Виница (Украина)
Виница (украински: Ві́нниця) — град, сместен на бреговите на реката Јужен Буг, во средишниот дел на Украина. Таа е административен центар на Виничката област.
Виница Вінниця | |||
---|---|---|---|
Старата кула за вода во Виница (сега Музеј на воените ветерани) | |||
Карта на Украина на која е означена Виница | |||
Координати: 49°14′0″N 28°29′0″E / 49.23333° СГШ; 28.48333° ИГД | |||
Држава Област Реон | Украина Виничка област Градска Општина Виница | ||
Основан | 1363 | ||
Управа | |||
• Претседавач на градскиот совет | Володимир Борисович Гројсман | ||
Површина | |||
• Вкупна | 79,94 км2 (3,087 ми2) | ||
Население | |||
• Вкупно | 370.100 | ||
• Густина | 5.066/км2 (13,120/ми2) | ||
Поштенски број | 21000- | ||
Повик. бр. | +380 43 | ||
Мреж. место | www.vmr.gov.ua |
Имиња
уредиВиница е исто така позната по големиот број на варијанти на своето име во другите јазици: руски: Ви́нница, полски: Winnica, германски: Winniza и романски: Vinniţa. Сите овие имиња потекнуваат од словенскиот збор за винова лоза.
Историја
уредиВиница бил важен трговски и политички центар од 14 век, кога Федир Коријатович, внук на литванскиот војвода Олгерд, изградил тврдина (1363) против татарските напади на бреговите на реката Јужен Буг. Оттогаш, градот станал важен дел во наредните спорови помеѓу Литванија, Татарите (кои ја запалиле тврдината во 1580), Полска, Турција (кои владееле со градот и областа од 1672 до 1699), Козаците и на крајот Русија, која го припоила градот и областа по Втората поделба на Полска во 1793. Русија започнала да ги брише римокатоличките траги од градот - католичките цркви во градот (вклучувајќи ја и сегашната Катедрала) биле претворени во руски православни цркви.
Гробниците на жртвите од Виничкиот масакр во текот на сталинистичката репреција од 1937–1938 биле ексхумирани од Германците во 1943.
Адолф Хитлер го поставил своето најисточно седиште Führerhauptquartier Werwolf близу градот и поминал неколку недели таму во 1942 и на почетокот на 1943.
Во самиот град и неговата околина биле извршени неколку нацистички злосторства од Einsatzgruppe D. Проценките за бројот на жртвите се движат до најмногу 28.000. Овие проценки ги вклучуваат и целосното истребување на големото еврејско население во градот.
Географија
уредиВиница се наоѓа околу 260 километри од украинскиот главен град, Киев, 429 километри од пристанишниот град Одеса и 369 километри од Лавов.
Тој е административен центар на Виничката област, како и административен центар на околниот Винички реон во рамките на областа. Самиот град е исто така означен како сопствен реон во рамките на областа и припаѓа на историската област Подилја.
Меѓународниот аеродром Гавришивка (IATA: VIN, ICAO: UKWW) се наоѓа во Виница.[1][2] Од крајот на Втората светска војна, Виница била дом на голема советска база на воздухопловните сили, вклучувајќи аеродром, болница, касарни и други воени објекти. Во градот во периодот 1960 и до раните 1990-ти се наоѓала и 43. ракетна армија.[3] Воедно, во градот се наоѓала и 24. воздухопловна армија, која се наоѓала во Виница од 1960 до 1992. Командата на украинските воздухопловни сили се наоѓа во Виница од 1992.
Клима
уредиДолгите топли лета со голема влажност и релативно кратките зими се карактеристични за Виница. Просечната температура во јануари е -5,8 °C и 18,3 °C во јули. Просечните годишни врнежи се 638 мм.
Низ годината, 6-9 дена се случуваат снежни виулици, 37-60 дена во годината има магла во текот на есента и зимата и 3-5 дена има грмотевици и поројни дождови.
Клима на Виница | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Апсолутна максимална (°C) | 11,6 | 17,3 | 22,3 | 29,4 | 32,2 | 35,0 | 37,8 | 36,5 | 31,5 | 28,6 | 19,9 | 15,4 | 37,8 |
Просечна максимална (°C) | −1,4 | −0,3 | 5,2 | 13,4 | 20,1 | 22,7 | 24,8 | 24,3 | 18,7 | 12,4 | 4,7 | −0,4 | 12,0 |
Просечна температура (°C) | −4,1 | −3,3 | 1,2 | 8,3 | 14,5 | 17,4 | 19,2 | 18,6 | 13,4 | 7,8 | 1,7 | −2,8 | 7,7 |
Просечна минимална (°C) | −6,7 | −6,1 | −2,2 | 3,7 | 9,1 | 12,3 | 14,1 | 13,4 | 8,9 | 4,0 | −0,8 | −5,2 | 3,7 |
Апсолутна минимална (°C) | −35,5 | −33,6 | −24,2 | −12,7 | −2,8 | 2,5 | 5,2 | 1,5 | −4,5 | −11,4 | −24,6 | −27,2 | −35,5 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 29 | 28 | 30 | 45 | 50 | 94 | 83 | 66 | 64 | 30 | 37 | 35 | 591 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 7 | 6 | 9 | 13 | 14 | 15 | 15 | 11 | 12 | 11 | 12 | 9 | 134 |
Сончеви часови (месечно) | 58,9 | 70,6 | 114,7 | 171,0 | 248,0 | 255,0 | 266,6 | 260,4 | 195,0 | 133,3 | 57,0 | 40,3 | 1.870,8 |
Извор: Pogoda.ru.net[4]; Хонгконгшка опсерваторија.[5] |
Градби
уреди- ТВ Кула Виница
- Баптистичка црква - Виница е дом на една од најголемите евангелистички цркви во цела Европа.
- Музеј за авганистанската војна и спомен-парк за словенската војна – Музејот за авганистанската војна се наоѓа во кула од црвени кули. Се одржуваат изложби на слики, писма и други артефакти за војниците од Виница, кои се бореле во војната. Спомен-паркот вклучува голема скулптура на тројца различни војници од Втората светска војна. Вечниот оган гори пред самата скулптура.
Меѓународни односи
уредиЗбратимени градови
уредиВиница е збратимен со:
- Виница, Македонија
- Келце, Полска
- Питерборо, Англија, Велика Британија
- Бирмингем (Алабама), САД
- Рибница, Молдавија
- Бурса, Турција
- Липецк, Русија
- Невски округ на Санкт Петербург, Русија
- Бат Јам, Израел
Галерија
уреди-
Главната железничка станица
-
Катедрала во Виница (1758)
-
Баптистичка црква
-
Современа градба, изградена од архитектот В.П. Листовичиј
-
Медицинскиот универзитет во Виница
-
Државен академски театар
-
Фудбалски стадион
Наводи
уреди- ↑ IATA: Airline and Airport Code Search. Enter code VIN in Search by Location Code, 7 ноември 2011.
- ↑ Информации за аеродромот на airport-data.com. 7 ноември 2011.
- ↑ „43rd Missile Army“. Ww2.dk. Посетено на 16 септември 2011.
- ↑ „Pogoda.ru.net“ (руски). мај 2011. Посетено на 2 август 2012.
- ↑ Климатолошки информации за Виница, Украина Архивирано на 4 март 2016 г., Хонгконгшка опсерваторија, 7 август 2012.
Надворешни врски
уреди„Виница (Украина)“ на Ризницата ? |
- Слики од градот Архивирано на 6 септември 2006 г. (украински)
- Туризам за градот Архивирано на 16 мај 2014 г. (англиски) (украински)
- Историска страница за Виница Архивирано на 20 ноември 2007 г. (украински)
- Знаменитости на градот (англиски)
- 3Д модел на градот Архивирано на 18 мај 2013 г.