Македонски парламентарни избори (1998)
Парламентарните избори 1998 година се одржани на 18 октомври и 1 ноември 1998 година. Победник на изборите беше ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира коалициска влада заедно со Демократска алтернатива и Демократската партија на Албанците.
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Дотогашниот изборен систем беше променет од мнозински со два круга во мешовит паралелен изборен систем. 85 мандати се распределуваа во едно-мандатни изборни единици, а останатите 35 мандати – преку пропорционалниот Донтов систем, при што целата држава беше една изборна единица. За пропорционалните листи беше воведен изборен праг од 5%.
Одзивот на гласањето за партиските листи беше 72,9%, а за мнозинската листа во првиот круг одзивот беше 72,9%, а во вториот круг - 69,4%.[1]
Резултати од пропорционалното гласање Уреди
Политички партии | Освоени гласови | % | Освоени мандати |
ВМРО ДПМНЕ | 312.669 | 28,10 | 11 |
Социјалдемократски сојуз на Македонија | 279.799 | 25,14 | 10 |
ПДП и ДПА | 214.360 | 19,26 | 8 (4 и 4) |
Демократска алтернатива | 119.352 | 10,73 | 4 |
ЛДП и ДПМ | 77.788 | 6,99 | 2 |
Социјалистичка партија на Македонија, ПЦЕР, ДПТ, ДППРМ и СДА | 52.284 | 4,70 | 0 |
Демократска партија на Србите во Македонија | 14.930 | 1,34 | 0 |
ВМРО ДОМ | 11.577 | 1,04 | 0 |
Партија на пензионерите | 5.970 | 0,54 | 0 |
МААК - Конзервативна партија | 5.596 | 0,50 | 0 |
ВМРО - Демократска партија | 3.746 | 0,34 | 0 |
Граѓанска либерална партија на Македонија | 3.393 | 0,30 | 0 |
Сојуз на комунистите на Македонија | 2.756 | 0,25 | 0 |
Социјалистичка христијанска партија на Македонија | 2.186 | 0,20 | 0 |
Комунистичка партија на Македонија | 2.058 | 0,18 | 0 |
Работничка партија | 1.528 | 0,14 | 0 |
Група избирачи | 2.762 | 0,25 | 0 |
Неважечки гласови | 33.703 | 2,9 | / |
Вкупно | 1.146.457 | 100 | 35 |
Регистрирани гласачи/одзив | 1.572.976 | 72,9 | / |
Извор: Собрание на Република Македонија, Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 64, 194-195 стр. и Цане Мојаноски, „Летопис на македонската демократија“, „Пакунг“, Скопје, 2000, 71 стр.
Добиени гласови и мандати според мнозинската листа Уреди
Политички партии | Освоени гласови (прв круг) | % | Освоени гласови (втор круг) | % | Освоени мандати |
ВМРО ДПМНЕ и Демократска алтернатива | 369.615 | 33,05 | 373.001 | 47,87 | 47 (38 и 9) |
Социјалдемократски сојуз на Македонија | 278.766 | 24,93 | 273.193 | 35,06 | 17 |
ЛДП и ДПМ | 161.190 | 10,39 | 34.766 | 4,46 | 2 |
Партија за демократски просперитет | 132.430 | 11,84 | 18.153 | 2,33 | 10 |
Социјалистичка партија на Македонија | 60.542 | 5,41 | 12.534 | 1,61 | 1 |
Демократска партија на Албанците | 53.469 | 4,78 | 28.361 | 3,64 | 7 |
Демократска партија на Србите во Македонија | 11.841 | 1,06 | / | / | 0 |
Независен | 11.398 | 1,02 | 5.128 | 0,66 | 0 |
СПМ, ПЦЕР, ДПТ, ДППРМ и СДА | 10.962 | 0,98 | 3.679 | 0,47 | 0 |
СДСМ и СДПМ | 9.411 | 0,84 | 5.450 | 0,70 | 0 |
ВМРО - Демократска партија | 9.050 | 0,81 | / | / | 0 |
МААК - Конзервативна партија, МА и ДП | 8.367 | 0,75 | / | / | 0 |
ВМРО-ДПМНЕ | 6.927 | 0,62 | 8.195 | 1,05 | 0 |
Демократска алтернатива | 6.907 | 0,62 | / | / | 0 |
Партија за демократска акција - Вистински пат | 5.774 | 0,51 | 4.774 | 0,61 | 0 |
Демократска партија на Турците | 3.933 | 0,35 | / | / | 0 |
ВМРО ДПМНЕ, ДА и Лига за демократија | 3.615 | 0,32 | 4.695 | 0,60 | 0 |
Сојуз на Ромите од Македонија | 3.577 | 0,32 | 7.294 | 0,94 | 1 |
Останати | 15.636 | 1,40 | / | / | 0 |
Неважечки гласови | 27.946 | 2,4 | 14.481 | 1,8 | / |
Вкупно | 1.146.335 | 100 | 793.674 | 100 | 85 |
Регистрирани гласачи/одзив | 1.572.976 | 72,9 | 1.142.926 | 69,4 | / |
Извор: Собрание на Република Македонија, Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 64, 194-195 стр. и Цане Мојаноски, „Летопис на македонската демократија“, „Пакунг“, Скопје, 2000, 72 стр.
Вкупно освоени мандати Уреди
Политички партии | Мнозинска листа | Пропорционална листа | Вкупно освоени мандати | +/- |
ВМРО ДПМНЕ | 38 | 11 | 49 | ▲49 |
Социјалдемократски сојуз на Македонија | 17 | 10 | 27 | ▼60 |
Партија за демократски просперитет | 10 | 4 | 14 | ▲4 |
Демократска алтернатива | 9 | 4 | 13 | ▲13 |
Демократска партија на Албанците | 7 | 4 | 11 | ▲11 |
Либерално демократска партија | 2 | 2 | 4 | ▼2 |
Социјалистичка партија на Македонија | 1 | 0 | 1 | ▼8 |
Сојуз на Ромите од Македонија | 1 | 0 | 1 | ▲1 |
Вкупно | 85 | 35 | 120 |
Наводи Уреди
- ↑ Цане Мојаноски, „Летопис на македонската демократија“, „Пакунг“, Скопје, 2000, 71 стр.