Шеснаесетта македонска ударна бригада
Шеснаесеттата македонска ударна бригада била формирана на 6 октомври 1944 во с. Кучевиште, Скопско.[1] Била формирана од четири баталјони составени од борци на Осмата прешевска бригада, од Дванаесеттата бујановска бригада и 120 борци на Скопскиот и Шарпланинскиот одред.
Шеснаесетта македонска ударна бригада | |
---|---|
Активна | 6 октомври 1944 – 1945 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија Сремски фронт |
Команден состав
уредиКомандниот состав на бригадата го сочинувале:[1][2]
- Глигорије Шарановиќ, командант од 6 октомври 1944 година
- Вељко Ивковиќ, командант до 27 април 1945 година
- Блажо Илинчиќ, заменик командант од 27 април 1945 година
Политички комесари:
- Стево Вукановиќ, од 6 октомври 1944 година
- Светозар Јанковиќ - заменик на политички комесар
Началник на Штаб:
- Петар Струин (поручник на Црвената армија, кој пред тоа веќе осум месеци бил во редовите на НОВ)
Контраразузнавачки офицер:
Интендант на бригада:
- Ѓорѓи Илиќ
- Милан Давидовиќ - помошник интендант
Санитетски офицер:
- Милан Милошевиќ
Раководител на Скоевската организација:
Борбени дејства
уредиБила во составот на Кумановската дивизија до првата половина на декември 1944 година, и водела борби против балистите на Скопска Црна Гора, како и со единици на германската армиска група Е кои се повлекувале од Скопје преку Качаничката Клисура.[1] Во рамките на овие операции, бригадата активно учествувала во борбите за ослободување на Скопје. Од операциите на теренот: со диверзии ја затворила за премин Качаничката клисура, го одбила нападот на балистичките сили на 8 и 11 октомври, од заседа ги напаѓала германските колони на патот Скопје-Качаник во периодот од 19, 20, 21 и 28/29 октомври 1944 година. Следувале операции кај Карадак и Прешево, каде бригадата останала сè до јануари 1945 година.[1]
Била прогласена за ударна и формациски влегла во составот на Четириесет и втората македонска дивизија на НОВЈ, учествувајќи во пробивот на Сремскиот фронт. Уште во првите денови по доаѓањето во Белград, бригадата зела активно учество во борбите на Дрина, по што била реорганизирана и вооружена со ново советско оружје. На Сремскиот фронт бригадата била од 112 април 1945 година па сè до крајот на војната. По завршување на војната, бригадата со наредба на Генералштабот на Југословенската армија, на 27 јуни 1945 година од Босна била префрлена во Србија во реонот на Кралево, а потоа била префрлена во реонот на Нови Пазар, каде бригадата останала до октомври 1945 година. Оттаму бригадата заминала за Чачак и Горњи Младеновац каде останала до јаунари 1946 година, кога е распоредена во составот на единиците на КНОЈ.[1]
од оваа бригада загинале околу 440 борци и старешини, од кои околу 208 на Сремскиот фронт.[1]
Список на борци на бригадата
уредиНекомплетен список на борците на 16-тата македонска ударна бригада.[3][1]
Загинати борци од бригадата
уредиСписок на загинатите борци, изработен по сеќавање на преживеаните борци од истата бригада:[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 129-131
- ↑ Јовчев, Петар (1994). Шеснаесетта Македонска народноослободителна ударна бригада. Скопје: Одбор на секцијата на XVI МНОУ бригада - Архив на Македонија. стр. 53.
- ↑ Јовчев, Петар (1994). Шеснаесетта Македонска народноослободителна ударна бригада. Скопје: Одбор на секцијата на XVI МНОУ бригада - Архив на Македонија. стр. 217–234.
- ↑ Јовчев, Петар (1994). Шеснаесетта Македонска народноослободителна ударна бригада. Скопје: Одбор на секцијата на XVI МНОУ бригада - Архив на Македонија. стр. 235–241.
- 1.^ Некои од презимињата завршуваат на -иќ, бидејќи се зачувани од претходните години кога Македонија била дел од Кралството Југославија.