Клаудио Монтеверди

Клаудио Монтеверди

Клаудио Монтеверди (итал. Claudio Monteverdi; Кремона, 15 мај 1567 - Венеција, 29 ноември 1634) — италијански композитор, еден од најистакнатите оперски композитори од времето на доцната ренесанса раниот барок. Освен опери, компонирал мадригали, миси, концерти и други музички дела.

БиографијаУреди

Роден е во Кремона, студирал музика со прославениот теоретичар Марко Антонио Ингегиери. На 15 години, Монтеверди го создал своето прво дело, сет од три мотети, а во 1605 тој компонирал 5 книги со мадригали. Тој се заинтересирал за експерименталните музички драми на Џакопо Пери, кој бил музички директор во дворот на фамилијата Медичи и за слични дела на други композитори.

Прва музичка драма на МонтевердиУреди

Во 1607 година, била создадена првата музичка драма на Монтеверди, „Орфеј“. Оваа опера била над сите претходни обиди за создавање на музичка драма и најзначајна во развојот на историјата на операта.

ИзвориУреди

  • Учебник за музичка уметност за I година гимназиско образование, стр 52, 2009 година