Здравко Киранџиски

Здравко С. Киранџиски ( 1925 во Бразда1945 во Славонска Пожега, Хрватска) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1]

Здравко Киранџиски
Роден 1925 година
Бразда, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1945 година
Славонска Пожега, Хрватска
Националност Македонец
Спомен-плоча за загинатите во НОБ во селото Бразда, на која се наоѓа ѝ името на Здравко Краџиски

Животопис

уреди

Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство.

По ослободувањето на Скопје стапил во 16 македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите за ликвидирање на преостанатите балистички банди. Потоа со 15 македонски корпус, заминал за Срем. Бил учесник во големиот пробив на германските позиции кај Шид - Товарник и во победата кај Славонска Пожега. Во тие борби тој храбро загинал. Бил закопан во Славонска Пожега, на позицијата каде штo загинал.[1][2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 75. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Стојановски - Цоњче, Бојко (1999). Скопско црногорие: од Бразда до Брњарци - III Книга. Скопје: "Гоце Делчев". стр. 23–24. ISBN 9989-35-022-1.