Демографија на Украина
Украинците сочинуваат 77,8% од вкупно население во Украина. Најбројни национални малцинства се Русите 17,3% по кои следат Русините 0,9%. Важно е да се напомене дека украинската власт не ги признава Русините како посебен народ, туку како украински етнос, а нивниот русински јазик го смета за украински дијалект.
Демографија на Украина | |
---|---|
Население на Украина (во милиони) според пописите од 1950 до 2010 г. | |
Население | 45.426.200▼ (1 јануари 2014) |
Прираст | -3,5 ▲ /1.000 жит. (2013) |
Родност | 11.1 ▲ раѓ/1.000 жит. (2013) |
Смртност | 14.6 ▼ умр/1.000 жит. (2013) |
Очекуван животен век | 71,37 години ▲ (2013) |
• мажи | 66,34 ▲ години |
• жени | 76,22 ▲ години |
Плодност | 1,46 ▲ деца/жена (2011) |
Новороденечка смртност | 9,0 умр/1.000 ▼ новор. (2011) |
Net migration rate | 0,3 досел/1.000 жит.(2008) |
Старосна структура | |
0-14 г. | ▲ 14,2% (машки 3.277.905/женски 3.106.012) |
15-64 г. | ▲ 69,9% (машки 15.443.818/женски 16.767.931) |
65- г. | ▼ 15,9% (машки 2.489.235/женски 4,909,386) (2008) |
Полов сооднос | |
При раѓање | 1,06 машки/женски |
Под 15 г. | 1,06 машки/женски |
15-64 г. | 0,92 машки/женски |
65-over | 0,51 машки/женски |
Народ | |
Националност | Украинци |
Мнозински | Украинци (77,8%) |
Малцински | Руси (17,3%) |
Јазик | |
Службен | Украински |
Говорен | Руски, Украински, други |
Во Хрватска и Војводина, Русините се признати како посебен етнос.
Од останатите малцинства најбројни се Романците и Молдавците (0,8%), Белорусите (0,6%) и Бугарите (0,4%).
Службен јазик во Украина е украинскиот јазик но од голема важност на економски и културен план е познавањето на рускиот јазик. Украински јазик зборува околу 55% од населението, додека руски јазик 45%.
Сè до отцепувањето на Крим од Украина, Кримските Татари сочинувале 0,5% од населението. Тој број е значително намален поради тоа што највеќето од нив живеат на тој полуостров.