Живко Радевски
Живко Николов Радевски ( 1923 во Глуво, Скопско — 16 април 1945 во Банова Јаруга, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел како земјоделец. По ослободувањето на Скопје, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Косово да се бори во ликвидирањето на преостанатите балистички банди. Во составот на XV македонски корпус заминал за Срем, да учествува во завршните операции за ослободување на земјата. Во Срем завршил тримесечна воено-политичка обука. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. Потоа се борел за ослободување на Банова Јаруга, каде храбро загинал на 16 април 1945 година. Бил закопан на борбената позиција.[1]