Блаже Ѓуровски
Блаже Трајанов Ѓуровски ( 1924 во Белимбегово, Скопско — 6 декември 1944 во Качаничка Клисура, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство, а особено со производство на зеленчук. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Кон крајот на ноември и почетокот на декември учествувал во акциите за разоружување на балистичките банди, засолнати во непроодните делови по планините. Во една од тие акции на 6 декември 1944 година, храбро загинал во Качаничката Клисура. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани во родното село Белимбегово.[1]