Благоја Јованчев Паровски ( 1919 во Булачани, Скопско1944 во Љубанци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Благоја Паровски
Роден 1919 година
Булачани, Скопје, Македонија
Починал октомври, 1944 година
Љубанци, Скопје, Македонија
Починал во партизанската болница во Љубанци, каде бил донесен ранет од бојното поле.

Животопис уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Како симпатизер на народноослободителната борба, на 12 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби против балистичките банди и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Непосредно пред завршните операции за ослсбодување на Скопје, на патот за Качаник, во една борба против Германците бил тешко ранет. Од таму бил пренесен во партизанската болница во Љубанци каде подлегнал на раните. Бил закопан во селските гробишта во Булачани.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 228. На |first= му недостасува |last= (help)