Машка ракометна репрезентација на Македонија

Машка ракометната репрезентација на Македонија — сениорска репрезентација што ја претставува Македонија на меѓународните ракометни натпреварувања во машка конкуренција. Репрезентацијата е раководена и е под закрила на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Македонија
Shirt badge/Association crest
Податоци
Прекар Црвено-жолти
Сојуз Ракометна федерација на Македонија (РФМ)
Тренер Раул Гонсалез
Најмногу натпревари Стевче Алушевски (245)
Најмногу голови Кирил Лазаров (1203)
Бои
Kit left arm yellowborder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Kit right arm yellowborder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Дома
Kit left arm redborder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Kit right arm redborder.png
Бои на екипата
Бои на екипата
Гости
Резултати
Светско првенство
Настапи 6 (првпат во 1999)
Најдобар резултат 9то место (2015)
Европско првенство
Настапи 5 (првпат во 1998)
Најдобар резултат 5то место (2012)
Последна поднова на податоците: непознато.
Медали
Олимписки игри
Злато Минхен 1972
Злато Лос Анџелес 1984
Бронза Сеул 1988
Светско првенство
Бронза Франција 1970
Состав
Бронза Источна Германија 1974
Состав
Сребро Западна Германија 1982
Состав
Злато Швајцарија 1986
Состав
Средоземни игри
Злато Тунис 1967
Состав
Злато Алжир 1975
Состав
Злато Сплит 1979
Состав
Злато Казабланка 1983
Состав
Злато Атина 1991
Состав
Македонската ракометна репрезентација на прием во Американската амбасада во Скопје, 2011

ИсторијаУреди

До 1990 година, кога се стекнала со независност, Македонија играла во рамките на СФРЈ. Машката ракометна репрезентација го одиграла својот прв натпревар на 15 декември 1993 година, против репрезентацијата на Романија, во рамките на Купот на Карпатите.[1]

Меѓународни учестваУреди

Mакедонската машка ракометна репрезентација има учествувано на повеќе големи меѓународни натпреварувања.

Европски првенстваУреди

Европско првенство во ракомет за мажи 1998Уреди

Европското првенство во Италија, во 1998 година, бил првиот европски шампионат на кој настапила репрезентацијата на Македонија. На ова првенство, Македонија играла во групата „Б“ и завршила на последното место, со само 1 освоен бод. На конечната табела на првенството, Македонија завршила на последното, 12 место.

Европско првенство во ракомет за мажи 2012Уреди

Европското првенство во Србија, во 2012 година, е вториот европски шампионат на кој Македонија зела учество. Во првата рунда од шампионатот, Македонија играла во групата „Б“, каде завршила на второто место, со една победа и еден нерешен резултат. Во следната рунда од шампионатот, Македонија играла во првата комбинирана група, каде завршила на третото место и со тоа разигрувала со Словенија во борбата за петтото место. Македонија ја поразила селекција на Словенија, обезбедила место во квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон и бараж за Светското првенство во 2013 г. На квалификациите за Олимписките игри во Лондон, Македонија играла на квалификацискиот турнир во Шведска, против домаќинот Шведска, Бразил и Унгарија, но не успеала да се пласира на Олимпијадата. Сепак, таа успеала да се квалификува за Светското првенство во ракомет, одиграно во Шпанија, во 2013 година.

Европско првенство во ракомет за мажи 2014Уреди

Македонија се пласирала на Европското првенство во Данска како второпласирана во квалификациската рунда. На Европското првество, Македонија ги започнала своите натпревари во првата „А“ група, каде разигрувала со репрезентациите на Данска, Чешка и Австрија. По звршувањето на прелиминарната рунда, Македонија имала пораз од Данска, нерешен резултат со Чешка и победа над Австрија. Со тоа, Македонија продолжила во следната главна фаза, каде во новата група пренесла 2 бода и се пласирала на третото место, веднаш зад Шпанија и Данска. На крајот од првенството, Македонија го зазела 10 место.

Европско првенство во ракомет за мажи 2016Уреди

Македонија играла во шестата квалификациска група за Европското првенство во ракомет 2016, заедно со Франција, Чешка и Швајцарија. Македонија ги започнала квалификациите на 26 октомври 2014 година, кога во Скопје ја победила репрезентацијата на Швајцарија, со резултат 27-20. Најефикасен стрелец бил Кире Лазаров, со постигнати 13 гола.[2] Неколку дена подоцна, на 2 ноември 2014 година, во Злин, репрезентацијата на Македонија ѝ гостувала на Чешката репрезентација. Наспроти големата предност што Чесите ја имале на полувремето, натпреварот завршил нерешено 27-27 (11-18), благодарение на голманот Борко Ристовски, кој имал 24 одбрани. Инаку, најефикасен стрелец во репрезентацијата на Македонија бил Кире лазаров, со 10 гола.[3] [4]
Непосредно пред почетокот на Европското првенство, во декември 2015 година, од репрезентацијата биле исклучени голманот Даниел Дупјачанец и Мартин Велковски, кои претходно за првпат биле повикани во репрезентацијата. Во групната фаза од првенството, Македонија играла заедно со репрезентациите на Полска, Франција и Србија.[5]

Светски првенстваУреди

Светско првенство во ракомет за мажи 1999Уреди

На светското првенство во Египет 1999, репрезентацијата на Македонија не успеала да ја мине групната фаза и на крајот завршила на 18. место.[7]

Светско првенство во ракомет за мажи 2009Уреди

На светското првенство во Хрватска 2009, репрезентацијата на Македонија остварила голем успех и на крајот завршила на 11. место.[8]

Светско првенство во ракомет за мажи 2013Уреди

На светското првенство во Шпанија 2013, репрезентацијата на Македонија ја минала групната фаза, но била елиминирана од Германија во осмина-финалето. Така, на крајот, Македонија го зазела 14. место на првенството.[9]

Светско првенство во ракомет за мажи 2015Уреди

На светското првенство во Катар 2015, Македонија играла во групата „Б“, заедно со репрезентациите на Тунис, Босна и Херцеговина, Хрватска, Иран и Австрија. Репрезентацијата на Македонија била предводена од селекторот Ивица Обрван.[10] Во 4. коло од групата „Б“, Македонија изгубила од Хрватска, со резултат 26-29 (14-15), а најефикасен во македонската репрезентација бил Кире Лазаров, со постигнати седум голови.[11]

СоставУреди

Целосен состав[12]
  1.   Дејан Манасков
  2.   Борко Ристовски
  3.   Петар Ангелов
  4.   Владимир Темелков
  5.   Ванчо Димовски
  6.   Бранислав Ангеловски
  7.   Ацо Јоновски
  8.   Наумче Мојсовски
  9.   Филип Миркуловски
  10.   Кирил Лазаров
  11.   Велко Маркоски
  12.   Златко Даскаловски
  13.   Никола Митревски
  14.   Филип Лазаров
  15.   Златко Мојсоски
  16.   Стојанче Стоилов
  17.   Гоце Георгиевски
  18.   Никола Маркоски
  19.   Дејан Пецаковски
  20.   Гоце Ојлески
  21.   Никола Стојчевски
  22.   Милан Левов
  23.   Никола Митревски
  24.   Филип Талески
  25.   Немања Прибак
  26.   Ренато Вугринец

Европско првенство 2012[13]
  1.   Дејан Манасков
  2.   Стојанче Стоилов
  3.   Стевче Алушевски
  4.   Кирил Лазаров
  5.   Влатко Митков
  6.   Ацо Јоновски
  7.   Бранислав Ангеловски
  8.   Владимир Темелков
  9.   Филип Миркуловски
  10.   Велко Маркоски
  11.   Златко Мојсоски
  12.   Борко Ристовски
  13.   Наумче Мојсовски
  14.   Петар Ангелов
  15.   Ванчо Димовски
  16.   Филип Лазаров
Поранешни играчи
  1.   Стевче Алушевски
  2.   Александар Јовиќ
  3.   Гоце Макалоски
  4.   Левко Наумовски
  5.   Радослав Стојановиќ
  6.   Марјан Колев
  7.   Владо Неденовски
  8.   Иван Телепњев
  9.   Влатко Митков
  10.   Горан Кузмановски
  11.   Ристо Арнаудoвски
  12.   Милорад Кукоски
  13.   Митко Стоилов
  14.   Лазо Мајнов
  15.   Горан Ѓоргоновски
  16.   Зоранчо Шалевски

Тековен составУреди

Ова е составот на репрезентацијата за Светско првенство 2017 во Франција. [14]

Главен тренер:   Раул Гонсалез

Бр. Поз. Име и презиме Датум на раѓање (возраст) Висина Настапи Голови Клуб
3 ЛК Дејан Манасков 26 август 1992 (1992-08-26) (27 г.) 1,80 м 26 50   Металург
10 ДЗ Стефан Дрогришки 9 септември 1994 (1994-09-09) (25 г.) 1,96 м 2 0   Металург
5 КИ Стојанче Стоилов 30 април 1987 (1987-04-30) (32 г.) 1,93 м 23 37   Вардар
11 Г Филип Талески 28 март 1996 (1996-03-28) (23 г.) 2,02 м 7 8   Рајн Некар Левен
7 ДЗ Кирил Лазаров (к) 10 мај 1980 (1980-05-10) (39 г.) 1,93 м 160 1203   Барселона
12 ЦЗ Кирил Колев 18 јули 1988 (1988-07-18) (31 г.) 1,96 м 0 0   Пелистер
13 ЦЗ Филип Миркуловски 14 септември 1983 (1983-09-14) (36 г.) 1,89 м 116 293   Металург
14 ЛЗ Велко Маркоски 5 април 1986 (1986-04-05) (33 г.) 1,94 м 34 47   Металург
20 Г Благојче Трајковски 6 октомври 1986 (1986-10-06) (33 г.) 1,84 м 0 0   Охрид
17 КИ Никола Маркоски 22 мај 1990 (1990-05-22) (29 г.) 1,96 м 15 8   Металург
29 ЛЗ Марко Нелоски 6 јуни 1996 (1996-06-06) (23 г.) 2,00 м 2 5   Металург
22 ДК Гоце Георгиевски 12 февруари 1987 (1987-02-12) (33 г.) 1,85 м 31 46   Металург
26 ЛЗ Гоце Ојлески 10 октомври 1989 (1989-10-10) (30 г.) 1,88 м 27 21   Одорхеиу
28 ЛК Мартин Поповски 26 август 1994 (1994-08-26) (25 г.) 1,77 м 0 0   Вардар

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 8.
  2. „Обрван: Се надевам дека ќе бидеме втората репрезентација што ќе ја победи Чешка дома“, Дневник, година XVIII, број 5605, петок, 31 октомври 2014, стр. 22-23.
  3. „Ристовски одбрани бод за Македонија“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 22-23.
  4. „Бодот со Чешка е роденденски дар за Ристовски“, Дневник, година XVIII, број 5607, вторник, 4 ноември 2014, стр. 23.
  5. „Обрван: Го поддржувам Брестовац за отстранувањето на Дупјачанец и Велковски“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 23.
  6. http://sportclub.mk/%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-15-%D1%82%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D1%9C%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B5-%D0%BE/
  7. „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
  8. „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
  9. „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
  10. „Преку Тунис се стасува на Игрите во Рио“, Дневник, година XIX, број 5668, петок, 16 јануари 2015, стр. 20-21.
  11. „Обрван: Не успеавме да приредиме изненадување“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 25.
  12. Состав на македонската репрезентација
  13. Состав за Европското првенство 2012
  14. Распоред за Светското првенство 2017 — Македонија (англиски)]

Надворешни врскиУреди