Културен Живот
Културен Живот е македонско списание за култура, уметност и општествени прашања, месечен орган на Културно-просветната заедница на Македонија и излегува по 10 броја годишно[1]. Првиот број на списанието се испечатил во Скопје во ноември 1956 година. Прв главен уредник бил Перо Коробар, а одговорен уредник Мето Јовановски. Извесен период главен уредник бил и Душко Калиќ (јули 1957 – септември 1959). Најдолго го уредувал Борис Вишински како главен уредник (од ноември 1959), а потоа како главен и одговорен уредник. Списанието објавува статии, поезија, проза, ликовни прилози, интервјуа и посебни прилози од драмската литература од домани и странски автори[2].
Наводи
уреди- ↑ „Kulturen zivot“ (англиски). National Library of Australia. Посетено на 2010-04-21.
- ↑ 30 години „Културен живот“ и 15 години „Македонска ревија“, „Културен живот“, XXXI, 1-2, Скопје, јануари-февруари 1986, 1-7