Географија на Украина
Украина е втората најголема земја во Европа. Нејзините различни региони имаат различни географски одлики, кои се движат од висорамнини до низини.
Географска положба
уредиУкраина има стратешка положба во Источна Европа, граничејќи се со Црното Море на југ, со Полска, Словачка и Унгарија на запад, со Белорусија на север, со Молдавија и Романија на југозапад и со Русија на исток.
Северниот дел на Карпатите се наоѓаат во Украина во нејзиниот западен дел. Највисокиот врв е Говерла, које 2.061 метар висок. Поголемиот дел на површината на Украина има одлики на степа, особено северно од Црното Море. Украина е скоро на половина поделена со реката Днепар, која ја сече Украина од север на југ. Се влева во Црното Море, западно од Крим и близу устието на реките Јужен Буг и Днестар. Границата со Русија е најдолга граница на земјата и води низ водите на Азовското Море.
Земја
уредиВкупната површина на Украина е 603.550 км2. Вкупната должина на границите на Украина изнесува 4.558 километри. Должините на границите со секоја земја се: Белорусија 891 км, Унгарија 103 км, Молдавија 939 км, Полска 428 км, Романија 169 км на југ и 362 км на запад, Русија 1576 км и Словачка 90 км. Исто така, Украина има крајбрежје во должина од 3.783 км.
Поголемиот дел на Украина се состои од плодни низини (или степи) и висорамнини. Во поглед на користењето на земјата, 58% во Украина се смета за обработливо земјиште; 2% се користи за постојани посеви, 13% за постојани пасишта, 18% за шуми и дрва и 9% за други намени.
Планините доминираат во западниот дел на земјата и околу Азовското Море. Во западниот дел се наоѓаат Карпатите и пониски планини од Донецкиот Венец близу Азовското Море. Највисоката точка во Украина е врвот Говерла со 2.061 метар.
Височина
уредиПоголемиот дел на Украина се состои од низини со просечна височина од 175 метри надморска височина. Тие се опкружени од планини во западниот дел и крајниот југ. Голем дел од овие низини припаѓаат на Источноевропската Низина.
Дел од висорамнините се Волин-Подилја и Днестар (на десниот брег на реката Днепар) на запад, југозападните делови на Централноруските Висорамнини на кои се протега границата со Русија на исток и Донецкиот венец и Азовската висорамнина близу Азовското Море.
Население
уредиСпоред пописот, вкупното население во Украина е околу 44.800.000 жители. Густината на населеноста е 77 жители/км2.
Хидрографија
уредиТериторијата на Украина се граничи со водите на Црното Море и Азовското Море. 90% од реките се дел од двете морски сливни подрачја. Неколку реки се дел од сливот на Балтичкото Море. Поголеми реки во Украина се: Десна, Днепар, Днестар, Дунав, Припјат, Северски Доњец и Јужен Буг.
Клима
уредиУкраина има умерено-континентална клима со студени зими и релативно топли лета.[1] Климата во Украина е под влијание на влажниот воздух од Атлантскиот Океан.[2] Врнежите во Украина не се рамномерно распространети, па така западниот и северниот дел на земјата имаат големи врнежи, додека многу помалку има на исток и југоисток. Јуни и јули се обични највлажните месеци, додека февруари е обично најсув месец.[2] Зимите се движат од студени долж Црното Море до многу студени во внатрешноста; летата се топли низ поголемиот дел на земјата и многу топли на самиот југ.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kottek, M.; J. Grieser, C. Beck, B. Rudolf, and F. Rubel (2006). „World Map of the Köppen-Geiger climate classification updated“ (PDF). Meteorol. Z. 15 (3): 259–263. doi:10.1127/0941-2948/2006/0130. Посетено на 2012-08-24.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ 2,0 2,1 Ukraine. (2010). In Encyclopædia Britannica. Retrieved August 23, 2010, from Encyclopædia Britannica Online: http://www.britannica.com/EBchecked/topic/612921/Ukraine