Ацо Васил Коларов ( 1925 во Скопје8 мај 1945 во Загреб, Хрватска) ― македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]

Ацо Коларов
Роден 1925 година
Скопје
Починал 8 мај 1945 година
Загреб, Хрватска

Животопис уреди

Роден е во градско сиромашно семејство. Основно училиште завршил во Скопје, а потоа го продолжил образованието во гимназијата. Војната му го прекинала натамошното образование. Стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По борбите во Скопска Црна Гора и акциите за чистење на балистичките банди на Косово, со Бригадата заминал за Срем. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт и речиси во сите борби на Бригадата за ослободување на Срем и поголемиот дел од Хрватска. На 8 мај 1945 година близу Загреб, по заземањето на Дуго Село, тој храбро загинал.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 76. На |first= му недостасува |last= (help)