Отвори го главното мени

Административна поделба на Украина

Украина е поделена на 27 единици: 24 области, една автономна република и два града со специјален статус.

Административната поделба на Украина е непосредно наследена од администрирањето на украинската ССР во рамките на Советскиот Сојуз и била многу менувана од средината на XX век. Таа е малку сложена, бидејќи содржи поголем број на територијална поделба и исто така има своја класификација за разни населби.

Поранешни единициУреди

Сè до март 2014 г. Украина ги опфаќала и Автономната Република Крим и Севастопол како град со специјален статус. Таа година Крим се соочил со безбедносна опасност поради украинската криза и распишал референдум, каде народот во огромно мнозинство изгласал отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Во март истата година полуостровот преминал во руската Република Крим, а Севастопол станал федерален град на Русија.

СтруктураУреди

Постојат три поголеми административни единици: област (регион), реон (округ) и населби: град, урбани и рурални населби.

ОбластиУреди

Областите се големи административни подрачја во земјата. Скоро секоја област е именувана по нејзиниот административен центар, додека две од нив се именувани по историски области. Покрај 24-те области, постојат и 2 града со специјален статус (Киев и Севастопол), дадени најдолу.

Област Украински Површина (км²) Население (2010) Густина Админ. центар Реони Градови[1]
  Автономна Република Автономна Республіка Крим 26.081 1.965.031 75,27 Симферопол 14 11
  Виничка Вінницька область 26.513 1.646.250 61,85 Виница 27 6
  Волинска Волинська область 20.144 1.038.223 51,49 Луцк 16 4
  Днепропетровска Дніпропетровська область 31.974 3.344.073 104,25 Днипро 22 13
  Донечка Донецька область 26.517 4.448.031 166,95 Донецк 18 28
  Житомирска Житомирська область 29.832 1.283.201 42,84 Житомир 23 5
  Закарпатска Закарпатська область 12.777 1.246.323 97,64 Ужхород 13 5
  Запорошка Запорізька область 27.180 1.805.431 66,21 Запорожје 20 5
  Ивано-Франковска Івано-Франківська область 13.928 1.380.770 99,05 Ивано-Франковск 14 5
  Киевска Київська область 28.131 1.719.602 61,05 Киев 25 13
  Кировоградска Кіровоградська область 24.588 1.014.809 41,02 Кропивницки 21 4
  Лавовска Львівська область 21.833 2.545.634 116,49 Лавов 20 9
  Луганска Луганська область 26.684 2.300.412 85,74 Луганск 18 4
  Николаевска Миколаївська область 24.598 1.186.452 48,06 Николаев 19 5
  Одеска Одеська область 33.310 2.387.636 71,69 Одеса 26 7
  Полтавска Полтавська область 28.748 1.493.668 51,68 Полтава 25 5
  Ровненска Рівненська область 20.047 1.152.576 57,50 Ровне 16 4
  Сумска Сумська область 23.834 1.166.765 48,66 Суми 18 7
  Тернополска Тернопільська область 13.823 1.086.694 78,36 Тернопол 17 1
  Харковска Харківська область 31.415 2.755.177 87,61 Харков 27 7
  Херсонска Херсонська область 28.461 1.091.151 38,20 Херсон 18 3
  Хмелничка Хмельницька область 20.645 1.331.534 64,22 Хмелницки 20 6
  Черкаска Черкаська область 20.900 1.291.135 61,44 Черкаси 20 6
  Черниговска Чернігівська область 31.865 1.104.241 34,41 Чернигов 22 3
  Черновечка Чернівецька область 8.097 903.782 111,67 Черновци 11 2
  Киев Київ 839 2.782.016 3.337,78 Киев 10 1
  Севастопол Севастополь 864 380.301 440,71 Севастопол 4 2

Град со специјален статусУреди

Гавниот град Киев и градот Севастопол со специјални статус, што значи дека е во непосредна надлежност на централната влада.

ОкрузиУреди

Реоните се мали територијални единици во Украина. Постојат преку 450 реони во 24-те области. Просечната површина на еден украински реон е 1.200 км², додека просечното население е 52.000 луѓе.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Се однесува на градовите наречени „градови од обласно значење“ (украински: міста обласного значення) и се во надлежност на обласната управа наместо на управите на нивните реони.

Надворешни врскиУреди