Трст (италијански: Trieste, словенечки и српскохрватски: Trst, унгарски: Trieszt, латински: Tergeste и германски: Triest) — важен град и пристаниште во северна Италија на брегот на Јадранското Море со околу 205.000 жители,[1] во близина на границата со Словенија. Градот е административен центар на истоимената покраина Трст како и регионот Фурланија-Јулиска Краина.

Трст
Trieste, Trst
општина
Разни знаменитости на Трст: Плоштадот на Италијанското Единство, Големиот канал, српската црква, сокак во стариот дел, замокот Мирамаре и градскиот кеј.
Разни знаменитости на Трст: Плоштадот на Италијанското Единство, Големиот канал, српската црква, сокак во стариот дел, замокот Мирамаре и градскиот кеј.
Знаме на ТрстГрб на Трст
ЗемјаИталија
РегионФурланија-Јулиска Краина
ПокраинаТрст (TS)
ПоделоциБани (Бане), Барковље (Баркола), Базовица, Борго Сан Нацарио, Катинара, Ферлуги (Конконело), Контовел (Коновело), Грљан (Грињано), Гропада, Лоњер (Лонгера), Мирамар (Миарамаре), Опчине (Опичина), Падриче (Падричано), Просек (Прозеко), Криж (Санта Кроче), Шкедењ (Сервола), Требче (Требичано)
Управа
 • ГрадоначалникРоберто Конзолини (PD)
Површина
 • Вкупна84 км2 (32 ми2)
Надм. вис.&100000000000000020000002 м
Население (1 јануари 2011)[1]
 • Вкупно205.535
 • Густина2,400/км2 (6,300/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.34100
Повик. бр.040
Светец-заштитникСв. Јуст Трстјански
Слава3 ноември
Мреж. местоМатична страница

Трст денес е единствен град во Италија којшто се наоѓа на источниот брег на Јадранот, доста близу до Словенија и Хрватска. Градот е некој вид на „италијанска испостава“ во Југоисточна Европа. Во Трст и денес постои значајно словенечко национално малцинство, а во градот постојат и живи траги од останатите јужнословенски народи (Срби, Хрвати).

Трст исто така е и една од најважните пристаништа на бреговите на Средоземјето. Некогаш бил и „царско пристаниште“ на „Хабсбурговците“, а денес е најважно поморско пристаниште за внатрекопнена Австрија.

Положба на градот

уреди

Трст се наоѓа во крајниот североисточен дел на Италија, на самата граница со Словенија, која што го опкружува градот од југ и исток. на запад од градот се наоѓа Јадранското Море, а на север блиски врски со остатокот од Италија. Од престолнината Рим, Трст е оддалечен 670 километри, а од најблискиот поголем град, словенечката Љубљана 95 километри.

Природни одлики

уреди

Релјеф: Трст се развил во крајниот северен дел на Јадранското Море. Градот е сместен на местото каде што се наоѓа последните ридови на Динаридите спуштајќи се кон Падската Низина на запад. Падот на крајбрежните ридови кон морето е доста нагол, па затоа поголемиот дел од градот е главно ридаст. Единствено урбаното срце е сместено во приморските рамнини. Во околината на градот има многу предели со изразени варовнички облици на релјефот.

Kлима: климата во Трст е изменето средоземна клима со значајно влијание од континенталниот Север. Па затоа зимите се поостри, а летата се по благи отколку во другите делови на Италија. Како последица на овој судар на климите се јавуваат доста силни ветрови (бура)

Вода: Јадранското Море во овој дел е најладно и нема сина боја како во јужните делови. Копнениот водотек го нема поради варовничкиот релјеф.

Историја

уреди

Просторот на којшто се наоѓа денешен Трст бил населен уште од праисторијата имено во 3000 година п.н.е. овде се населило племето Карни. Во 177 година п.н.е. просторот го освоиле Римјаните и тогаш за првпат се спомнува денешното име на градот во обликот Tergeste. Подоцна градот припаѓал на Византија, потоа на царството на Франките, и на крај на нејзините наследници.

 
Трст во 17ти век

Во 1382 година Трст припаѓал на Хабсбурговците. Во првите пар векови нивни од нивната долготрајна власт градот го зачувал големиот степен на автономија. Во XVIII век развојот на трговијата во Трст бил рапиден, а со самото тоа Трст станува најважно пристаниште во служба на тогашниот царски град Виена, а со самото тоа Трст постепено ја губел својата автономија. Истовремено започнува и изградбата на поголеми градски пристаништа, а со самото тоа и започнала изградбата на современ град. Тогаш градот се здобил и со космополитски карактер, со доселувањето на луѓе од сите делови на Хабсбуршката монархија.

Трст до крајот на Првата светска војна имал голема италијанска, словенечка, хрватска, фурланска, но и германска и уште некои други народни заедници. Со стапувањето на шовинистичкиот режим на власт во Италија била во ситуација каде што имало големо иселување на неиталијанското население или нејзино присилно истерување. Единствено големиот број на Словенци успеале до денес да ја задржат својата национална свест.

Слободна територија Трст (1947–54)

уреди
 
Навлегувањето на Југословенската Армија во Трст
 
Трст и Зоните A/B

На крајот на Втората светска војна градот бил ослободен од страна на југословенските партизани, а потоа избила криза околу припадноста на Трст и околината. Односите помеѓу тогашна Југославија и Италија биле доведени до тоа ниво што дури имало и закани со војна. Треба да се земе во обзир фактот дека на Сојузниците не им било во интерес дека на Југославија треба да припаѓа еден таков економски и психолошки важен град како Трст. Меѓу западните сојузници бил силен ставот границите со Италија да се повратат во предвоена состојба. Во 1947, Трст бил прогласен за независна град-држава под протекторат на Обединетите Нации како Слободна територија Трст. Територијата била поделена на две зони, A и B, долж Моргановата линија воспоставена во 1945.[2]

Од 1947 до 1954, Зоната A била под американска и британска управа.

 
Враќање на Трст на Италија на 4 ноември 1954

Во окупираната Зона B, која била под управа на Милош Стаматовиќ, тогаш полковник во Југословенската народна армија, спаѓала територијата на северозападниот дел на полуостровот Истра, помеѓу реката Мирна и Дебели ’Ртиќ.

Во 1954, во согласност со Меморандумот од Лондон, најголемиот дел од Зоната A—вклучувајќи го и градот Трст—биле приклучени кон Италија, додека зоната и четири села од Зоната A (Плавје, Сподње Шкофије, Хрватини и Елерји) станале дел од Југославија, поделена помеѓу Словенија и Хрватска. Конечната гранична линија со Југославија и статусот на етничките малцинства бил договорен билатерално во 1975 со Озимскиот договор.[3] Оваа линија денес претставува границата помеѓу Италија и Словенија.

Како што е наведено пограничниот град без зависни области Трст во втората половина на XX век заостанал со развојот на остатокот од државата и губел население. Овој процес, иако ублажен во последните децении, до денес не е завршен.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1921 239,558—    
1931 250,17+4.4%
1936 248,307−0.7%
1951 272,522+9.8%
1961 272,723+0.1%
1971 271,879−0.3%
1981 252,369−7.2%
1991 231,1−8.4%
2001 211,184−8.6%
2009 Est. 205,507−2.7%
2013 204,849−0.3%
Source: ISTAT 2001

Во 2008 година Трст имал нешто преку 200.000 жители, скоро исто како и на почетокот на XX век, а за 50.000 помалку од пред половина век. Општото опаѓање на населението во текот на деценијата се одразува и на градското население кое е исклучително старо - просечен жител на Трст има 46 години. Природниот прираст во градот е вкупно 7,6%, најмалку од сите значајни италијански градови.

Градот денес има значително помала национална разновидност наспроти ситуацијата пред еден век. 94% од жителите се граѓани на Италија. Меѓу нив постои и значаен број на припадници на словенечкото национално малцинство, кои токму во Трст го имаат своето културно средиште. Останатите 6& се доселеници од сите краеви на светот, но најмногу од Балканот.

Во градот се зборува италијанскиот јазик, иако традиционално се користи доста посебна венецијанска варијанта. Словенечкиот јазик има статус на јазик на малцинството.

 
Главниот дел и градскиот кеј

Стопанство

уреди

Трст е најмногу познат како важно пристаниште. Посебно е важен за економијата во Австрија. Градското пристаниште го зазема поголемиот дел од градот. Последните децении вложено е многу во нејзиното оживување (изградба на нафтен терминал).

Трст за време на распаѓањето на „втората Југославија“ било важно „шопинг средиште“ за Југословените. Овде со децении се набавувала евтина западна роба. Меѓутоа, војните на југословенските простори, но и либерализацијата на пазарот скоро и да го уништила овој вид на економија.

Градски знаменитости

уреди

Трст го сачувал своето старо градско јадро од XVIII и XIX век. Трст по својот „северен“ изглед и правилната улична мрежа е потполно различен од другите јадра на италијанските градови, затоа што влијанието на „хабсбуршката архитектура“ бил значаен. Па така, Трст повеќе потсеќа на Виена отколку Венеција или Верона. Градот има голем број плоштади со многу цркви, палати, зданија и споменици. Поради стеснувањето зградите од Трст, па дури и оние кои се стари повеќе децении, имаат значителна катност.

Поврзано

уреди

Галерија на слики

уреди

Надворешни врски

уреди

Збратимени градови

уреди

Трст е збратимен со следните градови:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Вкупно постојано население на 1 јануари 2011 по пол и брачен статус. Покраина: Трст“. Национален статистички институт на Италија (ISTAT). 19 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2013-10-19. Посетено на 29 декември 2012. (англиски)
  2. „The Current Situation in the Free Territory of Trieste“ (PDF). CIA. 1948. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-07-17. Посетено на 21 June 2014.
  3. https://www.inps.it/docallegatiNP/Mig/Allegati/459Ex_Jugoslavia_Trattato_Osimo.pdf Предлошка:Bare URL inline
  4. „Збратимени градови на Грац“. Портал на Грац. Архивирано од изворникот на 2009-11-08. Посетено на 2010-01-05. (англиски)