ФК Висла Краков

полски фудбалски клуб

ФК Висла Краков е фудбалски клуб од Краков, Полска. Се натпреварува во Екстракласа, највисоко ниво на полските професионални фудбалски натпреварувања.

Висла Краков
ДржаваПолска Полска
ПрекарБелите ѕвезди
Основан1906
СтадионГрадски стадион во Краков, Краков, Полска
Капацитет43,269[1]
СопственикПолска Јакуб Блашчиковски
ПретседателПолска Давид Блашчиковски
ТренерГерманија Петер Хибала
ЛигаЕкстракласа
2020/21Екстракласа, 13-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Висла Краков е еден од најстарите и најуспешните фудбалски клубови во Полска, основан во 1906 година под името ТС Висла. Се наоѓа на третото место по бројот на национални титули освојувајќи го домашното првенство 13 пати само еднаш помалку од Гурник Забже и Рух Хожув кој со 14 титули се водечки клубови во земјата. Меѓутоа, Висла Краков е еден од најуспешните клубови во Полска кога се во прашање последните неколку години, освојувајќи го полското првенство 8 пати во периодот од 1999 година. Заедно со титулите во лигата, Висла исто така, го освојувала полскиот куп 4 пати. Висла исто така, може да се пофали и со успеси во европските натпреварувања и тоа пред сè во 1970-тите, достигнувајќи до четврт-финалето во Европскиот куп на шампиони во сезоната 1978-1979 и победувајќи во Интертото купот во 1969, 1970 и 1973 година.

Грбот на клубот претставува бела ѕвезда на црвена позадина врз која дијагонално се протега сина панделка. Основната боја на дресовите е црвена, но резервните дресови се со бела и сина боја. Својте домашни натпревари Висла Краков ги игра на Градскиот стадион во Краков кој има капацитет од преку 33.000 седечки места. Најголем соперник им е екипата на Легија Варшава.

Историја

уреди

Висла Краков е основана во мај 1906 година кога студентите од Средното пректично училиште во Краков, инспирирани од нивниот професор Тадеуш Лопушански, формирале фудбалски клуб.[2]

Стадион

уреди

Стадион на Висла е сместен на улицата Рајмонта 22 во Краков, Полска. Стадионот бил првично изграден во 1953 година и во моментов има капацитет од 34.000. Стадионот бил реновиран во 2010 година, за да биде надграден по елитните стандарди на УЕФА. Овој стадион, исто така, бил избран како резерва за Евро 2012 турнирот организиран од страна на Полска и Украина. Рекордот за најголема посета на стадионот од 45.000 гледачи бил поставен на 29 септември 1976 година кога Висла го победила Селтик со 2-0.

Стадионот исто така претставува тврдина за Висла, каде што тимот е особено тежок за победување. Вреди да се напомене дека Висла го држи рекордот за најмногу домашни натпревари по ред без пораз на сите времиња во европскиот фудбал. Серијата на натпревари без пораз започнала на 16 септември 2001 година, после поразот од Островјец Швјентокшиски и завршила после повеќе од пет години подоцна, кога на 11 ноември 2006 година, ГКС Белхатув ја победил Висла со 4-2. Бројот на натпревари во таа серија без пораз изнесувал 73, надминувајќи го поранешниот полски рекорд од 48 кој и припаѓал на Легија Варшава. Во текот на сезоната 2008-2009, Висла загубила бодови дома само на двапати; играјќи нерешено со ЛКС Лоѓ и биле поразени од страна на Лех Познањ.

 
Панорама на Стадионот Мијески, на кој Висла ги игра својте домашни натпревари.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Михал Мишкиевич
3   ОД Рафал Пјетжак
3   ОД Пјотр Земло
4   ОД Мацеј Садлок
5   ОД Бобан Јовиќ
6   ОД Аркадиуш Гловацки (капитен)
8   СР Алан Урига
9   СР Рафал Богуски
10   СР Денис Поповиќ
13   СР Кшиштоф Джазга
14   НП Зденек Ондрашек
15   ОД Адам Мојта
15   ОД Јакуб Бартош
Бр. Позиција Играч
19   СР Томаш Цивка
20   ОД Матеуш Зачара
21   СР Петар Брлек
22   ГМ Михал Бухалик
23   НП Павел Брожек
24   ГМ Лукаш Жалуска
26   ОД Ричард Гузмич
29   СР Кшиштоф Мончињски
34   ГМ Каспер Чоразка
36   ГМ Матеш Зајац
37   СР Гжегож Коциолек
41   ОД Јакуб Птак
88   СР Патрик Малецки

Познати поранешни играчи

уреди

Тренер

уреди

Титули

уреди

Домашни

уреди
1927, 1928, 1949, 1950, 1951, 1977–78, 1998–99, 2000–01, 2002–03, 2003–04, 2004–05, 2007–08, 2008–09, 2010–11
Вицешампиони (10) : 1930, 1931, 1936, 1948, 1965–66, 1980–81, 1999–2000, 2001–02, 2005–06, 2009–10
 
Витрината со трофеи на Висла Краков.
1926, 1966–67, 2001–02, 2002–03
Вицешампиони (6) : 1950–51, 1953–54, 1978–79, 1983–84, 1999–2000, 2007–08
2001
Вицешампиони (4) : 1999, 2004, 2008, 2009
2000–01.

Европски

уреди
1969, 1970, 1973

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Informacje“. wisla.krakow.pl. Архивирано од изворникот на 2015-12-10. Посетено на 20 November 2011.
  2. „Historia TS Wisła w pigułce“. tswisla.pl. Архивирано од изворникот на 2014-10-10. Посетено на 14 January 2012.