Мартин Томовски

македонски ракометар

Мартин Томовски (роден на 10 јули 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Вардар 1961 и за македонската репрезентација.[1]

Мартин Томовски
Лични податоци
Роден(а) 10 јули 1997(1997-07-10)(27 г.)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина &100000000000001940000001,94 м
Позиција Голман
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Вардар 1961
Број 12
Сениорски клубови
2015–2019
2016–2017
2019–2021
2021–
Македонија Металург
Македонија Металург 2
Германија Лудвигсхафен
Македонија Вардар 1961
Репрезентација
2018– Македонија Македонија

Клупска кариера

уреди

Томовски започнал да тренира ракомет на 13 годишна возраст во школа на ракометната академија на Металург, но кратко потоа преминал во редовите на Тинекс Пролет, каде што бил член на младинската екипа.[2] По барање на Лино Червар, тогашниот тренер на Металург, Томовски се вратил во својот поранешен клуб и потпишал професионален договор со Металург.[3]

На крајот на натпреварувачката сезона 2018/19, Томовски потпишал двегодишен договор со германскиот бундеслигаш Лудвигсхафен.[4] По завршувањето на неговиот договор со бундеслигашот, Томовски се вратил во Македонија потпишувајќи за Вардар 1961.

Репрезентативна кариера

уреди

Томовски бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир, завршувајќи како деветти најдобар голман на првенството со процент на одбранети удари од 29.1%.[5]

Своето сениорско деби на големите натпреварувања во репрезентативниот дрес, Томовски го имал на Светското првенство 2021 во Египет.

Успеси

уреди
  Победник: 2022
  Победник: 2022

Индивидуални награди

уреди
  • Најдобар голман во Купот на Македонија 2018[6]
  • Најдобар голман во Купот на Македонија 2022[7]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди