Азовско Море
Азовско Море — најплиткото море на светот и ги поврзува Керчкиот Проток со Црното Море на југ. На север, запад и југ е опкружено со Украина, а на исток со Русија.
Азовско Море | |
---|---|
Координати | 46°N 37°E / 46° СГШ; 37° ИГД |
Главни приливи | Дон и Кубањ |
Се верува дека ова море го добило своето име по кнезот од Полска со име Азум или Асуф, кој загинал бранејќи го својот град во оваа област во 1067 година. Повеќето научници го нарекуваат Азов или Азака, што на турски значи „низок“, што се однесува до неговата местоположба.
Морето е долго 340 км и широко 135 км. Главни реки кои се влеваат во ова море се Дон и Кубањ, кои ја смалуваат соленоста на водата, со тоа што носат големи количини на тиња во водата.
Азовското Море е најплитко море на светот со просечна длабочина од 13 м и најголема длабочина од 15,3 м. На местата со големи наноси на тиња, морето е длабоко помалку од 1 метар. Количината на солта се движи од 1-15 промили во зависност од годишните времиња.[1]
Плиткоста и малите количини сол го прават ова море погодно за замрзнување. Формирањето на морскиот лед може привремено да се случи во било кој дел од периодот декември до половината на март.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Climatological Atlas of the Sea of Azov“. National Oceanographic Data Centre. Посетено на 6 јануари 2008.
- ↑ Sea ice survey - annual, University of Wisconsin Space Science and Engineering Centre