Игор Ѓоргиев

македонски ракометар

Игор Ѓоргиев (роден на 2 јуни 2000 г.) — македонски ракометар кој игра за Алкалоид и за македонската репрезентација.

Игор Ѓоргиев
Лични податоци
Роден(а) 2 јуни 2000(2000-06-02)(24 г.)
Струмица, Македонија
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.90 м
Тежина 81 кг
Позиција Среден бек
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Алкалоид
Број 11
Младински клубови
Македонија Зомимак-М
Македонија Вардар
Сениорски клубови
2018–2019
2019–2021
2021–
Македонија Вардар Јуниор
Македонија Голден Арт КЛ7
Македонија Алкалоид
Репрезентација
2021– Македонија Македонија

Клупска кариера

уреди

Ѓоргиев започнал да тренира ракомет во Струмица, во Зомимак-М, а потоа преминал во младинските категории на Вардар, каде што се изборил за место во првиот тим на Вардар Јуниор, со кој играл во македонската супер лига.[1] Во летото 2019 година, тој се преселил во редовите на прволигашот Голден Арт КЛ7. Пред почетокот на сезоната 2021–22, тој направил трансфер во новоформираниот македонски клуб, Алкалоид.[2]

Репрезентативна кариера

уреди

Ѓоргиев за прв пат добил повик за сениорската репрезентација на Македонија во февруари 2021 година од страна на селекторот Кирил Лазаров, за квалификациските натпревари против Данска за Европското првенство 2022,[3] а потоа се нашол и на скратениот список за двата натпревари.

Тој бил дел од составот на Македонија на Европското првенство 2022.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди