Машка ракометна репрезентација на Македонија

Машка ракометната репрезентација на Македонија — сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на меѓународните ракометни натпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена од Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Македонија
Податоци
Прекар Црвено-жолти
Сојуз Ракометна федерација на Македонија (РФМ)
Тренер Кирил Лазаров
Најмногу натпревари Стевче Алушевски (245)
Најмногу голови Кирил Лазаров (1717)
Бои
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Светско првенство
Настапи 8 (првпат во 1999)
Најдобар резултат 9. место (2015)
Европско првенство
Настапи 7 (првпат во 1998)
Најдобар резултат 5. место (2012)
Последна поднова на податоците: непознато.
Машка ракометна репрезентација на Македонија
Медали
Олимписки игри
Златен медал - прво место Минхен 1972 Состав
Златен медал - прво место Лос Анџелес 1984 Состав
Бронзен медал – трето место Сеул 1988 Состав
Светско првенство
Бронзен медал – трето место Франција 1970 Состав
Бронзен медал – трето место Источна Германија 1974 Состав
Сребрен медал – второ место Западна Германија 1982 Состав
Златен медал - прво место Швајцарија 1986 Состав
Средоземни игри
Златен медал - прво место Тунис 1967 Состав
Златен медал - прво место Алжир 1975 Состав
Златен медал - прво место Сплит 1979 Состав
Златен медал - прво место Казабланка 1983 Состав
Златен медал - прво место Атина 1991 Состав
Македонската ракометна репрезентација на прием во Американската амбасада во Скопје, 2011

Историја уреди

До 1991 година, кога се стекнала со независност, Македонија играла во рамките на СФРЈ. Машката ракометна репрезентација го одиграла својот прв натпревар на 15 декември 1993 година, против репрезентацијата на Романија, во рамките на Купот на Карпатите.[1]

Меѓународни учества уреди

Македонската машка ракометна репрезентација има учествувано на повеќе големи меѓународни натпреварувања.

Европски првенства уреди

Европско првенство во ракомет за мажи 1998 уреди

Европското првенство во Италија, во 1998 година, бил првото европско првенство на кој настапила репрезентацијата на Македонија. На ова првенство, Македонија играла во групата „Б“ и завршила на последното место, со само 1 освоен бод. На конечната табела на првенството, Македонија завршила на последното, 12 место.

Европско првенство во ракомет за мажи 2012 уреди

Европското првенство во Србија, во 2012 година, е второто европско првенство на кој Македонија зела учество. Во првата рунда од првенството, Македонија играла во групата „Б“, каде завршила на второто место, со една победа и еден нерешен резултат. Во следната рунда од првенството, Македонија играла во првата комбинирана група, каде завршила на третото место и со тоа разигрувала со Словенија во борбата за петтото место. Македонија ја поразила селекција на Словенија, обезбедила место во квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон и бараж за Светското првенство во 2013 г. На квалификациите за Олимписките игри во Лондон, Македонија играла на квалификацискиот турнир во Шведска, против домаќинот Шведска, Бразил и Унгарија, но не успеала да се пласира на Олимпијадата. Сепак, таа успеала да се квалификува за Светското првенство во ракомет, одиграно во Шпанија, во 2013 година.

Европско првенство во ракомет за мажи 2014 уреди

Македонија се пласирала на Европското првенство во Данска како второпласирана во квалификациската рунда. На Европското првество, Македонија ги започнала своите натпревари во првата „А“ група, каде разигрувала со репрезентациите на Данска, Чешка и Австрија. По звршувањето на прелиминарната рунда, Македонија имала пораз од Данска, нерешен резултат со Чешка и победа над Австрија. Со тоа, Македонија продолжила во следната главна фаза, каде во новата група пренесла 2 бода и се пласирала на третото место, веднаш зад Шпанија и Данска. На крајот од првенството, Македонија го зазела 10 место.

Европско првенство во ракомет за мажи 2016 уреди

Македонија играла во шестата квалификациска група за Европското првенство во ракомет 2016, заедно со Франција, Чешка и Швајцарија. Македонија ги започнала квалификациите на 26 октомври 2014 година, кога во Скопје ја победила репрезентацијата на Швајцарија, со резултат 27-20. Најефикасен стрелец бил Кире Лазаров, со постигнати 13 гола.[2] Неколку дена подоцна, на 2 ноември 2014 година, во Злин, репрезентацијата на Македонија ѝ гостувала на Чешката репрезентација. Наспроти големата предност што Чесите ја имале на полувремето, натпреварот завршил нерешено 27-27 (11-18), благодарение на голманот Борко Ристовски, кој имал 24 одбрани. Инаку, најефикасен стрелец во репрезентацијата на Македонија бил Кире лазаров, со 10 гола.[3][4]
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, во декември 2015 година, од репрезентацијата биле исклучени голманот Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, кои претходно за првпат биле повикани во репрезентацијата. Во групната фаза од првенството, Македонија играла заедно со репрезентациите на Полска, Франција и Србија.[5]

Светски првенства уреди

Светско првенство во ракомет за мажи 1999 уреди

На светското првенство во Египет 1999, репрезентацијата на Македонија не успеала да ја мине групната фаза и на крајот завршила на 18. место.[6]

Светско првенство во ракомет за мажи 2009 уреди

На светското првенство во Хрватска 2009, репрезентацијата на Македонија остварила голем успех и на крајот завршила на 11. место.[6]

Светско првенство во ракомет за мажи 2013 уреди

На светското првенство во Шпанија 2013, репрезентацијата на Македонија ја минала групната фаза, но била елиминирана од Германија во осмина-финалето. Така, на крајот, Македонија го зазела 14. место на првенството.[6]

Светско првенство во ракомет за мажи 2015 уреди

На светското првенство во Катар 2015, Македонија играла во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Тунис, Босна и Херцеговина, Хрватска, Иран и Австрија. Репрезентацијата на Македонија била предводена од селекторот Ивица Обрван.[6] Во 4. коло од групата „Б“, Македонија изгубила од Хрватска, со резултат 26-29 (14-15), а најефикасен во македонската репрезентација бил Кире Лазаров, со постигнати седум голови.[7]

Тековен состав уреди

Список на повикани играчи за Светското првенство 2023.

Селектор: Кирил Лазаров

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
1 ГО Никола Митревски 3 октомври 1985(1985-10-03)(38 г.) 1.88 м 42 2   Порто
3 ЛК Дејан Манасков 26 август 1992(1992-08-26)(31 г.) 1.82 м 72 279   Вардар 1961
9 СБ Игор Ѓоргиев 2 јуни 2000(2000-06-02)(23 г.) 1.91 м 0 0   Алкалоид
11 ЛБ Филип Талески 28 март 1996(1996-03-28)(28 г.) 2.00 м 43 109   Вардар 1961
12 ГО Мартин Томовски 10 јули 1997(1997-07-10)(26 г.) 1.94 м 0 0   Вардар 1961
17 П Никола Маркоски 22 мај 1990(1990-05-22)(33 г.) 1.98 м 17 12   Алкалоид
18 СБ Филип Кузмановски 3 јули 1996(1996-07-03)(27 г.) 1.98 м 38 61   Хановер
19 ДК Ненад Костески 4 март 2001(2001-03-04)(23 г.) 1.80 м 2 0   Еурофарм Пелистер
22 ДК Гоце Георгиевски 12 февруари 1987(1987-02-12)(37 г.) 1.85 м 79 158   Вардар 1961
31 ЛБ Михајло Младеновиќ 21 септември 2000(2000-09-21)(23 г.) 1.90 м 0 0   Алкалоид
33 П Жарко Пешевски 11 април 1991(1991-04-11)(33 г.) 1.95 м 39 69   Еурофарм Пелистер
34 ДБ Томислав Јагуриноски 19 август 1998(1998-08-19)(25 г.) 1.88 м 0 0   Вардар 1961
38 ЛБ Иван Џонов 15 јули 1997(1997-07-15)(26 г.) 1.95 м 0 0   Пролет 62
42 П Марко Стојковиќ 27 јуни 2003(2003-06-27)(20 г.) 2.04 м 0 0   Алкалоид
55 ЛК Петар Атанасијевиќ 9 јули 2003(2003-07-09)(20 г.) 1.92 м 0 0   Еурофарм Пелистер 2
77 ДБ Мартин Серафимов 3 март 2000(2000-03-03)(24 г.) 1.90 м 7 1   Алкалоид
88 СБ Павле Атанасијевиќ 9 јули 2003(2003-07-09)(20 г.) 1.95 м 0 0   Еурофарм Пелистер
92 П Костадин Петров 30 март 1992(1992-03-30)(32 г.) 1.90 м 0 0   Тор Акурејри

Поранешни истакнати играчи уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 8.
  2. „Обрван: Се надевам дека ќе бидеме втората репрезентација што ќе ја победи Чешка дома“, Дневник, година XVIII, број 5605, петок, 31 октомври 2014, стр. 22-23.
  3. „Ристовски одбрани бод за Македонија“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 22-23.
  4. „Бодот со Чешка е роденденски дар за Ристовски“, Дневник, година XVIII, број 5607, вторник, 4 ноември 2014, стр. 23.
  5. „Обрван: Го поддржувам Брестовац за отстранувањето на Дупјачанец и Велковски“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
  7. „Обрван: Не успеавме да приредиме изненадување“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 25.

Надворешни врски уреди