Благоја Здравковски
(за другиот борец Благоја Здравковски, можете да прочитате овде)
Благоја Здравковски | ||
Роден | 1915 година Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 12 април 1945 година Мала Вашица, Србија |
Благоја Здравковски ( 1915 во Скопје — 12 април 1945 во Мала Вашица, Србија) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиРоден е во сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а потоа станал општ работник.
На 12 септември 1944 година заминал во НОВ и ПОЈ. Стапил во 16 македонска ударна бригада со која учествувал во сите борби против балистите и Германците од Македонија до Косово. Потем во составот на 15 македонски корпус, заминал за Срем. По успешното свршување на обуката за ракување со новото оружје, на 12 април 1945 година, учествувал во големиот победоносен пробив на Сремскиот фронт. Таму и го положил својот живот, кај месноста Мала Вашица.