Црква Света Софија (Киев)

50°27′10″N 30°30′52″E / 50.45278° СГШ; 30.51444° ИГД / 50.45278; 30.51444

50°27′10″N 30°30′52″E / 50.45278° СГШ; 30.51444° ИГД / 50.45278; 30.51444{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница
Црква Света Софија
Собор святої Софії
Православна катедрала
Поглед кон црквата
Потекло на името: Света Софија
Земја Украина
Capital city Киев
Окрузи Шевченко, Национално светилиште Света Софија, Комплекс Света Софија
Општина Киев
Знаменитости Катедрала Света Софија, камбанарија, Трапезална црква, Конзисторија, Митрополитска катедрала
Координати 50°27′10″N 30°30′52″E / 50.45278° СГШ; 30.51444° ИГД / 50.45278; 30.51444
Должина на катедралата 29,5 м
 - Length w/galleries 41,7 м
Width of cathedral 29,3 м
 - Width w/galleries 54,6 м
Height of main dome 28,6 м
Стилови Византиска архитектура, барок
Основано Православна катедрала
 - основано 1 Грко-католичка катедрала
 - основано 2 Претворена во православна црква
Датум 11th century
 - датум 1 1596
 - датум 2 1630s
Управа Министерство за култура на Украина
Водач Нелја Куковалска
Светско наследство на УНЕСКО
Име Киев: катедралата Света Софија и сродни монашки објекти
Година 1990 (#14)
Број 527
Регион Европа и Северна Америка
Критериуми i, ii, iii, iv
Признавање Седум чуда на Украина[1]
Портал: www.sophia.org.ua

Катедралната црква Света Софија (украински: Собор Святої Софії или Софійський собор) се наоѓа во Киев, Украина, и претставува исклучителен архитектонски споменик на Киевска Русија. Денеска, христијанскиот храм е еден од најпознатите во градот и место кое е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Киевско-печерската лавра. Целиот комплекс од катедралата вклучува неколку градби од кои најатрактивни се камбанаријата и Домот на митрополитот. Во 2011 година, историскиот комплекс преминал во надлежност во Министерството за култура на Украина. Една од главните причини за ова било тоа што овој комплекс и Киевско-печерската лавра се признаени од страна на УНЕСКО, а во Украина двата комплекса биле регулирани од различни државни органи.

Историја

уреди

Изградбата на црквата започнала во 1011 година во времето на кнезот Владимир Велики кој во 988 година го прифатил христијанството како службена религија во Киевска Рус[2] . Катедралата била завршена во 1037 година, во времето на киевскиот кнез Јарослав Мудриот, познат како голем градител на цркви.

Своето име црквата го добила по истоимената катедрална црква која се наоѓала во тогашниот Цариград.[3]. Во почетокот катедралата претставувала мавзолеј на владетелите односно на кнезовите.

Андреј Боголупски, кнез на Владимир-суздал, го заземал Киев во 1169 година[4], а градот паднал и во 1240 во рацете на Татарите. Во тоа време, катедралата била многу оштетена. По создавањето на Брестовската унија во 1596 година, односно времето кога била обединета Римокатоличката и православната црква во Полско-литванската Државна Заедница, катедралата Света Софија припаднала под раководство на Украинската гркокатоличка црква. Во 1633 година црквата станала под раководство на новоименуваниот православен митрополит Петро Могила[5]. Тој наредил катедралата да биде обновена, а самата реконструкција била извршена од страна на италијанскиот архитект Октавијано Манчини во украински барок стил, кој претставува мешавина од византиска архитектура и италијански барок. По ова започнале козачките напади на градот, па денешниот изглед храмот го добил во 1740 година[6].

Во времето кога на власт дошле Болшевиците, во текот на 1920-тите години, во духот на атеизмот, украинската комунистичка влада планирала рушење на катедралата со цел да се направи место за Паркот на хериоте, и чија намена би била прослава на победата на Црвената армија. Сепак, катедралата по многу преговори не била срушена. Но, во 1934 година била конфискувана а самата катедрала била претворена во музеј на историјата.

Во текот на 1980-тите години било покренето барање за враќање на имотот на црквата, но поради спорот соГркокатоличката и Православната украинска црква, околу тоа кој има поголемо право над истата, тоа било одложено. Во следните години било дозволено во објектот да се одржуваат верски обреди но во посебни верски денови.

Во 1995 година дошло до крвави протести помеѓу припадниците на двете заедници, па државата повторно забранила обреди, претворајќи ја во музеј.

Наводи

уреди