Томе Бојков Мацкинов ( 1925 во Љубанци, Скопско1944 во Чучер, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Томе Мацкинов
Роден 1925 година
Љубанци, Скопје, Македонија
Починал ноември, 1944 година
Чучер, Скопје, Македонија
Националност Македонец

Животопис

уреди

Произлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште. Материјално ги помагал партизанските единици, кои дејствувале во неговиот крај. Во септември 1944 година, стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која се прославила во борбите против балистите и Германците во Скопска Црна Гора. Учествувал во сите борби против балистите. Честопати се наоѓал во заседи против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Загинал во почетокот на ноември 1944 година, кај Чучерски Рид. Бил пренесен и закопан на скопските гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 214. На |first= му недостасува |last= (help)