Гоце Георгиевски

Македонски ракометар

Гоце Георгиевски (роден на 12 февруари 1987 во Скопје[1]) — македонски ракометар кој игра за екипата на Вардар 1961.

Гоце Георгиевски
Лични податоци
Име и презиме Гоце Георгиевски
Роден(а) 12 февруари 1987(1987-02-12)(37 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,85 м
Тежина 83
Позиција Десно крило
Прекар Џомба
Клупски податоци
Тековен клуб Македонија Вардар 1961
Број 9
Сениорски клубови
2006–2015
2015–2016
2016–2020
2020–
Македонија Металург
Франција Феникс Тулуз
Романија ЧСМ Букурешт
Македонија Вардар 1961
Репрезентација
2009–2023 Македонија Македонија

Кариера

уреди

Клупска

уреди

Тој ја започнал својата кариера во Металург од Скопје каде настапувал 12 сезони, првите три сезони како младинец, а девет сезони како дел од првиот тим. Со Металург тој освоил шест титули во македонската суперлига (2005/2006, 2007/08, 2009/10, 2010/11, 2011/12 и 2013/14). Исто така, со Металург тој освоил пет титули во македонскиот куп (2006, 2009, 2010, 2011 и 2013 г.). Во натпреварувачките сезони 2006/07, 2011/12, 2012/13, 2013/14 и 2014/15, во дресот на Металург, тој настапувал во ракометната Лига на шампиони, и на двапати со клубот играл во четвртфиналето од натпреварувањето. (2012/13 и 2013/2014). Во сезоната 2015/16 тој настапувал за францускиот клуб за Феникс Тулуз, а од 2016 до 2020 година во континуитет за ЧСМ Букурешт од Романија со кој во сезоната 2018/19 го освоил челинџ купот на ЕХФ.[2]

Во јуни 2020 година тој потпишал за Вардар 1961.[3]

Репрезентативна

уреди

Георгиевски бил младински репрезентативец на Македонија на Светското младинско првенство во 2007 година одржано во Охрид. Од 2009 година тој станал сениорски репрезентативец, за сениорската репрезентација на Македонија има одиграно пет светски првенства и тоа: во Шпанија (2013), Катар (2015) Франција (2017), Германија (2019) и Полска/Шведска (2023) како и пет европски првенства: во Данска (2014), Полска (2016), Хрватска (2018) и Австрија (2020) и Унгарија/Словачка (2022) како и олимписки квалификации во 2016 година.

Својот последен натпревар за македонската репрезентација тој го одиграл на 30 април 2023 година против Турција.[4]

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2011-06-14.
  2. Челинџ-купот за Гоце Георгиевски и ЧСМ Букурешт Нова Македонија; 20 мај 2019
  3. Георгиевски го избра Вардар, европскиот првак посилен за уште еден репрезентативец gol.mk; 1 јуни 2020
  4. Гоце Георгиевски како капитен се прости од репрезентацијата (ВИДЕО) 24rakomet.mk; 30 април 2023