на страна од Шпанија) и најпосле САД. Британците испратиле експедициски сили за да го преземат островот, што довело до фолкландската војна. По кратките но силни морски и воздушни битки, на 21 мај, британците пристигнале на Сан Карлос Вотер по што следела земјена битка сè додека аргентинските сили не се предале на 14 јуни 1982 година. Во војната загинале 655 аргентински и 255 британски војници. По војната, британците го зголемиле нивното воено присуство на островите, созадавјќи го РАФ Маунт Плезант и го зголемиле воениот гарнизон. Иако Велика Британија и Аргентина ги продолжија дипломатските односи во 1992 година, понатамошни преговарања за врховната власт не се случија.

Политика

уреди

Извршната власт е оставена на кралицата и е применета од гувернер во нејзино име. Гувернерот е исто така одговорен за администрацијата на Јужна Џорџија и Јужните Сендвич острови, поради тоа што овие острови немаат домородно население. Одбраната и надворешните работи се одговорност на Велика Британија. Моментално гувернер е Алан Хукле, назначен во јули 2006 година. Уставот, кој стапи насила на 1 јануари 2009 година (кој го замени уставот од 1985 година), ги вклучува и Извршниот совет и Законодавното собрание на Фолкландските острови. Извршниот совет, кој го советува гувернерот, е исто така управуван од гувернерот.

 
Фолкландска поштенска марка која го прикажува крунисувањето на Кралот Џорџ VI од Обединетото Кралство и неговата придружба Кралицата Елизабет

Го сочинуваат главен извршител, секретар за финансии и три законодавни советници, кои се избрани од други законодавни советници. Законодавниот совет се состои од главен извршител, секретар на финансии и осум законодавни советници, од кои пет се избрани од Стенли и три од Кемп за мандат од четири години. Надгледувано е од претседателот.

Односи со Аргентина

уреди

Спорот околу контролата над островите продолжи и по војната. Во 1992 година продолжија дипломатските односи меѓу Аргентина и Велика Британија и повторно се отворија амбасадите во Лондон и Буенос Аирес. Во 1994 година Аргентина го додаде своето „барање“ за островите во уставот каде што изјавува дека ова барање мора да биде проследено на начин „за почит на животот на жителите во согласност со принципите на меѓународниот закон“. На жителите им било доделено целосно британско државјанство со Актот за Британско државјанство (Фолкландски острови) од 1 јануари 1983. Како што Аргентина смета дека островите се аргентинска територија, така жителите се сметаат за аргентински државјани преку системот на добивање државјанство според местото на раѓање оперирано по аргентински национален закон, но сепак ова е одбиено од самите жители. Во 1998 година, во одмазда за апсењето на поранешниот чилеански претседател Агусто Пиночет во Лондон, чилеанската влада ги забрани летовите помеѓу Пунта Аренас и Порт Стенли, со што ги изолира островите од остатокот на светот. Уругвај и Бразил одбија да одобрат директни летови помеѓу нивните територии и Порт Стенли. Ова ја присили владата на островите да преговара со аргентинската влада и да дозволи директни летови меѓу аргентинската територија и Стенли, под услов само да се дозволи пристап на аргентиснките државјани на островите. Еден лет месечно, под капа на ЛАН Ејрлајнс, лета меѓу РАФ Маунт Плезант и Рио Галегос во провинцијата Санта Крус, Аргентина. По војната, успешни аргентински влади ја изразиле својата намера да настојуваат за преземање на островите преку мирни средства. На 22-та годишнина од војната, аргентинскиот претседател Нестор Кирхнер, одржа говор каде инсистираше островите да бидат дел од Аргентина. Кирхнер, кандидат за претседател во 2003 година, ги сметаше островите како топ приоритет. Во јуни 2003 година, прашањето беше изнесено пред комитетот на ОН и беа направени напори за да се започнат разговори со Велика Британија за да се реши прашањето со островите. Во 2007 година (точно 25 години по аргентинската инвазија), Аргентина повторно го изнесе своето барање за преземање на островите, барајѓи за Велика Британија да ги заврши преговорите за врховната власт. Во март 2009 година, бртанскиот премиер Гордон Браун изјавил на средба со аргентинскиот претседател Кристина Фернандес дека нема да има преговарања за идната врховна власт над Фолкландските острови. Сè додека се во врска владите на Велика Биртанија и Фолкландските острови, никакво прашање нема да се решава. Самите жители на Фолкландските острови се скоро целосни британци и остануваат верни на Велика Британија. На 22 септември 2007 година, „Гардиан“ изјави дека владата на Велика Британија се спрема обележи нови граници на морското дно околу Фолкландските острови и други далечни поседи на Велика Британија, со цел да се експлоатираат природни богатства кои можеби се присутни. Во октомври 2007 година, британската спиќерка потврди дека Велика Британија имала намера да поднесе барање до ОН за проширување на морските граници околу Фолкландските острови и Јужна Џорџија, пред истекот на рокот за територијални барања според британската ратификација од Законот за морска конвенција од 1982 година. Доколку се оспори барањето, ОН ќе го суспендира сè додека не се реши спорот. Ова барање воглавно е теоретско и не делува врз Антарктичката спогодба или пак дава нови права на Британија. Не дозволува експлоатација на нафтени и гасни резерви, откако се забранија со протокол во спогодбата. Ќе ѝ се овозможи на Британија да го конторлира риболовот во зоната за да го спречи прекумерното експлоатирање на природните ресурси со комерцијален риболов со британските обврски со спогодбата. Професор Клаус Додс од Универзитетот во Лондон, коментирајќи на Гардиан, одговори дека потегот оди против духот на Антарктичката спогодба. Аргентина укажа дека ќе се спротивстави на секое британско барање на антарктички територии и територии околу Фолкландските острови и Јужна Џорџија. Аргентина го направи истото барање во 2009 година и Велика Британија брзо протестираше против овие барања.Во февруари 2010 година, аргентинската влада бродови кои ќе помнинуваат преку аргентинските територијални води на пат за Фолкландските острови, Јужна Џорџија и Јужните Сендвич острови, ќе треба да имаат дозвола, како дел од спорот за британската експлоатација на нафта близу островите. Британската и Фолкландска влада изјавија дека за водите под контрола на Фолкландските острови не се потребни овие дозволи. За време на заедничката средба на групата Рио, Латино американските и Карипските водачи го поддржаа барањето на Аргентина.

 
Карта на Фолкландските острови

Географија и екологија

уреди

Фолкландските острови ги сочинуваат два главни острови, Западен Фолкланд и Источен Фолкланд (на шпански Исла Гран Малвина (Isla Gran Malvina) и Исла Соледад (Isla Soledad) и околу 776 помали островчиња.Островите се наоѓаат 341 км од Исла де лос Естадос (Isla de los Estados) во Аргентина, 462 км од копното на Аргентина, 489 км од Чиле, 1 077 км западно од Шег Рокс (Јужна Џорџија) и 927 км северно од британската Антарктичка територија (која се поклопува со аргентинските и чилеанските барања за Антарктика во тој регион).

 
Позицијата на Фолкландските острови во однос на Аргентина и Чилеанска Патагонија

Вкупната површина е 12 173 км2, малку помала од Конектикат или Северна Ирска, со морски граници од вкупно 1 288 км. Двата главни острови на двете страни од Фолкланд саунд го сочинуваат копното. Тоа се Источен Фолкланд, каде се наоѓа и главниот град, Стенли, како и поголем дел од населението и Западен Фолкланд. Двата острови имаат планински венци, каде највисока точка е планината Јузборн, висока 705 м на Источен Фолкланд. Исто така се забележуваат некои мочуришни рамнини, најмногу во Лафонија, на јужната половина од Источен Фолкланд. Всушност целата област на островите се користи како пасиште за овци. Помали острови ги обиколуваат главните два. Тука спаѓаат: Барен, Бивер, Бликер, Каркас, Џорџ, Кепел, Ливели, Њу ајланд, Сондерс, Силајон, Спидвел, Штаатс, Ведел и островот Вест Поинт. Џејсон островите лежат на северозапад од главниот архипелаг и островот Бошен малку подалеку на југ. Островите Спидвел и Џорџ се одделени од Источен Фолкланд со Орловиот премин.

 
Сан Карлос Вотер, еден од многуте протоци на Источе Фолкланд. На островите има многу мореузи и фјордови.

Многубројна флора и фауна е пронајдена на Фолкландските острови. Истакната фауна која вклучува колонии на Магеланскиот пингвин. Островите имаат морска територија од 12 наутички милји (22 км) и посебна зона за риболов од 200 наутички милји (370 км), што беше извор за недоразбирање со Аргентина. Биогеографски, Фолкландските острови се класифицирани како дел од неотропското кралство, заедно со Јужна Америка. Исто така е класифицирано и како дел од Антарктичкото флористичко кралство.

Клима

уреди

Обиколени со свежи јужно атлантски води, Фолкландските острови имаат поморска субарктичка клима (Кепен Cfc) која е под влијание на океанот што има ниска годишна температура. Просечната температура во јануари е околу 13 степени Целзиусови, додека пак во јули максималната просечна температура е околу 4 стпени Целзиусови. Просечно годишните врнежи од дожд се 576,6 мм, но Источен Фолкланд е воглавно повлажен од Западен Фолкланд. Сепак, влажноста и ветровите се постојано високи. Снегот е редок, но може да се забележи во секое време од годината. Невремињата се многу лести, главно во зима. Климата е слична со Шетландските острови во Велика Британија, но со помалку врнежи и подолги и не толку силни зими.

Стопанство

уреди

Фармерската земја има околу 1 038 527 хектари или малку повеќе од 80% од површината на Фолкландските острови. Од 1984 година, со напори за менување на економијата, риболовот се направи како главна гранка на економијата и исто растечки пораст имаше и од туризмот. Овчарството беше главен извор на приход за островите и сѐ уште игра значајна улога со извозот на висококвалитетна волна во Велика Британија: според статистиката на Фолкландската влада има 486 000 овци на островот од кои 40% на Западен Фолкланд и 60% на Источен Фолкланд. Владата имаше изготвено политика на риболовната зона од 1986 година, каде со продажбата на риболовни дозволи на трети држави се добија приходи од повеќе од 40 милиони фунти годишно. Локалните бродови за риболов се исто така во работа. Повеќе од 75% годишен улов на лигни, односно 200 000 тони, каде поголемиот дел се извезува во Шпанија. Туризмот рапидно расте, со повеќе од 36 000 посетители во 2004 година. Островите станаа редовно пристаниште за растечкиот пазар на бродови за крстарење. Атракциите вклучуваат преглед и одржување на дивиот свет со пингвини, морски птици, фоки и морски лавови како и посети на воени полиња, голф, рибарење и нуркање околу остатоци од бродови. Договор со Аргентина ги постави условите за експлоатација на ресурси близу брегот каде што се вклучи и големи резерви на нафти, но сепак, во 2007 година Аргентина еднострано се повлече од договорот. Како одговор на тоа, компанијата Фолкландс оил и гас потпиша договор со БХП Билитон за истражување на потенцијални експлоатирања на нафтени резерви. Климатските услови на јужните мориња значеа дека тоа би било тешка задача, покрај економската способност сепак постојаните спорови околу врховната власт со Аргентина се некој попречен напредок. Велика Британија обезбедува одбрана и трошењата на британската војска прават значаен придонес на економијата. Освен за одбрана, островите се и самоспособни, извозот брои повеќе од 125 милиони фунти годишно. Најголемата компанија на островот беше Фолкланд Ајланд Компани (ФАК), компанија што фигурира на Лондонската берза. Компанијата беше одговорна за големата економска активност на островите, иако фармите и беа продадени во 1991 година на Владата на Фолкландските острови. Компанијата сега управува со неколку продавници за малопродажба во Стенли и е вклучена во услуги со пристаништето и транспортни операции. Се мислеше дека можеби има 60 000 000 000 барели нафта под морското дно околу островите. Во февруари 2010 година, истражувачко дупчење за нафта започна Дизајер Петролеум, но резултатите од првото дупчење беа разочарувачки. Локална валута е фунатата од Фолкландските острови, која е еднаква со фунтата стерлинг. Стерлинг банкнотите и монетите циркулираат без размена со локалните банкноти и монети. Фоккландските острови исто така издаваат свои поштенски марки, кои се извор на приход од прекуморските колекционери.

Демографија

уреди

Бројот на населението е 3 140 (во јули 2008 година), околу 70% се од британско потекло, главно како резултат на шкотското и велшското имигрирање на островите. Жителите коишто се родени таму се нарекуваат „островјани“, терминот „келперс“, од келп кој обилно расте околу островите и повеќе не се користи во нив.Луѓето кои се стекнале со статус на Фолкландските острови се локално познати како „припадници“.

 
Христијанска Катедрала со лак од коска на кит во Стенли

Малкумина островјани се од француско, гибралтарско (како фамилијата Питалуга), португалско и скандинавско потекло. Некои се по потекло од ловците на китови кои ги достигнале островите за време на последните два века. Исто така има и мало малцинство од јужни американци, главно од чилеанско потекло и се почесто многу луѓе од Света Хелена кои доаѓаат да работат и живеат на островите. Главна религија е христијанството. Главна вероисповед се Англиската црква, Римокатоличката, Обединетата Слободна Црква и Лутеранската Црква. Помал е бројот на Јеховините сведоци, Седумдневните адвентитсти и Грчката Православна Црква, поради грчките рибари кои поминуваат. Исто така има и Баха`и собир. Островите се дом за Апостолската префектура од Фолкландските острови. По Актот за британско државјанство (Фолкландски острови) од 1983 година, островјаните имаат целосно британско државјанство. Според аргентинскиот закон тие се квалификувани за аргентинско државјанство, но поради одбивањето на Фолкландските Острови на барањето за врховна власт на Аргентина над островите, ова е отфрлено практично од сите островјани.

Медицинска нега

уреди

Владиниот оддел за здравствени и социјални услуги на Фолкландските острови обезбедуваат медицинска нега за островите. Болницата Крал Едвард VII (King Edward VII Memorial Hospital-KEMH) е единствената болница во Стенли. Во минатото делумно беше управувана од војската но денес е под граѓанска контрола. Нема офталмолози или оптичари на островите, оптичар од Велика Британија доаѓа секои 6 месеци и офталмолог кој врши операција на перде и очни прегледи на нерегуларни интервали - еднаш на неколку години. Има два заболекари на островите.

Радиодифузија и телекомуникации

уреди
 
Пингвини кај заливот Џипси

Радио услугите се управувани од Радио сервисот на Фолкландските острови, поранешен Радиодифузен сервис на Фолкландските острови и Радиодифузен сервис на британските сили (РСБС). ФМ стерео емитување е стандардно за намена од Велика Британија. Средни бранови користат 10 килохерци чекори. Единствениот земјен достапен канал е РСБС1. ПАЛ телевизија, користејќи ВБ УХФ намена која е стандардна. Потоа има и кабелска телевизија во Стенли управувана од КТВ Лтд. Фолкландските острови имаат модерна телекомуникациска мрежа која дозволува фиксни телефонски линии, АДСЛ и dial-up интернет услуги во Стенли. Телефонски услуги се обезбедени до отсечените населби користејќи микробраново радио. Во 2005 година беше инсталирана мобилна мрежа ГСМ 900 која ги опфаќа Стенли, Маунт Плезант и околните области. Управувана е од брендот Тач Мобајл (Touch Mobile). Кабелска и вајрлес е единствениот добавувач на телекомуникации на Фолкландските острови.

Валута

уреди

Локална валута, Фолкландска фунта, е пуштена на островот. Се состои од монети кои се слични со монетите од Велика Британија но на спротивната страна се локални дизајни. Банкнотите се издадени од владата на Фолкландските острови. Локалната валута Фолкландска фунта е фиксирана како еднаква со британската фунта.

Спорт

уреди

Има повеќе од 30 различни спортски клубови на Фолкланд, како што се клубови за бадминтон, стрелање на глинени гулаби, крикет, фудбал, голф, хокеј, нетбол, рагби унија, пливање, пинг-понг и одбојка. Фолкландските острови се натпреваруваат во двегодишните Островски игри.

Сообраќај

уреди

Фолкландските острови имаат два аеродрома со поплочени писти. Главниот меѓународен аеродром е РАФ Маунт Плезант, 43,28 км западно од Стенли. Неделни летови се достапни до и од Сантјаго, Чиле, преку Пунта Аренас, управувана од ЛАН Ејрлајнс. Еднаш месечно овој лет застанува во Рио Галегос, Аргентина.Кралските воздушни сили имаат летови од РАФ Маунт Плезант до РАФ Бриз Нортон во Оксфордшир, Англија со запирање за дотур на гориво на островот Вознесение. РАф летови се на ТриСтарс иако чартер леталата се често користени ако ТриСтарс потребни за операциони летови. Сегашниот Омни Ејр Интернешнел управува на РАФ воздушниот линк, каде користи ДЦ-10. Бритиш Интернешнел (БРИНТЕЛ) исто така управува два Сикорски С61Н хеликоптери, стационирани на РАФ Маунт Плезант, во договор со Министерството за Одбрана на Велика Британија, воглавно за пренесување на воен персонал, опрема и снабдувања низ островите. Британскиот антарктички преглед управува со трансконтинентална воздушна линија меѓу Фолкландските острови и Ротера истражувачката станица на антарктичкиот полуостров и услужува исто така други британски бази на Британската Антарктичка Територија каде користи Хевиленд Канада Даш 7.

 
Хевилендот Канада Деш 7 кај Стенли

Помалиот Порт Стенли аеродром, надвор од градот, се користи за внатрешни летови. Владината воздушна компанија на Фолкландските острови (ФИГАС) управува со островски летала кои може да се користат на пистите со трева каде повеќето населби имаат исти. Распоредот на летовите се одлучуваат ден претходно во согласност со патничките потреби. Ноќта претходно, на радио се објавуваат времето на заминување и пристигнување. Патната мрежа во последните години се подобрила. Сепак, нема многу асфалтирани патишта надвор од Стенли и РАФ Маунт Плезант.

Мини и артилерија

уреди
 
Стенли

Во зависност од изворот, од војната во 1982 година се останати меѓу 18 000 и 25 000 мини. Еден извор кажува дека Аргентина има поставено 18 000 мини. Британската влада изјави дека сите освен еден од нивните анти-персонални мини биле земени во обзир. Мините се сместени или на 101 или на 117 мински полиња, кои се распространуваат на област од 20 км2, односно во областита на Порт Стенли, ПОрт Хорвард, Фокс Беј и Гус Грин (овие области сега се убаво обележани). Информации се достапни од ЕОД (Отстранување од експлозивна артилерија) оперативниот центар во Стенли. Треба да се внимава сѐ уште бидејќи некои плажи имаа мини и се сметаше дека плимите можеби поместиле некои мини. Истото е и за полињата околу реките. Треба да се внимава во случај мините да се изместиле од означените полиња поради поплави. Исто така има и артилерија останата од војната. Помеѓу 1997 и 2002 година, 248 против тенковски мини биле уништени на островите, 16 биле уништени во 2003 година, една во 2005 година и 6 во 2006 година. Во февруари 2005 година, доброволанта акција за мини предложена од Кјото-стил кредитна шема, со што британската влада како обврска го зема за расчистување на еднаква област на мински полиња на тие што постојат моментално на Фолкландските острови во повеќе сериозно загрозените земји до март 2009 година. Овој предлог бил поддржан од островјаните, за кои минските полиња не претставуваат сериозна закана по секојдневниот живот. Британската влада сѐ уште треба да ја изјави својата поддршка или воздржаност на идејата. Во ноември 2008 година, минската акција се спротивстави на британското барање за десет годишно продолжување на крајниот рок за чистење на минските полиња. Ја обвини британската влада за никакво покажување „на некаков доказ на сериозен план за целосно или пак започнување на оваа работа“ и изјави дека „дозволувајќи со добар извор и технички способна земја како што е Велика Британија што со делотворно игнорирање на својата одговорност ќе постави опасен и етички неприфатлив преседан“. Сепак, Владата на Велика Британија расправаше дека во голиот контраст на минските полиња „никогаш немало повреди на цивили околу 26 години“ во Фолкландските острови. На 30 ноември 2009 година, Владата на Фолкландските острови изјави дека чистењето на мините било за време на почетокот кај Сурф Беј на 2 декември 2009 година и понатамошни расчистувања ќе се случуваат кај Саппер Хил, Гус Грин и Фокс Беј. Британската компанија БАТЕК Интернешнел била избрана за извршување на овој проект. „Работата започна на 4 декември 2009 година и се очекува да биде завршена во средината на 2010 година“ (Хансард 5 јануари 2010 година).

Војска

уреди
 
Значка на Одбранбените сили на Фолкландските острови

Постои британски воен гарнизон стациониран на Фолкландските острови, но исто така островите имаат свои Одбранбени сили на Фолкландските острови. Овие сили со големина на компанија е целосно финансирана од фолкландската влада. Користи возила како: велосипеди на четири тркала, чамци на дување и Ланд Ровери за пропатување на островскиот терен. Одбранбените сили на Фолкландскте острови користат Штајр АУГ како главна пушка за напад. Прва страница на РАФ Њус изјави дека Принцот Вилијам од Велс ќе служи 3 месечна задолжителна тура на Фолкландските островипо што следи завршување на неговата 18 месечна вежба со РАФ Силите за барање и спасување, што исцрта критичен одговор од аргентинската влада во јануари 2009 година. Сепак, Министерството за Одбрана демантираше дека некаква одлука била донесена за ангажирање на Принцот.

Поврзано

уреди

Извори

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Falkland Islands Census 2012: Headline results“ (PDF). Falkland Islands Government. 10 September 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-25. Посетено на 19 December 2012.
  2. 2,0 2,1 „Falkland Islands (Islas Malvinas)“. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2010-01-29. Посетено на 10 July 2013.
  3. Avakov 2013, стр. 54.
  4. Avakov 2013, стр. 47.