Виничка Област

(Пренасочено од Виничка област)
Оваа статија е за област во Украина, не за регионот околу градот Виница во Македонија.
Виничка Област[1]
Вінницька область
Знаме

Местоположба
Карта на Украина, Виничката област е означена со црвено
Информации
Админ. центар:Виница
Официјални јазици:украински
Површина:26.513 km²
Население:1,509,515 (2022 проценка).[2]
Број на реони:27
Регистерска ознака:AB
Областен управител:Сергеј Борзов[3]


Виничката Област (украински: Вінницька область; се нарекува и Виничина - украински: Вінниччина) е област во југозападниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Виница.

Географија

уреди

Виничката Област има вкупна површина од 26.513 км2 (4,4% од Украина). На запад се граничи со Черновечката и Хмелничката Област, на север со Житомирската, на југ со Одеската област и Молдавија, на исток со Киевската, Кировоградската и Черкаската област. Во областа има 1.495 села и 18 градови. Најголеми реки се: Днестар и Јужен Буг.

Демографија

уреди
 
Катедрална црква во Тулчин

Според пописот на населението во 2001 година, во Виничката Област живеат најмногу Украинци (91,5%), а останатите се Руси (5,9%), Евреи (1,4%), Полјаци (0,4%), Белоруси (0,26%), Молдавци (0,2%).

Реони

уреди

Наводи

уреди
  1. Syvak, Nina; Ponomarenko, Valerii; Khodzinska, Olha; Lakeichuk, Iryna (2011). Veklych, Lesia (уред.). Toponymic Guidelines for Map and Other Editors for International Use (PDF). scientific consultant Iryna Rudenko; reviewed by Nataliia Kizilowa; translated by Olha Khodzinska. Kyiv: DerzhHeoKadastr and Kartographia. стр. 20. ISBN 978-966-475-839-7. Посетено на 2020-10-06.
  2. Чисельність наявного населення України на 1 січня 2022 [Број на сегашно население на Украина, од 1 јануари 2022 година] (PDF) (украински и англиски). Киев: Државна служба за статистика на Украина. Архивирано (PDF) од изворникот 4 јули 2022.
  3. „President Volodymyr Zelensky has appointed Serhiy Borzov as chairman of Vinnytsia Regional State Administration“. Ukrinform. 19 June 2020. Посетено на 22 June 2020.

Надворешни врски

уреди