Темелко Стојановски

Темелко Стојановски ( 1920 во Јаболци, Скопско27 април 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. На 10 септември 1944 година стапил во Дополнителната бригада, а подоцна се префрлил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во успешните борби на Скопска Црна Гора и Косово, каде биле разоружани и ликвидирани заостанатите балистички банди. Потоа во близина на Белград ја завршил обуката во ракувањето со новоприменото оружје. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Загинал на 27 април, 1945 година во битката за ослободување на Дуго Село.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 139. На |first= му недостасува |last= (help)