Микронезија

регион во Океанија
Ова е статија за регионот во Океанија. За државата со исто име видете СД Микронезија.

Микронезија е регион во Океанија. Регионот е составен од илјадници мали острови во западниот дел од Тихиот Океан. Јужно од Микронезија се наоѓа Меланезија, додека источно е Полинезија. Името Микронезија е со старогрчко потекло што значи „мали острови“. Овој термин бил воведен во 1831 година од Жил Димон Дирвил.

Микронезија
Атол на Каролинскуте Острови.

Географија

уреди

Микронезија е регион кој вклучува околу 2100 острови со вкупна површина од 2,700 km2 (1,000 ми). Најголем остров е Гуам со 582 km2 (225 ми). Вкупната морска површина е 7,400,000 km2 (2,900,000 ми).[1]

Микронезија опфаќа четири островски групи:

и островот:

  • Науру, кој не е дел од погоре напоменатите островски групи.

Административна поделба

уреди

Островите се во состав на следните политичко-административни ентитети:

држава население (јули 2016)[2] површина (км2) густина на населениеy (/км2) урбано население животен век писменост службен јазик/-ци религија народи
  СД Микронезија 104.937 702 158 22% 71.2 89% англиски Христијани Чукци 48.8%, Понпејци 24.2%, Кошрајци 6.2%, Јапци 5.2%,останати островски народи 4.5%, Азијци 1.8%, Полинезијци 1.5%, други 7.8%
  Гуам (САД) 162.896 540 299 93% 78.2 99% англиски 38.3%, чаморски 22.2%[3] Христијани 85%, Будисти 3.6, друго 11.4% Чаморци 37.1%, Филипинци 26.3%, други народи од Тихиот Океан 11.3%, белци 6.9%, други 8.6%, мешани 9.8%
  Кирибати 114.395 811 152 44% 64.0 92% англиски, кирибатски Христијани Микронезијци 98.8%
  Маршалски Острови 53.066 181 293 71% 71.5 93.7% маршалски 98.2%, англиски Христијани Маршалци 92.1%, мешани 5.9%, други 2%
  Науру 11.347 21 480 100% 65.0 99%[4] наурскиf[›], англиски Христијани[5] Наурци 58%, други народи од Тихиот Океан 26%, Кинези 8%, Европејци 8%
  Северни Маријански Острови (САД) 55.023 464 113 91% 76.9 97% англиски, чамороански и каролински[6] Христијани Азијци 56.3%, народи од Тихиот Океан 36.3%, Белци 1.8%, други 0.8%, мешани 4.8%
  Палау 21,503 459 47 81% 71.5 92% палауански 64.7%d[›], англиски Христијани Палауанци 69.9%, Филипинци 15.3%, Кинези 4.9%, други Азијци 2.4%, белци 1.9%, Каролинци 1.4%, други Микронезијци 1.1%, други 3.2%
Вкупно 523.167 3,178

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди
  • Kirch, Patrick Vinton (2000). On the Road of the Winds. An Archaeological History of the Pacific Islands before European Contact. University of California Press. стр. 166–167. ISBN 0-520-22347-0.

Наводи

уреди
  1. Kirch 2001, стр. 165.
  2. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  3. „Languages of Guahan“, The Guam Website - Afa Adai, n.d., Архивирано од изворникот 23 December 2013, Посетено на 12 November 2010
  4. „Nauru“. TalkTalk. Tiscali UK Limited. 2010. Архивирано од изворникот на 20 June 2010. Посетено на 12 November 2010.
  5. „Nauru“. TravelBlog. TravelBlog.org. 24 August 2006. Посетено на 12 November 2010.
  6. „Commonwealth of the Northern Mariana Islands: Overview“. Office of Insular Affairs. U.S. Department of the Interior, Office of Insular Affairs. Архивирано од изворникот на 9 June 2007. Посетено на 12 November 2010.

Надворешни врски

уреди