Херсон (украински: Херсо́н) — град во Јужна Украина, седиште на Херсонската Област. Значаен е како пристаниште на Црното Море и реката Днепар и има мошне развиена бродоградба. Населението брои 294,941 жители (2015)[2]. Сместен е на високиот десен брег на реката Днепар.

Херсон
Херсон
град од обласно значење
Знаме на ХерсонГрб на Херсон
Земја Украина
ОбластХерсонска област Херсонска
Градски реониДнепровски
Суворовски
Комсомолски
Основан18 јуни 1778
Управа
 • ГрадоначалникВолодимир Миколаенко (независен)[1]
Површина
 • Вкупна135,7 км2 (524 ми2)
Надм. вис.&1000000000000046600000046,6 м
Население (2015)
 • Вкупно294,941
 • Густина2.200/км2 (6,000/ми2)
Пошт. бр.73000
Повик. бр.+380 552
Мреж. местоcity.kherson.ua

Од припојувањето на Крим кон Русија во 2014 година, во Херсон е воспоставена канцеларијата на претседателскиот претставник на Украина во Крим.[3]

Историја

уреди
 
Црквата „Св. Катерина“
 
Григориј Потемкин

Сè до 1774 г. подрачјето било во состав на Кримското Ханство.

Херсон е основан во 1778 г. од кнезот Григориј Потемкин по налог на царицата Катерина Велика. Градот е изграден под раководство на генералот Иван Ганибал на место на малата тврдина Александершанц. Наречен е по старогрчката колонија Херсонес Тавриски, основана во VI век п.н.е. во југозападен Крим. Едно од првите зданија во утврдувањето бил соборниот храм „Св. Катерина“ каде подоцна е е погребан кнезот Потемкин. Кај Херсон е уловен последниот тарпан во 1866 г.

Кон средината на XIX век во Херсон се доселило многубројно еврејско население[4] кое веднаш станало рамнобројно на украинското со дури 41,4 % од градот[5]. До 1939 г. истото се намалило на 16,6 %[6], а денес изнесува само 0,5 %[7].

Управна поделба

уреди
 
Градскиот дом, денес ликовен музеј.

Градот се состои од три реони.

  • Суворовски — стариот дел од градот, наречен по рускиот генерал Александар Суворов. Ги опфаќа микрореоните: Тавријскиј, Пивничниј и Млини.
  • Днепарски — наречен по реката Днепар. Ги опфаќа микрореоните: ХБК, Текстиљниј, Склотара, Слобидка, Военка, Схидниј.
  • Корабељни — наречен по бродоградбата. Ги опфаќа микрореоните: Шуменски, Корабел, Забалка, Сухарне, Житоселишче, Селишче — 4, Селишче — 5.

Сообраќај

уреди

Покрај морското и речното пристаниште, Херсон е поврзан со државната железничка мрежа, со секојдневни брзи возови до Киев, Лавов и други градови. Има и помал меѓународен аеродром.

Сообраќај

уреди

Во градот има 77 образовни установи, од кои 15 отпаѓаат на вишо и високо образование. Меѓу нив знајзначајни се:

  • Херсонски државен универзитет
  • Државен земјоделски универзитет
  • Државен технички универзитет
  • Меѓународен универзитет за бизнис и право

Знаменитости

уреди
  • Црква „Св. Катерина“ — изградена во 1780-тите, по нацрт на Иван Старов; има гробница на кнезот Потемкин.
  • Еврејски гробишта
  • Херсонска телевизиска кула — позната градба во градот.
  • Аџиголски светилник — хиперболоидна градба на Владимир Шухов, 1911 г.

Збратимени градови

уреди

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Incumbent mayor Mykolayenko reelected in Kherson“. interfax.com.ua. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 3 мај 2018.
  2. „Чисельність наявного населення України“ (PDF). Державний Комітет Статистики України. Посетено на 1 July 2016.
  3. Official website Архивирано на 3 март 2016 г.. Претседателски претставник на Украина во Крим.
  4. „KHERSON“. JewishEncyclopedia.com. Архивирано од изворникот на 22 септември 2012. Посетено на 19 август 2012.
  5. Кабузан В.М — Народонаселение Бессарабской области и левобережных районов Приднестровья, конец XVIII-первая половина XIX в
  6. Всесоюзная перепись населения 1939 года. Национальный состав населения районов, городов и крупных сел союзных республик СССР. г. Николаев
  7. „Романцов В. О. Населення України і його рідна мова за часів радянської влади та незалежності“. Архивирано од изворникот на 2016-03-06. Посетено на 2018-08-01. no-break space character во |title= во положба 12 (help)

Надворешни врски

уреди