Мартин Велковски
Мартин Велковски (роден на 10 март 1997 г.) — македонски ракометар кој игра за Еурофарм Пелистер и за македонската репрезентација.[1]
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
10 март 1997 Скопје, Македонија | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.86 м | ||
Позиција | Десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Еурофарм Пелистер | ||
Број | 30 | ||
Младински клубови | |||
Металург 2 | |||
Сениорски клубови | |||
2015–2019 2019– |
Металург Скопје Еурофарм Пелистер | ||
Репрезентација | |||
2017– | Македонија | 6 (7) | |
Клупска кариера
уредиВелковски започнал да тренира кошарка во Карпош Соколи, но за кусо време се префрлил во ракометот, во школата на Металург Скопје.[2]
Тој ги поминал сите возрасни категории во Металург и за првиот тим дебитирал во 2015 година. По пет години во дресот на Металург, каде што бил и капитен на екипата, тој пред почетокот на сезоната 2019–20 го напуштил клубот и потпишал четиригодишен договор со Еурофарм Работник.[3]
Репрезентативна кариера
уредиВелковски бил член на пионерската, кадетската и јуниорската ререзентација на Македонија, и бил дел од тимот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир.
Своето деби за македонската сениорска репрезентација, Велковски го имал во 2017 година во квалификациите за Европското првенство 2018, а потоа се нашол на конечниот список на играчи кои биле именувани за Европското првенство 2018 во Хрватска од селекторот Раул Гонсалес.
Личен живот
уредиНеговиот постар брат, Дарко Велковски, е фудбалер и македонски репрезентативец.
Наводи
уреди- ↑ EHF profile
- ↑ ИНТЕРВЈУ МАРТИН ВЕЛКОВСКИ: За брат ми и Македонија ќе навивам со полно срце! 24rakomet.mk; 12 јуни 2021
- ↑ https://www.mkd.mk/sport/rakomet/martin-velkovski-potpisha-za-eurofarm-rabotnik Архивирано на 10 мај 2022 г. mkd.mk; 17 јуни 2019