Харков (украински: Ха́рків; руски: Харьков) — најголем град во источна Украина и втор по големина град во земјата. Градот е административен центар на истоимената област и претставува главен научен, индустриски и студентски центар во Украина.[5]. Во време на СССР, градот бил најголем центар за производство на тенкови, трактори и турбини[6] и трет најголем индустриски, научен и превозен центар после Москва и Санкт Петербург[5] Во втората половина на XX век, Харков бил главен превозен јазол во Југоисточна Европа.[7]

Харков
Харків
Харьков
Знаме на ХарковГрб на Харков
Координати: 50°00′00″N 36°13′45″E / 50.00000° СГШ; 36.22917° ИГД / 50.00000; 36.22917
Земја Украина
ОпштинаХарков
основан1655-56[2]
Реон
Управа
 • ГрадоначалникГенадиј Кернес[3]
Површина
 • Градска350 км2 (140 ми2)
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „о“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „о“
}}
од 94 до 205 м
Население (1 декември 2012)
 • Градско1,449,358[1]
 • Густина4.141/км2 (10,730/ми2)
 • Метро1,730,000[4]
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски број61001 — 61204
Повик. бр.+380 57
Авто. рег. таб.AX / 21
Мреж. местоwww.city.kharkov.ua

Современиот град е основан во внатрешноста на ѕидините од древнорускиот град-тврдина „Харков“ околу 1654 година[а], а понекогаш се поистоветува со половецкиот град од XI век „Шарукан“ или со хунскиот град од V век „Харка“. Градот се стекнал со Магдебуршко право во 1787 година. Во периодот од февруари до мај 1918, Харков бил главен град на Доњецко-Криворошката Советска Република, од март до апрел истата година на Украинската Советска Република, а од март до јуни 1919 и од декември 1919 до јуни 1934 година и прв главен град на Украинска ССР. Денес, градот зазема централно место во истоимената област и во него живеат 1.449.358 жители.

Во Харков се сместени 142 научно-истражувачки институти[8][9]; 45 високообразовни институции, вклучувајќи го и Харковскиот универзитет (основан во 1805 година како шести најстар универзитет во Руската Империја) и Харковскиот политехнички институт (основан во 1885 година како втора најстара политехничка високообразовна инситутција во Руската Империја), во коишто се образуваат 230 илјади студенти;[10]; 16 музеи[11]; градска ликовна галерија[10]; 6 државни театри[10] и 80 библиотеки[10].

Низ својата историја, градот бил одликуван со Лениновиот орден (4 декември 1970) и Орденот на Октомвриската револуција (23 август 1983), а исто така и со награда доделана од Советот на Европа (29 април 2010).[12]

Како орган на локалната самоуправа се јавува Харковскиот градски совет.

Во 2012 година, градот бил еден од четирите украински градови во коишто се одиграле натпревари во рамки на Европското првенство во фудбал 2012.

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  • а Во 1905 година биле одбележани 250, во 1956 година 300, а во 2004 година 350 години од постоењето на современиот град Харков.

Наводи

уреди
  1. „Чисельність населення на 1 грудня 2012 року“. Архивирано од изворникот 2012-12-22. Посетено на 2013-02-07.
  2. Харьков. Great Soviet Encyclopedia.
  3. Kharkiv mayor declares over Hr 6 million income for 2011, Kyiv Post, 10 април 2012.
  4. Denografia. Urban world area. 7th Annaul edition. April 2011
  5. 5,0 5,1 Харьков: Архитектура, памятники, новостройки: Путеводитель. Сост. А. Лейбфрейд, В. Реусов, А. Тиц. — Х.: Прапор, 1987
  6. Харьков, 1941-й. Часть первая: У края грозы. Харьков: Райдер. 2008. стр. 100. ISBN 978-966-8246-92-0. На |first= му недостасува |last= (help)
  7. Харьков, 1941-й. Часть вторая: Город в огне. Харьков: Райдер. 2009. стр. 148. ISBN 978-966-96896-7-2. На |first= му недостасува |last= (help)
  8. Перечень научно-исследовательских институтов Харькова
  9. Перечень научно-исследовательских институтов Харькова: конец списка
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Всё о туризме. Гостиницы Харькова
  11. Справочник «Весь Харьков». Музеи
  12. Срочно! Харьков получил Премию Совета Европы, Общественные новости в Харькове, Украине и Мире