Никодин Живановски
Никодин Тодоров Живановски ( 1919 во Глуво, Скопско — 12 април 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Никодин Живановски | ||
Роден | 1919 година Глуво, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април, 1945 година Шид, Србија | |
Почивалиште | Шид, Србија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиЗавршил основно училиште. Не можејќи да го продолжи образованието уште од рани години почнал да се занимава со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која се борела против балистите кај селата Чучер, Горњани и Бањани. Потоа учествувал во борбите против балистите и Германцит.е во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Скопје учествувал во разоружувањето на балистичките банди на Косово. На 12 април 1945 година заминал со Бригадата на Сремскиот фронт. Учествувал во пробивот на Сремскиот фронт и во јуришот храбро загинал. Беше закопан на борбената позиција, кај Шид.[1]