Стив Редгрејв
Сер Стивен Гофри Редгрејв (23 март 1962 во Марелоу) е Британски веслач кој освои 5 златни медали на Олимписките игри од 1984 до 2000, а покрај златните на Летните олимписки игри - 1988 одржани во Сеул освоил и бронзен медал.
Со својот фантастичен подвиг, Редгрејв се смета дека е можеби и најголемиот британски олимпиец досега. Неговите достигнувања ги постагнале и Пал Ковач, Аладар Геревич и Бригит Фишер (Геревич и Фишер освоиле 6 златни медали на 6 различни Летни олимписки игри). Редгрејв исто така освоил 9 златни медали на Светските првенства.
Стив Редгрејв се оженил со Ан Калавеј во 1988. Ан исто така е спортистка во веслае која се натпреварувала во женскиот осмосед на Велика Британија на Летните олимписки игри - 1984 одржани во Лос Анџелес. Таа исто така била и шеф на медицинскиот тим на Велика Британија од 1992 - 2001.
Веслачка кариера
уредиРедгрејв е веслач со висина од 1m 95 cm и маса од околу 100 кг (кога е во полна натпреварувачка форма). Неговата форма била секогаш на врвно ниво, а тоа го покажувал и веслачкиот ергометар. Обично се натпреварувал во дисциплини со помош на секој веслач со едно весло, а најдобри резултати постигнал во двојка и четворка без кормилар, а со тек на време тоа го има сторено со различни партнери што го докажува неговиот квалитет.
Главна одлика на тимот на Редгрејв била стабилноста и добрата физичка подготвеност, со која се одликувале и конкурентите. Редгрејв не победувал со леснотија, напротив тој имал многу возбудливи и неизвесни трки до самата целна линија. На првите две победи на Олимписките игри, Редгрејв го освоил златото со предност помала од 2 секунди, но со тек на време неговата фаворизираност растела и тој успеал во најголем број случаи да испадне како победник.
Во 1997 година, во телото на Редгрејв е дијагнозиран дијабетис, па во последните години од својата кариера, тј мораше да внимава на својата исхрана пред настапите, а и во секојдневниот живот.
Олимписки игри
уреди- 2000 - злато, четворка без кормилар (со Метју Пинсент, Тим Фостер, Џејмс Крекнел)
- 1996 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1992 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1988 - злато, двојка без кормилар (со Енди Холмс)
- 1988 - бронза, двојка со кормилар (со Енди Холмс и Патрик Свини)
- 1984 - злато, четворка со кормилар (со Мартин Крос, Адријан Елисон, Енди Холмс, Ричард Баџет)
Светски првенства
уреди- 1999 - злато, четворка без кормилар (со Џејмс Крекнел, Ед Куд, Метју Пинсент)
- 1998 - злато, четворка без кормилар (со Џејмс Крекнел, Тим Фостер, Метју Пинсент)
- 1997 - злато, четворка без кормилар (со Џејмс Крекнел, Тим Фостер, Метју Пинсент)
- 1995 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1994 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1993 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1991 - злато, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1990 - бронза, двојка без кормилар (со Метју Пинсент)
- 1989 - сребро, двојка без кормилар (со Симон Берисфорд)
- 1987 - злато, двојка без кормилар (со Енди Холмс)
- 1987 - сребро, двојка со кормилар (со Енди Холмс и Патрик Свини)
- 1986 - злато, двојка со кормилар (со Енди Холмс и Патрик Свини)
- 1985 - 12-ти, поединечно весло
- 1983 - поединечно весло
- 1982 - 6-ти, четирикратно весло
- 1981 - 8-ми, четирикратно весло
Јуниорски светски првенства
уреди- 1980 - сребро, двојно весло
- 1979 - поединечно весло