Ариф Дураковски
Ариф Расим Дураковски ( 1927 во Скопје — 16 април 1945 во Банова Јаруга, Македонија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Бил општ работник. Веднаш по ослободувањето на Скопје стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во разоружувањето и дефинитивното разбивање на балистичките банди во Македонија и Косово. Со Бригадата подоцна заминал за Срем. По тримесечната обука во совладувањето на новото оружје и воената вештина, учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал на 16 април 1945 година, во борбите кај Банова Јаруга.[1]