Филип Миркуловски

Македонски ракометар

Филип Миркуловски (роден на 14 септември 1983) ― македонски ракометар.[1]

Филип Миркуловски
Лични податоци
Име и презиме Филип Миркуловски
Роден(а) 14 септември 1983(1983-09-14)(41 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1,89 м
Тежина 91 кг
Позиција централен бек
Клупски податоци
Број 13
Младински клубови
1996-2003 Македонија РК Македонија
Сениорски клубови
2003-2004
2004-2005
2005-2015
Македонија РК Металург Скопје
Македонија Младост Богданци
Македонија РК Металург Скопје
Репрезентација 1
2003-денес Македонија Македонија 93 (225)
1 Податоците за репрезентативни настапи и постигнати голови важат
за 29 јануари 2012

Животопис

уреди

На 24 јуни 2012 година, Миркуловски се оженил со Благица Наумовска, со која бил во десетгодишна врска.[2]

Кариера

уреди

Миркуловски започнал да тренира на 13 годишна возраст. Потекнува од школата на РК „Македонија“, клуб во кој се задржал седум години. Во РК „Металург“ заминал во сезоната 2003/2004. По завршувањето на Светското ракометно првенство во Катар, во февруари 2015 година, Миркуловски соопштил дека го напушта РК „Металург“ и дека се сели во РК „Хановер“. Причината за напуштањето на клубот биле големите финансиски проблеми, кои резултирале со долготрајно доцнење во исплатата на платите на ракометарите.[3] Во 25. коло на германската лига, Миркуловски покажал одлична игра во мечот против „Магдебург“, постигнувајќи шест голови, а имал и по две асистенции и украдени топки.[4] Во март 2015 година, Миркуловски потпишал двегодишен договор со германскиот клуб „Вецлар“, со важност до 2017 година, каде го заменил легендарниот хрватски ракометар Ивано Балиќ.[5]

Во знак на почит кон игрите на Миркуловски, раководството на РК „Металург“ одлучило привремено да биде повлечен дресот со број 13, кој во претходните 12 години го носел Миркуловски.[6]

Миркуловски бил член на Македонската ракометна репрезентација, со која настапил на Европските првенства во 2012, 2014и 2016ак ко и на светските првенства во 2013 и 2015 година.

Наводи

уреди
  1. „Macedoniahandball.com“. Архивирано од изворникот на 2013-03-28. Посетено на 2011-06-14.
  2. ZOOM.mk[мртва врска]
  3. „Миркуловски: Се селам во Хановер“, Дневник, година XIX, број 5686, сабота-недела, 7-8 февруари 2015, стр. 23.
  4. „Миркуловски блескаше против Магдебург“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 19.
  5. „Миркуловски потпиша за Вецлар“, Дневник, година XIX, број 5721, петок, 20 март 2015, стр. 24.
  6. „Во Металург повеќе нема никој да го носи дресот на Миркуловски“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 22.