Украинска гривна
Украинска гривна (украински: українська гривня, МФА: [ˈɦrɪu̯nʲɑ], ознака UAH) — официјална валута во Украина и се состои од 100 копејки (едн. копејка, укр. копійка). Националната Банка на Украина (Національний Банк України) има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Украина.
Украинска гривна | |
---|---|
українська гривня (украински) | |
ISO 4217 | |
Код | UAH |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | копејка |
Множина | гривни |
копејка | копејка |
Симбол | ₴ |
Банкноти | 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни |
Монети | 1, 2, 5, 10, 25, 50 копејка, 1 гривна |
Демографија | |
Корисник/ци | Украина |
Издавач | |
Централна банка | Национална Банка на Украина |
Мреж. место | www.bank.gov.ua |
Вредност | |
Инфлација | 3% (проц. за 2012) |
Извор | Bloomberg, 6 март 2012 |
Името на украинската парична единица потекнува од времето на Киевски Рус - гривната била главна парична единица на Киевски Рус. Украинската Народна Република ја користела гривната како национална валута во периодот од 1918 до 1920.
По вторпат гривната била воведена на украинскиот пазар на 2 септември 1996 година.
Денес во Украина во оптек се метални монети со деноминации од 1, 2, 5, 10, 25, 50 копејки и 1 и 2 гривни, како и хартиени банкноти со деноминација од 1, 2, 5, 10, 20, 50, 100, 200, 500 гривни.
На аверсот на гривните се значајни личности од украинската историја.
- 1 гривна — Владимир Велики
- 2 гривни — Јарослав Мудриот
- 5 гривни — Богдан Хмелницки
- 10 гривни — Иван Мазепа
- 20 гривни — Иван Франко
- 50 гривни — Михајло Хрушевски
- 100 гривни — Тарас Шевченко
- 200 гривни — Лесја Украинка
- 500 гривни — Григори Сковорода
Украинските монети
уредиСлика | Деноминација | Технички параметри | Опис | Воведување | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лице | Опачина | Пречник | Дебелина | Маса | Состав | Раб | Лице | Опачина | ||
1 копејка | 16 мм | 1,2 мм | 1,5 гр | не’рѓосувачки челик | Рамен | Грбот на Украина | Деноминација | 1992 | ||
2 копејки | 17,3 мм | 1,2 мм | 0,64 или 1,8 гр | алуминиум или не’рѓосувачки челик | ||||||
5 копејки | 24 мм | 1,5 мм | 4,3 гр | Не’рѓосувачки челик | Назабен | |||||
10 копејки | 16,3 мм | 1,25 мм | 1,7 гр | Месинг или алуминиумска бронза | Reeded | Грбот на Украина | Деноминација | 1992 | ||
25 копејки | 20,8 мм | 1,35 мм | 2,9 гр | Reeded and plain sectors | ||||||
50 копејки | 23 мм | 1,55 мм | 4,2 гр | |||||||
1 гривна | 26 мм | 1,85 мм | 7,1 или 6,9 гр | Напис: „ОДНА ГРИВНЯ“ (една гривна), година на воведување |
Украинските банкноти (серија 1992 г.)
уредиСлика | Вредност | Димензии | Главна боја | Description | Дата на | |||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лице | Опачина | Лице | Опачина | Прво печатање | Воведување | |||
1 гривна | 135 х 70 мм | темнозелена | Владимир Велики | рушевините на Херсонес | 1992 | 2 семтември, 1996 | ||
2 гривни | кафена | Јарослав Мудриот | Катедрална црква на Свети Софија во Киев | |||||
5 гривни | Темносино | Богдан Хмелницки | црква во селото Суботов | |||||
10 гривни | виолетова | Иван Мазепа | Киевско-печерска лавра | |||||
20 гривни | жолта и кафена | Иван Франко | Лавовски театар на операта и балетот |
Надворешни врски
уреди„Украинска гривна“ на Ризницата ? |
- Историја на валутата Архивирано на 13 август 2006 г.
- Монетите на поранешните советски републики[мртва врска]