Летни олимписки игри 2000

(Пренасочено од ЛОИ Сиднеј - 2000)

Летните олимписки игри 2000 или Милениумските игри, а официјално познати како Игри на 27. Олимпијада се одржаа во Сиднеј.

XVIII Зимски олимписки игри
Град домаќин
Бр. на држави 199
Бр. на спортисти 10.651
(6,582 мажи, 4.069 жени)
Натпревари 300 од 28 спортови
Отворени
Затворени
Официјално отворени од: Вилијам Дин[1]
Спортска заклетва Рејчел Хокс
Олимписка заклетва Питер Кер
Олимписки оган Кети Фримен
Стадион

Избор на град-домаќин

уреди

Сиднеј беше избран за домаќин на Олимписките игри во 2000 на 23 ноември 1993 со победата над конкурентските градови Манчестер, Истанбул, Пекинг и Берлин на 101. сесија на МОК во Монте Карло. Во следната табела се дадени резултати од гласањето:

Резултати од изборот на град-домаќин на Летните олимписки игри 2000
Град Држава Прв ккруг Втор круг Трет круг Четврт круг
Сиднеј   Австралија 30 30 37 45
Пекинг   НР Кина 32 37 40 43
Манчестер   Обединето Кралство 11 13 11 -
Берлин   Германија 9 9 - -
Истанбул   Турција 7 - - -

Краток преглед

уреди
 
Олимпискиот стадион за време на игрите
  • По вторпат во Олимписката историја Олимписките игри се одржаа во јужната полутопка. За првпат тоа се случило со организираните игри во 1956 година во Мелбурн.
  • И покрај тоа што игрите се одржаа повторно во Австралија по 52-годишна пауза, овие игри не ги отворила британската кралица Елизабета II.
  • Ијан Торп од Австралија освои 3 златни и 2 сребрени медали во пливање на само 17 години. Посебен впешаток остави во трките на 400m слободен стил и штафетата 4x100m слободно во која, тој во последната измена успеа да го надомести заостатокот зад дотогаш водечката штафета на САД.
  • Стив Редгрејв од Велика Британија во веслање во дисциплината четворка без кормилар го освои својот петти златен медал на петтите Олимписки игри.
  • Во финалето на Олимпискиот турнир во фудбал во машка конкуренција Камерун ја совлада Шпанија по изведувањето на пеналите со што ја освои својата прва историска титула во овој спорт на Олимписките игри.
  • На 29 септември, канадското знаме беше спуштено на половина копје откако ден пред тоа почина поранешниот канадски премиер Пјер Трудо.

Спортови

уреди

Демонстративни спортови

уреди

Земји-учеснички

уреди
 
Земји-учеснички

Спортисти од 199 земји (Национални олимписки комитети) земаа учество на игрите во Сиднеј. На игрите дебитираа: Еритреја, Микронезија и Палау; додека четворицата спортисти од Источен Тимор настапија како поединечни олимписки натпреварувачи.

Освојувачи на медали

уреди
 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1   САД 36 24 31 91
2   Русија 32 28 28 88
3   НР Кина 28 16 15 59
4   Австралија (домаќин) 16 25 17 58
5   Германија 13 17 26 56
6   Франција 13 14 11 38
7   Италија 13 8 13 34
8   Холандија 12 9 4 25
9   Куба 11 11 7 29
10   Обединето Кралство 11 10 7 28

Наводи

уреди
  1. International Olympic Committee (9 октомври 2014). "Factsheet - Opening Ceremony of the Games of the Olympiad". Соопштение за печат.

Надворешни врски

уреди