„Современост“ е најстарото македонско списание за литература, култура и уметност.[1] Основано е во 1951 година[2] како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“.

Историја

уреди

Првиот број на списанието „Нов ден“ бил пречекан со воодушевување и радост не само во круговите на новинарите, писателите и културните работници, туку и воопшто меѓу народот. Потврда за тоа е печатениот тираж од пет илјади примероци. Во првиот број излегла многу значајна статија од Блаже Конески, со наслов „Проблемите на македонската литература“. Всушност, овој негов текст претставува прв македонски манифест за нашата современа литература, со акцент дека македонската книжевност од почетниот период преку средновековната литература, заедно со современата македонска литература, претставува една заокружена литературна историја на нашиот народ.[3]

Уредници на „Нов ден“ биле: Димитар Митрев, Владо Малески[4], Блаже Конески[5], Славко Јаневски[6] и Коле Чашуле[7].

Првиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ излегол во април 1951 година,[8] во издание на Книгоиздателството „Кочо Рацин“, од уредниците на „Нов ден“ и претставува директен наследник на ова списание.[9]

Во периодот на книжевните полемики помеѓу реалистите и модернистите, „Современост“ било списание кое било сметано за гласник на првите. Главен соперник на „Современост“ во овој период било списанието „Разгледи“, сметано за гласник на модернистите.[10]

„Современост“ извршило големо влијание во унапредување и афирмирање на македонската книжевност во земјата и во странство. На страниците на списанието дебитирале голем број македонски автори, кои подоцна станале носители на македонската проза, поезија и драма (на пр. Стале Попов со расказите „Мице Касапче“ и „Петре Андов“ и други), но и автори според кои списанието се препознавало (на пр. Ацо Шопов, Димитар Митрев, Блаже Конески и други).

Значајни статии за македонската литература за првпат се појавиле во списанието „Современост“. Така, песните „Ангелот на Света Софија“, „Гугучка“, „Успивање на болно дете“, „Игра со дете“ и други познати дела од Блаже Конески биле оригинално објавени во различните броеви на „Современост“ од 1953-та година, потоа песните „Ветрот носи убаво време“, „Црно сонце“, првиот препев на третиот чин од драмата „Хамлет“ од Ацо Шопов и други дела.

Денес, списанието го издава издавачката куќа „Современост“ од Скопје со седиште на ул. Франклин Рузвелт бр. 8.[11]

Уредници и уредувачка политика

уреди

Главни и одговорни уредници на „Современост“ биле писателите и публицисти[12] [13]:

Дел од уредничките тимови на „Современост“ биле македонските писатели и дејци: Коле Чашуле, Васил Иљоски, Гого Ивановски, Гане Тодоровски, Цветко Мартиновски, Ташко Георгиевски, Мето Јовановски, Јован Бошковски, Миодраг Друговац, Томе Момировски, Ристо Аврамовски, Душко Наневски, Георги Старделов, Симон Дракул, Петар Ширилов, Благоја Анастасовски, Томе Саздов, Методи Манев, Виолета Мартиновска, Ранко Младеноски и други.

Денес, како уредници во списнието работат:[15]

Наводи

уреди
  1. „„Современост" – симбол за македонската книжевност“. Literatura.mk. 2016-05-25. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 2018-04-03.
  2. „Во НУБ одбележан јубилејот 65 години од списанието „Современост". Република Online. 2016-05-12. Посетено на 2018-04-03.[мртва врска]
  3. НМ (2020-11-26). „Списанието - темелник на современата македонска литература“. Нова Македонија. Посетено на 2022-01-28.
  4. „Владо Малески“. www.macedonium.org. Посетено на 2018-04-03.
  5. info@fakulteti.mk, Fakulteti.mk -. „На денешен ден е роден Блаже Конески“. FakultetiMK. Посетено на 2018-04-03.[мртва врска]
  6. „Автори: Славко Јаневски“. www.blesok.com.mk. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на 2018-04-03.
  7. „Автори: Коле Чашуле“. www.blesok.com.mk. Архивирано од изворникот на 2006-03-15. Посетено на 2018-04-03.
  8. Современост, број 3, 2023, стр. 1.
  9. Ковилоски, Славчо (2016). „„65 години списание Современост"“. Современост. 1: 7–11.
  10. „Интелектуална автобиографија (5) | okno.mk“. okno.mk. Посетено на 2018-04-03.
  11. Современост, број 3, 2023, стр. 134.
  12. „Современост“, списание за литература, култура и уметност. 1/2018: 2. април 2018. Отсутно или празно |title= (help)
  13. Современост, број 3, 2023, стр. 2.
  14. Современост, број 3, 2023, стр. 2.
  15. Современост, број 3, 2023, стр. 2.

Надворешни врски

уреди