Тибо Куртоа
Тибо Куртоа (роден на 11 мај 1992 во Бре, Белгија) — белгиски фудбалер, голман на Реал Мадрид и на белгиската репрезентација.
Тибо Куртоа | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Тибо Никола Марк Куртоа[1] | ||
Роден на | 11 мај 1992 | ||
Роден во | Бре, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[2] | 2,00||
Позиција | голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
Билзен | |||
Генк | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009-2011 | Генк | 41 | (0) |
2011-2018 | Челси | 126 | (0) |
2011-2014 | → Атлетико Мадрид | 111 | (0) |
2018- | Реал Мадрид | 166 | (0) |
Репрезентација | |||
2009–2010 | Белгија 18 | 4 | (0) |
2011– | Белгија | 102 | (0) |
Биографија
уредиРоден во Лимбург[3] од татко Тјери Куртоа, валонец од Ене,[4] и мајка Гите Ламбрехтс, фламанка од Билзен, двајцата одбојкари; благодарение на ова потекло, тој носи презиме од француско говорно подрачје, но во исто време зборува течно и холандски јазик. Тој е помлад брат на Валери, либерото на женската одбојкарска репрезентација на Белгија.[5]
Од 2023 година, тој е сопственик на автомобилски тим, ТЦ Рејсинг, основан во соработка со шпанскиот возач Роберто Мерхи.[6]
Технички карактеристики
уредиГолман со комплетен репертоар, без посебни слабости,[7] се издвојува по чувството за поставеност,[8][9] карактерните квалитети[8][10] и способност за високо излегување од голот, овозможено од неговиот значителен раст.[11] Извонреден е и на линијата благодарение на одличните рефлекси,[7] способен е да одбрани дури и во ситуации еден на еден со противничкиот напаѓач.[9]
Клупска кариера
уредиГенк
уредиСвојата кариера ја започнал во локалниот клуб Близен,[12] како лев бек. Набргу потоа, во 1999 година, тој се приклучил на Генк на седумгодишна возраст и токму таму бил претворен во голман.
Своето деби за Генк го направил на 17 април 2009 година, во домашниот натпревар против Гент кој завршил 2-2; на крајот на сезоната, и покрај тоа што бил спореден актер, го освоил својот прв трофеј, националниот куп на Белгија. На 29 јули 2010 година, тој го направил своето деби во европските купови, на гостувањето кај финскиот Интер Турку во Лига Европа, кој завршил со убедлива победа на белгијците од 1-5.[13] Во својата трета и последна година во Генк, сезоната 2010-2011, тој бил редовен стартер на голот и протагонист во освојувањето на белгиското првенство.
Атлетико Мадрид
уредиСо ипресивните одбрани во последна сезона во Генк, го привлекол интересот на англискиот Челси, кој го купил на 26 јули 2011 година и потоа веднаш го позајмил на шпанскиот клуб Атлетико Мадрид.[14] Првично натпреварувајќи се да го преземе наследството на Давид де Хеа со поискусниот Серхио Асенхо, Куртоа го имал своето деби за Атлетико во натпреварот од Лига Европа против Виторија Гимараеш,[15] додека неговото деби во Примера Дивисион дошло на 28 август 2011 против Осасуна, кое завршило 0-0. Добрите настапи кои ги понудил на стартот од сезоната дефинитивно му гарантираат стартно место.[16] На 26 ноември 2011 година, го добил првиот црвен картон во кариерата за време на дербито против Реал Мадрид, поради професионален фаул над Карим Бензема.[17] На 9 мај 2012 година, во Букурешт, со Куртоа на голот, Атлетико ја освоил Лига Европа, победувајќи го Атлетик Билбао со 3-0 во финалето.[18]
Позајмицата на Куртоа во Мадрид била обновена за сезоната 2012-2013. На 31 август, тој го започнал натпреварот од Суперкупот на УЕФА 2012, во кој популарните Атлети го победиле Челси со 4-1. Втората сезона во Шпанија, ја завршил со освојување на Купот на Шпанија.
Позајмицата на голманот меѓу Атлетико и Челси била обновена и за следната година: овој пат се вметнува клаузула од 3 милиони евра која шпанците би требало да ја платат на англичаните доколку двата тима повторно се сретнат, а играчот уште еднаш се сретнал против тимот во чија сопственост се наоѓа;[19] сепак, УЕФА го прогласила договорот за ништовен во април 2014 година, кога Куртоа и Колчонеросите повторно се нашле против Сините за полуфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи било оценето дека е штетно за интегритетот и прописите на спортското натпреварување.[20] Куртоа го напуштил Атлетико на крајот на сезоната, откако играл во финалето на Лигата на шампионите во Лисабон, кое тој и неговите соиграчи го загубиле по продолженија од градскиот ривал Реал Мадрид. Неколку дена претходно, ремизирајќи 1-1 на Камп Ноу против Барселона, Атлетико го освоил шпанското првенство по 18 години.
Челси
уредиВо летото 2014 Куртоа се вратил во Челси, веднаш добивајќи го стартното место во тимот.[21] Дебитирал за Сините на 18 август 2014, во рамките на првото коло од Премиер лигата 2013-2014, против Барнли на Трф Мор, натпревар кој Челси го добил со 3-1 и покрај тоа што првиот гол го постигнале домаќините преку Скот Арфилд кој го совладал Куртоа во 14-тата минута.[22] Во следниот натпревар, тој ја сочувал својата мрежа сува, во победата со 2-0 над Лестер Сити. На 1 март 2015 година, Куртоа го освоил првиот трофеј со Челси, кога Сините го совладале Тотенхем со 2–0 во финалето на Лига купот, во натпревар во кој Куртоа останал неискористена замена за Петр Чех;[23] Неколку месеци подоцна, Челси триумфирал и во првенството, за кое Куртоа придонел со 32 настапи и голем број на важни одбрани.
Следната сезона, Куртоа бранел во поразот со 1-0 од Арсенал во ФА Комјунити Шилд,[24] а шест дена подоцна, на отворањето на кампањата во Премиер лигата во натпреварот на домашен терен против Свонзи Сити, тој добил директен црвен картон за направен прекршок за пенал врз Бафетимби Гоми.[25] Откако ја отслужил суспензијата, на 23 август, тој му одбранил удар од белата точка на Џејмс Морисон, во победата со 3-2 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.[26] На 16 април 2016, во натпреаварот на домашен терен против Манчестер Сити, тој повторно бил ислучен по прекршокот што го направил над Фернандињо, станувајќи шесттиот голман во историјата на Премиер лигата кој двапати бил исклучен во рамките на една сезона.[27]
Во сезоната 2016-2017, под водството на новиот тренер, италијанецот Антонио Конте, Куртоа со Челси го освојува својот втор наслов во Премиер лигата. Бранејќи во 36 од 38-те натпревари на клубот, тој успеал да ја сочува својата мрежа во 16 натпревари, што му било доволно да ја освои наградата Златна ракавица на Премиер лигата.[28] Куртоа, исто така, играл во финалето на ФА Купот, кое Челси го загубил со 2–1 од Арсенал.[29]
Реал Мадрид
уредиНа 8 август 2018 година, Куртоа се вратил во Мадрид, овојпат потпишувајќи за Реал,[30] со што му се исполнила желбата да биде поблиску до својте деца. Своето деби за клубот го направил на 1 септември 2018 година, во победата со 4–1 над Леганес.
Во следните години со Los Blancos тој триумфирал три пати во шпанското првенство - изедначувајќи се со Хосе Луис Перес-Паѓа, како единствени играчи што го освоиле шпанското првенство со двата големи мадридски тима[31] но, пред сè, го освоил оној трофеј што му недостасувал во карерата, со освојувањето на УЕФА Лигата на шампионите 2021-2022 кога во финалето на 28 мај во Париз бил победен Ливерпул (1-0).[32]
Пред почетокот на сезоната 2023-2024, Куртоа доживеал руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на тренинг, повреда поради која бил принуден да се подложи на операција и да ја пропушти целата сезона.[33]
Репрезентативна кариера
уредиСвојот прв повик во белгиската репрезентација Куртоа го добил на 3 јуни 2011 година, за натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2012 против Турција, но не влегол во игра. Во октомври истата година, повторно бил повикан за следните натпревари од квалификациите против Казахстан[34] и Германија, но и во двата наврати останал на клупата.[35]
На 15 ноември 2011 година, тој го направил своето деби во пријателскиот натпревар против Франција (0-0), со што станал најмладиот играч кој заиграл за националниот тим.[36][37][38]
Набргу потоа, тој станал редовна "единица" меѓу стативите на голот на Белгија, бранејќи во сите 10 натпревари од квалификациите за Светското првенство 2014, чувајќи ја својата мрежа сува во шест од нив. Давајќи важен придонес за неговата земја да се квалификува, Куртоа бил повикан во тимот и за самиот Мундијал во Бразил во јуни 2014, каде бил на голот во сите пет натпревари на Белгија на турнирот на патот на репрезентацијата до четвртфиналето каде била елиминирана од Аргентина со 1-0.
Кон крајот на деценијата, тој бил повикан за Европското првенство 2016 во Франција,[39] кое за Белгијците завршило со нова елиминација во четвртфиналето (овојпат подобар бил Велс со 3-1), и за Светското првенство 2018 во Русија,[40] каде со својата репрезентација стигнал до историското трето место, совладувајќи ја Англија во утешното финале и последователно бил награден како најдобар голман на турнирот.[41]
Во 2021 година, тој бил избран да ја претставува Белгија на завршницата на Европското првенство 2020,[42] одложено за една година поради пандемијата на КОВИД-19, на кое белгиската репрезентација била елиминирана во четвртфиналето од подоцнежниот шампион Италија. Повикан следната година и за Светското првенство 2022 во Катар, тука тој го одбележил 100-тиот настап за националниот тим за време на натпреварот против Хрватска (0-0) во групната фаза на 1 декември, кој исто така ја означил и елиминација на црвените ѓаволи од натпреварувањето.[43]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 4 јуни 2023.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2008-2009 | Генк | ПЛ | 1 | -2 | КБ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 1 | -2 |
2009-2010 | ПЛ | 0 | 0 | КБ | 0 | 0 | ЛЕ | 0 | 0 | СБ | 0 | 0 | 0 | 0 | |
2010-2011 | ПЛ | 30+10[45] | -27 + -12[45] | КБ | 1 | -2 | ЛЕ | 3[46] | -6[46] | - | - | - | 44 | -47 | |
Вкупно Генк | 41 | -41 | 1 | -2 | 3 | -6 | 0 | 0 | 45 | -49 | |||||
2011-2012 | Атлетико Мадрид | ПД | 37 | -41 | КШ | 0 | 0 | ЛЕ | 15[47] | -9 | - | - | - | 52 | -50 |
2012-2013 | ПД | 37 | -29 | КШ | 8 | -5 | ЛЕ | 0 | 0 | СУ | 1 | -1 | 46 | -35 | |
2013-2014 | ПД | 37 | -24 | КШ | 5 | -5 | ЛШ | 12 | -10 | СШ | 2 | -1 | 56 | -40 | |
Вкупно Атлетико Мадрид | 111 | -94 | 13 | -10 | 27 | -19 | 3 | -2 | 154 | -125 | |||||
2014-2015 | Челси | ПЛ | 32 | -30 | ФАКуп+ЛК | 0+2 | -1 | ЛШ | 5 | -4 | - | - | - | 39 | -35 |
2015-2016 | ПЛ | 23 | -29 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | -4 | ЛШ | 3 | -4 | КШ | 1 | -1 | 30 | -38 | |
2016-2017 | ПЛ | 36 | -28 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | -4 | - | - | - | - | - | - | 39 | -32 | |
2017-2018 | ПЛ | 35 | -34 | ФАКуп+ЛК | 1+1 | 0 | ЛШ | 8 | -12 | КШ | 1 | -1 | 46 | -47 | |
Вкупно Челси | 126 | -121 | 10 | -9 | 16 | -20 | 2 | -2 | 154 | -152 | |||||
2018-2019 | Реал Мадрид | ПД | 27 | -36 | КШ | 1 | -2 | ЛШ | 5 | -8 | СУ+Скп | 0+2 | -2 | 35 | -48 |
2019-2020 | ПД | 34 | -20 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 7 | -11 | СШ | 2 | -1 | 43 | -32 | |
2020-2021 | ПД | 38 | -28 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 12 | -14 | СШ | 1 | -2 | 51 | -44 | |
2021-2022 | ПД | 36 | -29 | КШ | 1 | -1 | ЛШ | 13 | -14 | SS | 2 | -2 | 52 | -46 | |
2022-2023 | ПД | 31 | -29 | КШ | 5 | -5 | ЛШ | 10 | -11 | СУ+СШ+Скп | 1+2+0 | 0 + -4 + 0 | 49 | -49 | |
2023-2024 | ПД | 0 | 0 | КШ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | СШ | 0 | 0 | 0 | 0 | |
Вкупно Реал Мадрид | 166 | -142 | 7 | -8 | 47 | -58 | 10 | -11 | 230 | -219 | |||||
Вкупно во кариерата | 444 | -398 | 31 | -29 | 93 | -103 | 15 | -15 | 583 | -545 |
Репрезентативна статистика
уредиРепрезентација | Година | Настапи | Голови |
---|---|---|---|
Белгија | 2011 | 1 | 0 |
2012 | 6 | 0 | |
2013 | 7 | 0 | |
2014 | 13 | 0 | |
2015 | 6 | 0 | |
2016 | 14 | 0 | |
2017 | 8 | 0 | |
2018 | 15 | 0 | |
2019 | 9 | 0 | |
2020 | 2 | 0 | |
2021 | 13 | 0 | |
2022 | 6 | 0 | |
2023 | 2 | 0 | |
Вкупно | 102 | 0 |
Титули
уредиКлупски
уреди
|
- 2010-2011
- Куп на Белгија : 1
- 2008-2009
|
- Примера Дивисион : 1
- Куп на Шпанија : 1
- 2012-2013
- Лига Европа : 1
- 2011-2012
- 2012
|
- Премиер лига : 1
- Лига куп : 1
- 2014-2015
|
- Примера Дивисион : 3
- 2019-2020, 2021-2022, 2023-2024
- Куп на Шпанија : 1
- 2022-2023
- 2020, 2022
- Лига на шампиони : 1
- 2021-2022
- Суперкуп на УЕФА : 1
- 2022
- 2018
Наводи
уреди- ↑ Acta del Partido celebrado el 28 de август de 2011, en Madrid – Atlético Madrid vs Osasuna Архивирано на 7 јули 2012 г.; RFEF, 28 August 2011 (шпански)
- ↑ „Player Profile: Thibaut Courtois“. chelseafc.com.
- ↑ Kristof Terreur (20 септември 2014). „Chelsea's Thibaut Courtois: from clumsy boy to top of the world“. The Observer (англиски). Посетено на 14 ноември 2023.
- ↑ „"La meilleure formation"“ (француски). La Dernière Heure/Les Sports. 10 февруари 2011. Посетено на 14 ноември 2023.
- ↑ „Incontriamo: Valerie Courtois "la Tigre Gialla" belga“. 21 април 2014.
- ↑ Massimo Costa (15 ноември 2023). „Courtois e Palou i nuovi team ammessi per il 2024“.
- ↑ 7,0 7,1 „Courtois, experienced youth“ (англиски). 29 април 2014. Архивирано од изворникот на 5 февруари 2016. Посетено на 30 gennaio 2016. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 8,0 8,1 Stefano Chioffi. „Courtois, il Chelsea ha il portiere del futuro“. Архивирано од изворникот на 6 февруари 2016. Посетено на 29 јануари 2016. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ 9,0 9,1 Michael Cox. „Cech, De Gea and beyond, Premier League goalkeeping talent is rich“ (англиски). Посетено на 30 јануари 2016.
- ↑ Matt Law (24 октомври 2014). „Chelsea goalkeeper Thibaut Courtois has to improve to be called the best in the world, says Edwin van der Sar“ (англиски). Посетено на 30 јануари 2016.
- ↑ Gary Neville (28 ноември 2014). „David de Gea is Manchester United's most important player right now“ (англиски). Посетено на 30 јануари 2016.
- ↑ „K.Bilzerse-Waltwilder VV“. kbilzersevv.be. Архивирано од изворникот на 2012-03-31. Посетено на 2024-04-24.
- ↑ „Turku 1 - 5 Genk“. 29 јули 2010.
- ↑ „COURTOIS COMPLETED“ (англиски). 26 luglio 2011. Архивирано од изворникот на 3 јули 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Match: Guimaraes v Atlético Madrid - Europa League“. Архивирано од изворникот на 2 novembre 2012. Посетено на 28 agosto 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Thibaut Courtois Bio, Stats, News“. 11 мај 1992. Посетено на 27 април 2012.[мртва врска]
- ↑ Luis Mira. „Atletico Madrid's Gregorio Manzano: Thibaut Courtois' red card in Real Madrid clash was wrong“. Посетено на 27 ноември 2011.
- ↑ „Report: Atlético Madrid v Athletic Bilbao - UEFA Europa League“ (англиски). Архивирано од изворникот на 12 мај 2012. Посетено на 10 мај 2012.
- ↑ Valeria Clari (10 Aprile 2014). „Champions, una clausola blocca Courtois contro il Chelsea“. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Champions, Uefa: clausola nulla, Courtois può giocare contro il Chelsea“. 11 април 2014.
- ↑ „Thibaut Courtois: Jose Mourinho says keeper will return to Chelsea And would be the future of Chelsea fc“. BBC Sport. 16 June 2014. Посетено на 18 June 2014.
- ↑ „Burnley 1–3 Chelsea“. BBC Sport. 18 August 2014. Посетено на 18 August 2014.
- ↑ McNulty, Phil (1 March 2015). „Chelsea 2–0 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 2 March 2015.
- ↑ Cryer, Andy (2 August 2015). „Arsenal 1–0 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 2 August 2015.
- ↑ Johnston, Neil (8 August 2015). „Chelsea 2–2 Swansea“. BBC Sport. Посетено на 8 August 2015.
- ↑ Magowan, Alistair (23 August 2015). „West Brom 2–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 23 August 2015.
- ↑ Reddy, Luke (16 April 2016). „Chelsea 0–3 Manchester City“. BBC Sport. Посетено на 16 April 2016.
- ↑ „Premier League Player Stats – Clean sheets“. Premier League. Посетено на 7 July 2018.
- ↑ „Arsenal 2–1 Chelsea“. The Football Association. Посетено на 8 July 2018.
- ↑ „Comunicado Oficial: Thibaut Courtois“ (шпански). 8 август 2018. Посетено на 8 август 2018.
- ↑ Santiago T. Peredo (18 јули 2020). „Courtois equals a record from 1954“ (англиски).
- ↑ „Real Madrid, Courtois: "Ridevano di me, oggi mi sono preso una rivincita"“. 2022-05-29.
- ↑ „Parte médico de Courtois“. 10 август 2023.
- ↑ „Match Stats: Belgium v Kazakhstan“. Посетено на 7 октомври 2011.[мртва врска]
- ↑ „Match Stats: Belgium v Germany“. Архивирано од изворникот на 15 октомври 2011. Посетено на 11 ottobre 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Courtois makes Debut“. Посетено на 15 ноември 2011.
- ↑ „Belgium Draws“. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2013. Посетено на 16 ноември 2011.
- ↑ Stephen Schmidt (2011-11-20). „Chelsea FC Loan Roundup: 11/20/11“. Посетено на 20 ноември 2011.
- ↑ „Selectie Rode Duivels“ (холандски). 31 мај 2016. Посетено на 31 мај 2016.
- ↑ „World Cup brief: Part two“ (англиски). Посетено на 2021-05-22.
- ↑ „I premi: Modric miglior giocatore, Mbappé giovane“. 15 јули 2018.
- ↑ „Tutti i convocati per UEFA EURO 2020“. 2021-06-09.
- ↑ „Mondiali 2022, Croazia-Belgio 0-0: Lukaku e compagni eliminati“. 2022-12-01.
- ↑ 100-ти настап.
- ↑ 45,0 45,1 Плејоф.
- ↑ 46,0 46,1 Во квалификациските кола.
- ↑ Еден настап во квалификациските кола.
Надворешни врски
уреди„Тибо Куртоа“ на Ризницата ? |