РК Алкалоид

ракометен клуб од Скопје, Македонија

РК Алкалоидракометен клуб од Скопје, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Супер лигата.

РК Алкалоид
Алкалоид
Целосен називРакометен клуб Алкалоид
Основан7 јули 2021; пред 2 години (2021-07-07)
ИгралиштеСпортска сала Автокоманда
Приемност1,000
ПрестедателГоран Минов
Главен тренерКирил Лазаров
ЛигаСупер лига
2022/23Вицепрвак
Бои
Клупски бои         
Дресови
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Домашен
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Бои на екипата
Гостински

Историја уреди

РК Алкалоид службено бил основан на 7 јули 2021 година. Зад клубот стои фармацефтското претпријатие Алкалоид, на чело со Живко Мукаетов, која е 100% сопственик на клубот. Со меморандум за соработка, било службено постигнато партнерството на РК Алкалоид со брендот на Кирил Лазаров, „КЛ7“.[1] Тогаш, натпреварите на домашен терен екипата ги играла во А1 Арена Борис Трајковски. РК Алкалоид започнал да се натпреварува во Првата македонска лига во сезоната 2021/22. Прв претседател на клубот бил поранешниот ракометар Горан Минов.[2]

На 18 септември, екипата на РК Алкалоид го одиграла својот прв службен натпревар. Во играчкиот состав на РК Алкалоид за првата сезоната биле: голмани: Иван Галевски, Ѓорѓи Ерманоски, Валентино Штаковски; бекови: Мартин Серафимов, Игор Ѓоргиев, Теодор Тодески, Олег Јорданов, Михаил Ивановски, Божидар Илиески; кружни напаѓачи: Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ, Дамјан Георгиевски; крила: Дарио Кофилоски, Александар Стојков, Мартин Димовски, Михајло Костовски. Во стручниот штаб за истата сезона бил: Љубомир Савевски како главен тренер, и Билјана Црвенкоска, Бранислав Ангеловски, Влатко Котески како помошници тренери.[1] Сезоната 2021/22, РК Алкалоид успеал да стане првак, обезбедувајќи пласман во Супер лигата за сезоната 2022/23.[3]

На крајот на мај 2022 година, клубот доставил барање за да ја земе под концесија Спортската сала Автокоманда.[4] Во меѓувреме, екипата на Алкалоид играла како домашна екипа во Спортскиот центар Јане Сандански.[5] Веќе на 24 декември истата година, нодновената сала била пуштена во употреба. Со тоа, салата станала домашно тло и на вториот клуб во посед на Алкалоид, РК Мулти Есенс[6] кој бил создаден истата година.[7]

Сезоната 2022/23 Алкалоид бил вицепрвак во Супер лигата. Со тој подвиг, Алкалоид обезбедил учество во Европската лига и тоа директно во групната фаза од натпреварувањето.[8]

Досегашни главни тренери уреди

 
Кирил Лазаров како тренер на Алкалоид.

Моментален состав уреди

Состав за сезоната 2023/24

Голмани
Леви крила
Десни крила
Пивоти

Леви бекови
Средни бекови
Десни бекови

Стручен штаб уреди

Положба Име
Главен тренер   Кирил Лазаров
Помошници тренери   Билјана Црвенкоска
  Јане Цветковски
Кондициски тренер   Петар Баснарков
Физиотерапевти   Тоше Ристовски
  Тоше Трајковски

Извор: РК Алкалоид

Успеси уреди

Првак: 2021/22

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „РК Алкалоид го претстави ростерот и стручниот штаб пред дебито на македонската сцена“. ekipa.mk. 17 септември 2021. Архивирано од изворникот 2021-10-23. Посетено на 13 октомври 2023.
  2. Мартин Танасковски (7 јули 2021). „Нов проект во мак-ракометот: Се „роди" РК Алкалоид!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 30 мај 2022.
  3. Горан Упале (29 мај 2022). „Алкалоид со стил се одјави од Прва лига и го крена шампионскиот пехар!“. gol.mk. Архивирано од изворникот 2022-05-29. Посетено на 30 мај 2022.
  4. „РК Алкалоид ја бара под концесија салата во Автокоманда“. 24rakomet.mk. 1 јуни 2022. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 13 октомври 2023.
  5. Мартин Танасковски (22 декември 2022). „Алкалоид влезе во новата ракометна „база" и ги промовира дресовите!“. gol.mk. Посетено на 13 октомври 2023.
  6. Мартин Танасковски (24 декември 2022). „РК Алкалоид ја пушта во функција новата клупска база, со стратегија за иднината!“. gol.mk. Посетено на 13 октомври 2023.
  7. „Нашиот клуб“. РК Алкалоид. Архивирано од изворникот 2022-12-25. Посетено на 13 октомври 2023.
  8. „Алкалоид е вицепрвак на Македонија“. fokus.mk. 27 мај 2023. Архивирано од изворникот 2023-05-27. Посетено на 13 октомври 2023.
  9. Весна Николовска (22 август септември 2021). „Савевски: РК Алкалоид е иднината на машкиот ракомет“. 24rakomet.mk. Архивирано од изворникот 2023-10-13. Посетено на 13 октомври 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. Ф.К. (23 август 2022). „РК Алкалоид го промовираше Кире Лазаров: Чест е ми што во раце ќе имам ваков проект“. slobodenpecat.mk. Архивирано од изворникот 2022-08-26. Посетено на 13 октомври 2023.

Надворешни врски уреди