Харковска Област

(Пренасочено од Харковска област)
Харковска Област[1]
Харківська область
Знаме

Местоположба
Харковската област е означена со бледо-црвена боја
Информации
Админ. центар:Харков
Официјални јазици:украински
Површина:31 415[2] km²
Население:2,598,961 (2022 проценка).[3]
Број на реони:27
Регистерска ознака:АХ
Областен управител:Јулија Свитлична


Харковска Област (украински: Харківська область, руски: Харьковськая область; исто така се нарекува и Харковшчина - украински: Харківщина) е област (покраина) во источниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Харков.

Географија

уреди

Харковската Област има вкупна површина од 31.415 км2. На запад се граничи со Полтавската Област, на север со Сумската Област и Русија, на југ со Днепропетровската и Донечката Област, а на исток со Луганската Област. Во областа има 1508 села и 17 градови. Најдолга река во областа е Сиверски Донец, а други значајни реки се и Уди и Оскил.

Демографија

уреди

Според пописот на населението во 2001 година, најголемиот дел од населението во Харковската Област го сочинуваат Украинците (70,7%), а остатокот го сочинуваат Руси (25,6%), Евреи, Белоруси, Ерменци и други.

Наводи

уреди
  1. Syvak, Nina; Ponomarenko, Valerii; Khodzinska, Olha; Lakeichuk, Iryna (2011). Veklych, Lesia (уред.). Toponymic Guidelines for Map and Other Editors for International Use (PDF). United Nations Statistics Division. scientific consultant Iryna Rudenko; reviewed by Nataliia Kizilowa; translated by Olha Khodzinska. Kyiv: DerzhHeoKadastr and Kartographia. стр. 20. ISBN 978-966-475-839-7. Посетено на 2020-10-06.
  2. Статистичний збірник «Регіони України» 2016. Частина І / За редакцією І. М. Жук. Відповідальний за випуск М. Б. Тімоніна. — К.: Державна служба статистики України, 2016. (укр.)
  3. Чисельність наявного населення України на 1 січня 2022 [Број на сегашно население на Украина, од 1 јануари 2022 година] (PDF) (украински и англиски). Киев: Државна служба за статистика на Украина. Архивирано (PDF) од изворникот 4 јули 2022.

Надворешни врски

уреди