Либеро (одбојка)
Либеро (итал. libero-слободен) – еден од шесте играчи во одбојката кој може слободно да се движи во сите зони на теренот. Главна функција на оваа позиција во тимот е одбрана во поле и прием на сервис. Тој лесно се препознава на теренот затоа што носи различна боја на дресот од своите соиграчи и секогаш се наоѓа во задниот дел на теренот каде може да замени кој било играч. Секој тим може да регистрира еден либеро во конечниот список од 12 играчи[1]
Историја
уредиПосле Олимписките игри во Атланта во 1996 година, Светската одбојкарска федерација за претстојните Олимписки игри во Сиднеј во 2000 година вовела нов специјален играч: ЛИБЕРО. Либерото е воведен за да се подобри одбраната во поле и на тој начин бодовите подолго да траат, и во исто време да им се даде прилика на пониските играчки кои во денешно време немаат големи шанси да успеат како напаѓачи или играчи од првата линија.[2]
Правила
уредиЛиберото не може да сервира, блокира ниту да ја напаѓа топката над мрежата, а ниту да ја дига над глава во трите метра до мрежата, бидејќи во тој случај напаѓачот не смее да ја напаѓа топката над горната сајла. Затоа либерото игра многу важна улога во приемот на противничкиот сервис од одбраната во поле. Заради наведените работи, либерото не смее да има бод во текот на натпреварот.
Либерото излегува од игра кога сервира играчот кого тој го менува во втората зона. Таа измена не се смета во ограничениот број замени кои секој тим ги има во рамките на еден сет. Единствен услов е дека играчот кого либерото го менува мора да се врати во игра кога овој излегува. Во тие ситуации либерото вообичаено се менува со некој од блокерите.[2]
Особености
уреди- Исклучителна агилност и координација (рамнотежа, осет за простор – длабина и ширина, брза реакција).
- Правилна техника на долно подлактно одбивање во различни ставови и во сите видови приземјување.
Подлактно одбивање
уредиПодлактно одбивање се применува при примање на противничкиот сервис, одбрана во поле и при одбиени топки од блокот. Рацете се спојуваат во т.н. „чеканче“, подлактниците се паралелни и внатрешниот дел на подлактницата е свртен нагоре. Овој начин на одбивање се користи при првиот допир со топката при прием на сервис и за ефикасна одбрана во поле при смечирање од противничките напаѓачи. Во денешно време кога е воведен либерото како специјализиран играч за оваа техника, либерото го презема главниот дел на одбраната на теренот како при прием на сервисот, така и во одбраната од противничкиот смеч.
Наводи
уреди- ↑ „Правила за либеро играчот“. Архивирано од изворникот на 2018-10-01. Посетено на 2018-09-16.
- ↑ 2,0 2,1 „Одбојкашки савез Србије“. Одбојкашки савез Србије.