Кримски Планини

планински венец во Крим

Кримски Планини (руски: Крымские Горы; украински: Кримські Гори; кримскотатарски: Qırım dağları) — планински венец кој се протега напоредно на југоисточното крајбрежје на Крим, на оддалеченост од 8-13 км од Црното Море. На западната страна нагло се спуштаат во морето, а на исток постепено преоѓаат во степски предели.

[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Русија Крим" does not exist|250px|Кримски Пл. во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Русија Крим" does not exist]]
Кримски Пл.
Местоположба на Кримските Планини во рамките на полуостровот Крим

Составни масиви

уреди

Составени се од три гребени. Највисок е Главниот, кој се дели на неклку масиви наречени „јајли“:[1]

Врвови

уреди
 
Внатрешниот и Главниот Гребен со Чатир Даг
 
Поглед на Внатрешниот и Главниот Гребен од Надворешниот

Највисокиот врв во Крим е Роман Кош (Роман-Кош, Roman Qoş) на Бабуганската Јајла, со висина од 1.545 м. Други поважни врвови се:

Превои

уреди

Најважни планински превои на Крим се следниве:

  • Ангарски Превој кај Перевалне, на патот од Алушта за Симферопол
  • Бајдарска Врата кај Форос, кој ја поврзува Бајдарската Долина со морскиот брег
  • Ласписки Превој кај ’ртот Аја, на патот од Јалта за Севастопол.

Реки

уреди

Значајни реки на Кримските Планини се Алма, Чернаја и Салгир на северните падини и Учан Су на јужните која го образува истоимениот популарен водопад.

Археологија

уреди

Во пештерскиот систем Буран Каја на Кримските Планини се пронајдени остатоци од најстариот анатомски современ човек во Европа. Фосилите се стари 32.000 години, а придружните предмети се сметаат за поврзани со Граветската култура. На останките се забележуваат засеци од посмртен обред, во кој е сечено месо од мртовецот.[2][3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. јајла (yayla) е кримскотатарскиот назив за ледина
  2. Prat, Sandrine; Péan, Stéphane C.; Crépin, Laurent; Drucker, Dorothée G.; Puaud, Simon J.; Valladas, Hélène; Lázničková-Galetová, Martina; van der Plicht, Johannes; Yanevich, Alexander (17 јуни 2011). „The Oldest Anatomically Modern Humans from Far Southeast Europe: Direct Dating, Culture and Behavior“. plosone. Посетено на 21 јуни 2011.
  3. Carpenter, Jennifer (20 јуни 2011). „Early human fossils unearthed in Ukraine“. BBC. Посетено на 21 јуни 2011.

Надворешни врски

уреди

44°45′N 34°30′E / 44.750° СГШ; 34.500° ИГД / 44.750; 34.500